DREAM TEAM – Студенти на месец февруари

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти кои што го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно се посвети, да биде активен на предавањата и уредно ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец ќе избираме по еден студент од секоја академија – студент што ќе се истакнува како најпосветен и најупорен и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец февруари:

 

Томислав Јовановски, студент на Академијата за Графички дизајн

Секојдневно учиме нови работи, но секојдневното делување кон целта е клучот за успех. Без него нема да забележиме промена. Секој ден е уште една шанса да одлучите на која страна ќе бидете. Како доста интересна работа на академијата можам да издвојам дека со секое ново предавање се надоградувам со нови знаења и вештини кои ги веднаш се искористени во секој следен проект.

Сите инструктори се максимално посветени и несебично ни го пренесуваат своето знаење за време на предавањата, па дури и надвор од нив секогаш ни стојат на располагање. Не би можел да направам некакво издвојување. По завршувањето на академијата очекуваниот резултат е да можам да одговорам професионално на барањата на клиентите во областа на графичкиот дизајн.” – ни кажа Томислав.

 

Тони Велковски, студент на Академијата за дигитален маркетинг 

Предизвикот да направам нешто за себе и моето семејство е основен двигател за да го менувам секој ден на подобро. Секако за да можам да го направам тоа, морам да учам. На почеток сме на академијата и секако очекувам многу интересни нешта.

Во овие поминати часови секој од инструкторите имаше многу интересни работи што ги научив од нив. Сите инструктори досега излегоа пред камера со сето свое знаење и искуство. И најважното, со искрена желба и не себичност да го пренесат тоа што го имаат. Упорен, комплициран и емотивен се трите зборови кои ме опишуваат и за 5 години од сега сакам да бидам подобар човек.” – ни кажа Тони.

 

Милош Нешковски, студент на Академијата за Full Stack програмирање

Амбицијата, желбата за напредок и сопствената афирмација се мојата најголема мотивација. Знаев дека можам, но научив дека можам многу повеќе опкружен со добра и посветена екипа. Мислам дека не е фер да издвојам било кој инструктор. Секој на свој начин ми дал насока и оставил белег на мене и сите ги почитувам. Доколку инсистирате би рекол Google!!!, ама според насоки од инструкторите.

Упорен, амбициозен, креативен се трите зборови кои ме опишуваат и за 5 години од сега сакам да бидам дел од тим на интелигентни и креативни луѓе како „senior full stack developer“ и проект менаџер за развој на идеи и апликативни решенија во софтверска или високо-технолошка компанија, а можеби и во сопствена компанија.” – ни кажа Милош.

 

Андреј Арсеновски,  студент на Академијата за Software testing

Би рекол дека мотивацијата доаѓа од постојаната љубопитност но и потребата да се остане релевантен во овој динамичен свет во кој живееме. За разлика од порано кога учењето било само фаза (формално образование), денес тоа е интегрален дел од животот. Општеството постојано се менува, па така и ние не можеме да се потпираме само на она што еднаш сме го научиле, туку мора постојано да работиме за да се адаптираме. При изучувањето на материјалот имав шанса да се запознаам со повеќе интересни работи. Една од најинтересните работи беше и користењето на практичните алакти при изучувањето на улогата на процесот на тестирање во софтверските системи. Часовите за изучување на овие алатки беа доста интензивни и овозможија практична примена на претходно изучениот материјал.

Мислам дека во било која индустрија најважната работа е тимот и соработката. Ако јас сега се потпирам на менторството на поискусните колеги, мојата амбиција е за 5 години од сега да бидам искусен професионалец кој успешно го споделува своето знаење. Би сакал да помогнам во градење на тимот, бидејќи успехот на тимот е успех на секој член, нели? 🙂” – ни кажа Андреј.

 

Виолета Трајкова Николоска, студент на Академијата за Data Science

Ме интересираат различни сфери за изучување, љубопитна сум по природа и сакам да учам. Како човек сметам дека треба да ги прегрнеме предизвиците и со нив да танцуваме. Светот постојано се развива и носи промени, и кон нив сум постојано отворена. Нашите деца ги подготвуваме за работните позиции кои денес не постојат и менувањето на кариерата ќе биде нешто на што се почесто ќе бидеме сведоци. Токму поради тоа, доживотното учење ми е животна определба и тоа треба да биде начин за реализација на нашиот потенцијал кој постојано низ промените што развојот ги носи, одново ќе го откриваме.

Со запишувањето на академијата се стекнуваме со нови знаења за тоа што сме одбрале да учиме, но и за себе. Можеби најитересното за мене е со дознав колку можам да бидам и упорна и истрајна. Сите инструктори без исклучок ги надминаа моите очекувања. Секоја чест за секого од нив. Сите се покажаа и докажаа и како одлични познавачи на својата област и како одлични методичари и предавачи. Академијата многу внимателно ги одбрала и својот лик го обезбедила преку нив. Сите предмети кои се изучуваат се целисходно скроени, постапно се преминува од една област во друга и, поради тоа, на секого најтопло им го препорачувам Браинстер како опција за надоградување на знаењата. Една работа која можеби никој не би ја претпоставил за мене е колку непроспиени ноќи сум и’ посветила на академијата. За 5 години сакам за бидам..подоброто од себе.” – ни кажа Виолета.

 

Филип Крстевски, студент на Академијата за Front-end програмирање

Мотивацијата доаѓа од секој нов предизвик, колку е поголем предизвикот толку е поголома мотивацијата да го завршам тој предизвик и да научам нешто ново, како во програмирањето така и во животот. Една од најинтересните работи што ја научив на академијата до сега се процесот на дизајнирање на една веб страна и нејзино изработување од самиот почеток и секако програмирањето во Javascript.

Не е возможно да се одбере еден инструктор бидејќи сите се трудат да не научат и да ни го пренесат своето знаење на најдобар можен начин. Но, ако морам да изберам еден тоа би била Благица. За 5 години сакам  да бидам Front-end developer. Професионален е-спорт играч.” – ни кажа Филип.

 

Софија Шутарев, студент на Академијата за UX/UI дизајн

Најголема мотивација ми е дедо ми. Како дете израснат во село во 1940-1950тите со тогашниот начин на живеење, отсекогаш сакал да се образува колку што може повеќе и успеал во тоа – завршил основно, средно, дури и факултет. Покрај сите негови цели и успеси, сметам дека немам никаков изговор да постојано не се надоградувам себеси. Има многу работи што ги научивме на академијата, но најинтересни ми беа алатките. Не очекував дека ќе успеам брзо да ги разберам и научам, но имаме феноменални инструктори кои секогаш сакаа да ни помогнат и да не научат колку што може повеќе.

Моментално сакам да уживам во овој процес на учење колку што можам повеќе, но искрено се надевам дека по завршувањето на оваа академија, ќе продолжам да работам во тим како UX/UI дизајнер на многу креативни проекти. Невозможно е да се издвои само еден инструктор. Сите се супер и имаат свој начин на предавање, а сепак успеваат лесно да го пренесат нивното знаење. Најмногу ги ценам нивните критики бидејќи се секогаш конструктивни и навистина се трудат да не мотивираат да го постигнеме својот потенцијал. Тврдоглава, креативна и веродостојна се трите зборови  кои ме опишуваат.” – ни кажа Софија.

 

Ова се студентите кои покажуваа ентузијазам, иницијатива и наоѓаа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување проблеми независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сѐ што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а воедно и останаа посветени кон достигнување на нивниот потенцијал. Своите проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација надминувајќи ги нашите очекувања!

На крај, сакаме да им кажеме фала на овие студенти кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како инструктори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.

 

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Related Stories For You

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!