Марија Коцева е студент на Академијата за Software Testing која покрај тоа што е на половина пат до крајот на оваа Академија својата кариера ја започна во IT компанијата Fueloyal како практикант.
Fueloyal е компанија која е една од лидерите во областа на Automotive IoT and Connected Vehicle solution provide и моментално покрива повеќе од 1 милион connected IoT уреди и клиенти во 16 различни држави. Воедно, ова е и компанијата каде што Марија ќе ги надградува своите вештини стекнати од Академијата за Software Testing.
Прочитајте повеќе што ни кажа Марија за нејзиното искуство како студент на оваа Академија и за нејзината практикантска работа
Здраво Марија, раскажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво, здраво!
Отсекогаш ми било малку тешко да зборувам за себе, но ќе почнам од она што без грешка можам да го кажам, а тоа е дека во моментов сум студент на Академијата за Software Testing, практикант во Fueloyal, дипломиран криминалист, Магистер по правни науки, со желба за постојано учење и надградување на самата себе. Она што другите би го кажале за мене е дека сум многу упорна, неуморна, комуникативна, лојална и позитивна.
На што се должеше твојот избор да се запишеш на Академијата за Software Testing?
Се запишав на оваа Академија бидејќи сакав да направам кариерна промена и да влезам во IT секторот. Со оглед на тоа што бев тотален почетник, стравувањата ми беа големи, но желбата уште поголема. Изборот на Brainster беше единствената и конечна одлука бидејќи додека ги правев истражувањата за академиите, сфатив дека тестирањето на софтвер е идеалната професија за мене затоа што сметам дека ги поседувам сите карактеристики на еден добар тестер со тоа што ја сфаќам важноста на добро и навремено тестирање на продуктот.
Со оглед на тоа што си на половина пат до крајот на Академијата, како си поминуваш на предавањата? Што ти претставува најголем предизвик и како се соочуваш?
Програмата којашто ја учиме е сеопфатна и многу обемна, бара премногу работа, но резултатот секогаш го засенува напорот. Сѐ уште како првачиња со нетрпение чекаме да почнат предавањата. Некои се поинтересни, некои полесни, а некои се тешки и многу напорни. Се радуваме на квизовите и на практичните вежби кои се доста креативен и ефективен начин на учење. Меѓу другото се стекнав и со нови пријателства за кои сум премногу среќна.
Како што кажав, како целосен лаик, целиот процес за мене беше предизвик. Но, многу брзо се прилагодив и лесно се пронајдов. Предавањата се креирани да може секој, од било која професија, со било какво предзнаење или незнаење, без проблем да може да ги следи и да ги совлада.
Менторите со нивната постојана достапност, начинот на предавање, пренесувањето на искуството и вежбите, ни го олеснуваат целиот процес. Огромен предизвик беше „Објектно ориентирано програмирање“, иако малку потешко за мене, успеав да го совладам со доста непреспиени ноќи, прерипани оброци, мнооогу вежбање и консултации со менторот – Андреј. 🙂
Дефинитивно најголем предизвик ми беше Хакатонот кој што беше организиран викендот на крајот на месец февруари. Хакатонот се состоеше од работа на неколку проекти во исто време, коишто требаше да бидат завршени за само 2 дена и целодневно дружење со луѓе кои делат иста пасија со тебе.
Започна да ја градиш својата кариера како практикант во фирмата Fueloyal, а сѐ уште си наш студент. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
Кога дознав за огласот на Fueloyal, само што го имав завршено модулот за мануелно тестирање, но знаењето и праксата која што ја добив на Академијата ми даде доволно самодоверба да аплицирам за позицијата. Сметав дека е одлична прилика да работам на реални проекти и да го применам сето она што го имав научено до тогаш.
Првата фаза на селекција беше иницијално интервју кое се состоеше од мое претставување и неколку стручни прашања.
По успешното интервју, следеше домашна работа која што требаше успешно да се изработи и презентира. Оние што имаа поминато најдобро на таскот, меѓу кои бев и јас, имаа уште едно финално интервју, по кое следеше понудата за internship, која со радост ја прифатив.
Кажи ни нешто повеќе за оваа компанија и кои се твоите обврски како тестер?
Fueloyal е американска компанија, со главно седишто во Чикаго, Илионис, со развојни тимови во САД и Европа, меѓу кои е и тимот во Македонија, каде што сум јас. Компанијата е основана во 2015 год, и е еден од лидерите во областа на Automotive IoT and Connected Vehicle solution provide, којашто моментално покрива повеќе од 1 милион connected IoT уреди и клиенти во 16 различни држави. Клиентите кои ги покрива се: Toyota, Lexus, Maintaier, Deutzfahr, AutoNation, Heineken, TrackMais.
Quality Assurance Intern е позицијата за којашто аплицирав и на која што сум примена, бидејќи покрај тоа што сме тестери и ги наоѓаме и репортираме баговите, од нас се бара постојано да даваме предлози за подобрување на квалитетот на софтверот.
И покрај тоа што во Brainster добивме одлична основа, од нашиот ментор соодветно добиваме и дополнителен тренинг и на други теми, постојан feedback за нашата работа и голема поддршка и мотивација.
За мојата подготвеност говори и тоа што, за помалку од еден месец, веќе почнав да работам и на реални во проекти, коишто се доста интересни. Од нив добив одлично искуство, но во исто време и нашата работа носи бенефит за компанијата.
Тимот е одличен, секогаш имаме добра атмосфера за работа, работиме на супер интересни и иновативни проекти и морам да признаам одлично се вклопивме во development тимот. Секој ден ми е потврда дека сум направила одлична одлука со приклучување на Brainster Software Testing Academy.
За крај, што би им препорачала на сите што сакаат да станат идни software тестери?
Во полето на едукација, Brainster е најдоброто нешто што ми се случило и топло ја препорачувам Академијата на секој кој сака да направи промена во својот живот. Морам јавно да се заблагодарам на Brainster, затоа што знае да препознае квалитет, да го награди трудот и да овозможи многу соништа да станат реалност.
За сите што би сакале да станат софтвер тестери би им препорачала да не размислуваат – You can do it!
И за крај, to conclude, I would say, software testing is a passion-driven profession. Whether you choose it by chance or by choice, you can always excel if you want to.
Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија преку темелната програма на нашата Академија за Software Testing.
Останаа уште неколку слободни места во последната група од овој уписен рок.