Зад секое софтверско или веб решение има тим од програмери кои го напишале кодот, но и тим од софтвер тестери кои истиот го провериле. Па, затоа за време на последниот викенд од најкраткиот месец – февруари, го организиравме првиот хакатон кој што ги сплоти силите и знаењата на студентите од Академијата за Software Testing.
Со цел да го доближиме искуството на студентите до реалното искуство во работна средина, организиравме Cross-Academy соработка. Поконкретно, проектите кои ги изработија студентите од Академијата за Front-End и Академијата за Full-Stack програмирање беа тестирани од страна на студентите од Академијата за Software Testing.
Нашите студенти – софтвер тестери беа дел од едно возбудливо искуство кое им покажа како е да работат под притисок, натпреварувајќи се помеѓу себе, поделени во парови, постојано во комуникација едни со други тестирајќи продукти и подготвувајќи извештаи за истите.
Проектот на којшто се работеше е Brainster Labs – веб платформа на која ќе бидат поставени сите изработени проекти од студентите од Академијата за програмирање, Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн.
Студентите од Front-End и Full-Stack ги изработија индивидуално своите проекти, согласно барањата на соодветната академија и ги доставија до студентите од Академијата за Software Testing, подготвени за тестирање.
- Брифинг
Процесот на тестирање започна уште во сабота наутро со брифинг за спецификациите на проектите и објаснување на задачата којашто студентите треба да ја завршат за 48 часа. Ова е неизоставен дел на секое тестирање на софтвер, со цел тестерите да ја организираат својата работа и да проценат кои тест дизајн техники да ги употребат во сценаријата кои ќе ги тестираат.
Студентите беа поделени во парови – по еден член од двете групи на студенти кои учествуваа на овој хакатон. На секој од паровите му стоеше на располагање ментор. Ова беше уште еден предизвик за нив – работа во пар со студент со којшто првпат се среќаваат и треба да работат, но со истиот одлично се справија и тимскиот дух беше на највисоко ниво во текот на целиот викенд.
- Менторска сесија
Откако студентите се запознаа со барањата на проектот започнаа со работа конкретно на проектите. Бидејќи работеа на реален проект за реален клиент, како задолжителен дел од програмата на секоја академија, тие имаа можност да ги надградат своите вештини и да го применат целото знаење стекнато од предавањата. Хакатонот траеше и во сабота и во недела, а во агендата на двата дена беа вклучени и менторски сесии, за секој пар студенти, каде што имаа можност да се консултираат со менторот околу сѐ што можеше да произлезе како дилема или предизвик во текот на работењето.
- Финална презентација
На крај на вториот ден од хакатонот, после работата во парови и менторската сесија, ја комплетиравме и крајната фаза на хакатонот, односно завршните презентации на bug report-ите кои студентите ги изработија.
По 48 часовната работа, студентите имаа задача да го презентираат своето решение пред претходно формирана комисија од ментори која имаше за цел да одбере најдобар пар студенти.
Со цел да ги мотивираме, но и да го разбудиме во нив компетитивниот дух за најдобриот пар студенти обезбедивме награда – карти за учество на реномираната регионална конференција за софтвер тестери SEETEST 2021.
Сите студенти одлично се покажаа, работеа неуморно во текот на хакатонот, па затоа изборот за најдобар пар се покажа како особено тежок дел. Сепак, два дена по завршувањето на хакатонот, по внимателна анализа на завршните презентации и доставените репорти, комисијата успеа да го одбере победничкото решение.
Во продолжение можете да прочитате дел од коментарите на студентите кои учествуваа на хакатонот:
Bорјанка Ценовска: Супер искуство, кое повеќе ме убеди дека сакам да работам како Software Tester.
Ивана Грујоска: Прекрасно искуство каде што сфатив колку имам научено до сега и на што треба дополнително да обрнам внимание. Добро е да има повеќе вакви денови на Академиите на Brainster, за да имаме можност да провериме до каде сме со совладувањето на материјата. Ова е методот на кој што најдобро се учи! Браво!
Матеј Минчев: Среќен сум што добив искуство за тоа што би ме чекало во иднина. 😀
Ирена Костеска: По завршување на хакатонот имам појасна слика за знаењето што го стекнав на Академијата и на кои работи треба да поработам во иднина, но најважно, посигурна сум од било кога дека ова е работата што сакам да ја работам. 🙂
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Останаа уште неколку слободни места во последната група од Академијaта за Software Testing овој уписен рок.
Побрзај со испраќање на твојата апликација и резервирај го своето место на време!