Стефан Шевченко е студент од Академијата за дигитален маркетинг, кој по само 4 месеци од стартот на академијата успеа да започне пракса во EKZ во Цирих. Тоа е фирма која што се занимава со производство на електрична енергија каде што Стефан реши да продолжи да го надградува знаењето добиено од нашата Академија.
Прочитајте повеќе што ни раскажа Стефан за неговото искуство како студент на Академијата за дигитален маркетинг:
За почеток неколку зборови за тебе – Кој е Стефан?
Стефан Шевченко е 25 годишен дипломиран маркетер кој своето маркетиншко знаење реши да го прошири преку Brainster Академијата за дигитален маркетинг. Истовремено сум голем фитнес ентузијаст, а за многумина исто доста познат како поранешен професионален гејмер.
Моментално си студент на Академијата за дигитален маркетинг, раскажи ни какво е твоето искуство како студент?
Искрено, немав преголеми очекувања за целата Академија, со оглед на тоа што очекував само основни знаења во врска со сите канали и алатки да бидат пренесени од страна на менторите. Ова испадна сосема погрешно, со оглед на тоа што во мои очи јас и целата моја група добивме многу повеќе од само основи. Исто така, многу ми е драго што веднаш стекнатите вештини успеав да ги имплементирам во вистински проекти за вистински луѓе.
По само 4 месеци на академијата започна со пракса во Цирих. Честитки! Како изгледа еден твој работен ден?
Ти благодарам за честитката. Типичниот ден ми започнува прилично рано, со оглед на тоа што вежбам сабајлечки пред работа и навечер. Што се однесува до самата работа, поради целата пандемија морам да работам од дома и имам средби со тимот на секои 2 недели во самата централа на фирмата. Го поддржувам маркетинг тимот во скоро сите активности со кој што тој се бави во текот на неделата или пак месецот.
Имам прилично голем спектар на активности со кои што се бавам на дневно ниво. Анализа на сегашниот пазар во соработка со sales тимот, генерирање лидови за истиот sales тим, оптимизирање и креирање на нови кампањи на нивните комуникациски канали, како и смислување на content во комбинација со добар copywriting.
За време на Академијата постојано работевте на реални проекти. Беше дел од тимот кој работеше на проектот за OurMind. Како овие проекти придонесоа во развојот на твоите вештини?
OurMind е проект со кој што поминав скоро се што може да покрие еден маркетер. Почнувајќи од самите основи на креирање на маркетинг стратегија, осмислување на приказна на самиот бренд, па се до лансирање на самиот проект и креирање на соодветни кампањи за самата публика на соодветните комуникациски канали. Тоа се само мал дел од големиот број на активности кој јас и моите колеги, со кој што скоро на секојдневно ниво се слушавме, заедно ги поминавме. Сè уште работиме на истиот тој проект, и сè уште сите заедно се надградуваме како дигитални маркетери.
Што до сега претставуваше најголем предизвик за тебе?
Самиот си имав зацртано дека сакам да ја усовршам Google Ads платформата. Па, затоа не би рекол дека имав некој екстерен голем предизвик, туку напротив најголемиот предизвик беше оној кој сам на себе си го дадов, а и во крајност го исполнив.
И за крај, што би им препорачал на оние кои што размислуваат да започнат кариера во дигиталниот маркетинг?
Никогаш нема да знаат додека самите не се испробаат. Факт е дека секој човек мора да се пронајде во зададена професија за да ја работи со љубов, а доколку не се испробаат никогаш нема да знаат дали светот на маркетингот е за нив.
Поради голем интерес се отвораат нови групи во мај!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!