Марија Димеска е алумни од Академијата за Full Stack програмирање којашто се вработи во IT компанијата ITgma веднаш по нејзиното завршување на Академијата. Во слободно време обожава да биде во природа, на планинарење или off-roading, а исто така, сака да испробува нови нешта и да го надградува своето знаење.

 

Дознајте повеќе за искуството на Марија како студент на оваа Академија и за нејзиното ново работно место

 

Здраво Марија, пред сè честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за себе.

Јас сум Марија Димеска, по професија програмер, а инаку алумни на Brainster – Академијата за Full Stack програмирање, каде што завршив пред околу 4-5 месеци. Програмирањето го засакав од првиот час по информатика каде што ги учевме основите на C++. Многу се заинтересирав и секое знаење со кое што се здобив од тогаш, беше насочено кон програмирање.

Затоа решив да се запишам на ФИНКИ, но по кратко време поминато таму, сфатив дека начинот на пренесување на материјалот не беше најдобар начин на кој што јас лично можам да научам, па решив да си земам една година off, каде ќе ги размислам своите следни чекори. Во таа година работев за плата, а не за професија, што ми даде добра перспектива за тоа што сакам да очекувам од идни вработувања и работни односи. За тоа искуство сум многу благодарна бидејќи ме насочи кон правецот по кој што сѐ уште се движам и се збогатив со lifelong пријателства.

 

Беше дел од Академијата за Full Stack програмирање, какво беше твоето искуство како студент? Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Како што кажав, се запишав и завршив на Академијата за Full Stack програмирање и тоа беа едни од најдобрите месеци што сум ги имала. Прво поради тоа што знаев дека во тие месеци си го градам почетокот на мојата професионална иднина, а потоа и заради дружбата со колегите, атмосферата на часовите, предавањата на инструкторите кои што беа целосно вложени за да сме доволно опуштени во кодирањето, за да го сфатиме цел материјал што ни е пренесен.

Пред запишување, ги разгледував повеќето академии кои што се нудат во Македонија и после читање на различни форуми и статии и консултација со алумни на Brainster, одлучив да се запишам тука и во ниеден момент не се преиспитав дали донесов правилна одлука. Така што, да, очекувањата ми беа исполнети и во текот на студирањето и после завршувањето, кога тимот на Brainster беше супер ангажиран за да нѐ спои со потенцијални работодавци  и да нѐ спреми за на интервју.

 

Која е најдобрата лекција што ја имаш научено на оваа Академија? Исто така, можеш да ни кажеш кој ти беше омилен модул, а кој модул ти создаваше предизвици и како успеа да се справиш?

Покрај сите технологии што ни беа пренесени, една од најдобрите лекции што ги сфатив во текот на студирање беше „добиваш колку што вложуваш“. Како што кажав, инструкторите беа секогаш достапни за да ни помогнат и покажат, ама тоа не е one-way street. Доколку се запишуваш и посетуваш академија, мора да си исто ангажиран да научиш, колку што се и тие што те учат.

Додека за модулите, најинтересни ми беа Laravel, и JavaScript. Никој од модулите не ми беше особено тежок бидејќи тоа што го учевме, со задачите и проектите што ги добивавме беа усогласени. Никогаш не добивавме екстра тешки проекти, каде што мораш да користиш некој материјал за кој што никогаш немаш ни слушнато, ама и не добивавме многу лесни проекти. Сѐ што работевме беше умерено предизвикувачки, со достапна помош, дали од инструктор или од Stackoverflow, your choice. 🙂 

Во врска со инструкторите, сите беа многу добро „потковани“ и со многу добри девелоперски искуства, ама морам да признаам, омилен инструктор ми беше Ивица Пешовски кој што ни ги пренесуваше MySQL, PHP и Laravel. Најмногу поради интересот и љубовта што ги имаше спрема технологиите коишто се гледаа уште од првиот час. Кога некој ти предава нешто што го сака, многу е поинтересно и полесно за учење.

 

Имаш присуствувано на хакатон, работеше на неколку проекти, колку овие работи те подготвија за real life работа?

Пред завршувањето на Академијата за Full Stack програмирање учествував на хакатон организиран од Brainster. Продуктот беше Digital Marketing Map of N. Macedonia кој Brainster го лансираше по неговата целосна изработка. Беше поделен во 3 викенди и во 3 посебни групи, од кои едната беше UX/UI дизајн, другата Front-end, и третата Back-end – јас, Александар, Игор, Никола и Кире, под менторство на Ивица, Анастасија и Стефан. Со хакатонот имав шанса да работам на модули коишто не ги користев многу во другите проекти, како API, автоматски мејлови, и новата верзија на Laravel.

Освен хакатонот, за време на студирањето ги работев трите проекти што ни беа дадени од Brainster, кои што ми помогнаа да го совладам дотогаш учениот материјал најдобро што можам, со умерено темпо и креативна слобода. Друг проект што го работев беше реален проект за клиент, исто под Brainster. Иако тој проект не се лансираше никогаш, многу научивме и од него. Научивме: како се пристапува кон проект, кои се првите чекори што треба да ги преземеме, колкава посветеност ни треба за еден проект да е успешен и како треба да комуницираме како тим.

Плус од проектите, работев и 20+ предизвици (мини проекти) со коишто секоја недела го подобрував знаењето што сум го стекнала дотогаш. Сето ова ми помогна да ја подобрам својата работна етика, навремено почитување на роковите и организацијата на работно време.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Full Stack програмирање успеа да се вработиш. Што се очекува од тебе на работното место?

Два месеци од завршувањето на Академијата за Full Stack програмирање, започнав со прака пракса во ITgma. Тоа е македонска IT компанија, која што е на пазарот 12+ години. Започнав како PHP девелопмент практикант и пред неколку недели ми беше понудена работна позиција како PHP девелопер. Во мојот тим има уште двајца алумни од Brainster, од кои со едниот, Виктор, заедно ја завршивме Академијата.

За сега, обврските не се многу големи што е и очекувано за junior девелопер. Се очекува желба и способност за надградување и учење на проектот на кој што работиме. Работиме со PHP framework кој што не го учевме на Академијата, но со PHP знаењето што го стекнав и помош од senior колегите, ми беше лесно да го совладам материјалот и да се вклопам во тимот.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кој дел од работата ти е омилен?

Работниот ден ми почнува околу 8-9 часот. Работиме од дома, така што не морам да потрошам саат плус на спремање за на работа, што е позитивна страна кај работа од дома. 🙂 Прво, се консултираме со колегите што треба да се работи тој ден, па си работиме на тасковите. Бидејќи сум нов член во програмерскиот свет, сѐ што е поврзано со работата ми е интересно, така што не би можела да одделам омилен дел. За тоа може да зборуваме за една година. 🙂 

После работно време, сакам да се опуштам малку, понастрана од екрани. Тоа ми е исто многу важен дел, за да можам следниот ден да имам концентрација и енергија за работа. Па, најчесто поминувам време со дечкото или другарките. Доколку сум во Скопје, сакам да одам на места каде што има board games или нешто како пинг-понг и билјард. Ако не ми се социјализира, готвам цела вечер. Е, во тоа сум најдобра. Така ме лажат од дома за да продолжам да им правам нови работи. 🙂 

 

Каде се гледаш себеси во иднина? (можеби си имаш поставено некоја цел за kick ass tech кариера)

Сакам да се надградам во знаењето што го имам. Да го проширам опсегот на технологии што ги знам. Сакам да учам Python понатаму, ама и за тоа има време. Ќе се размислува за 7-8 месеци, а најверојатно тоа би го направила во Brainster, на Академијата за Data Science. Колку и да звучи клише, во иднина најбитно ми е да сум задоволна со себе и со начинот на кој што го поминувам времето тука. Најверојатно тоа ќе продолжи да биде како програмер, ама ништо не е дефинитивно. I’ll just go with the flow.

 

Што би им препорачала на оние кои што размислуваат да почнат кариера во оваа област?

Да го преземат следниот чекор. Да бидат одлучни, сигурни и доследни во одлуката што ја носат. Доколку си спремен да учиш, информациите се насекаде. Живееме во време каде што сѐ ни е достапно и треба да го искористиме тоа. Јас, лично, имав одлично искуство со Brainster и би го препорачала на секој. Односно, веќе и го имам препорачано. Другарките кои што се одлучија да го прифатат мојот совет се многу задоволни од академиите кои што ги посетуваат.

Начинот на предавање, достапноста на инструкторите и проектите коишто ги работиме се одлична формула за стекнување на квалитетно знаење, со коишто ќе бидат спремни за real-life работа. Исто така, освен работа, многу е битен и персоналниот аспект на животот, нека не го занемарат и тој 🙂 и нека им е со среќа уписот.

 

Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија, преку темелната програма на нашата Академија за Full Stack програмирање.

Останаа уште неколку слободни места во последната група од овој уписен рок.

Побрзај и резервирај го своето место на време!