Присуството на Хакатони знае да биде навистина предизвикувачки процес и на почеток да звучи застрашувачки за неговите учесници. Всушност, вистината е сосема друга, а тоа е дека Хакатоните се забавни и опуштени настани каде што можете да научите многу од останатите учесници, да го покажете целокупното знаење стекнато од Академијата градејќи и дизајнирајќи корисен продукт.
Бидејќи работата на реални проекти за реални клиенти е задолжителен дел од програмата на секоја Академија на Brainster, со цел да се подобри искуството на студентите, овој месец започна најголемиот Хакатон досега организиран којшто претставува Cross-Academy соработка.
Поконкретно, Хакатонот на Академијата за графички дизајн започна првиот викенд од месецов, каде што студентите беа задолжени да го направат целиот бренд идентитет, името и логото на проектот, па наредниот викенд продолжи на Академијата за UX/UI дизајн и задачата на студентите беше да се погрижат за изгледот и функционалноста на продуктот.
Согласно спецификациите на овој Хакатон, студентите беа поделени во тимови и на секој од тимовите му беше доделен ментор којшто им беше на располагање за прашања, совет и поддршка. Тие имаа задача во рок од 48 часа да го изработат и презентираат своето финално решение.
Проектот на којшто се работеше овој Хакатон е „White Noise for Productivity Boost“ – платформа каде што секој ќе има можност бесплатно да се вклучи и да си пушти одредена мелодија додека работи. Целта на овој проект е да се зголеми продуктивноста и креативноста на луѓето коишто работат од дома поради настанатата ситуација со Ковид-19 пандемијата и да направи да не се чувствуваат осамено.
По завршувањето на Хакатонот на Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн, соработката помеѓу Академиите продолжува понатака. Наредниов викенд на Академијата за програмирање, студентите ќе се погрижат за дополнителен развој на продуктот и негово усовршување, додека пак студентите од Академијата за дигитален маркетинг ќе имаат задача да направат целосна дигитална маркетинг стратегија.
Во продолжение може да прочитате за атмосферата на Хакатонот, за искуството на студентите и предизвикот со којшто тие се соочија. Тимот од Академијата за графички дизајн и тимот од Академијата за UX/UI дизајн заедно со менторите ќе ви го објаснат целиот процес низ кој мора да се пројде кога се работи на реален проект, за да се стигне до финалното решение.
Прочитајте што ни кажа победничкиот тим од Академијата за графички дизајн за нивното искуство на Хакатонот:
Александар Стојчески: Сѐ се случи многу брзо. Известувањето дека ќе се одржи Хакатон, потоа формирањето на тимовите и почетокот со работа. Дефинитивно борбата со времето беше еден од најголемите предизвици, но тоа ни даде искуство за следните проекти. Тимскиот дух, тимската работа е клуч на успехот. Секој имаше свое решение, секој се бореше да направи нешто плус, за на крај сите заедно да го избереме најпрецизното решение.
Филип Мирчески: Времето кое го имавме за да го изработиме проектот дефинитивно беше голем предизвик, но од тука произлезе и целата забава. На оние коишто се следни да одговорат на предизвикот би им препорачал да одвојат време од денот и да се посветат максимално, да видат како ќе течат работите и како ќе се вклучи нивниот дизајнерски ум.
Емилија Делоска: Искуството да работиш во тим е одлично. Имавме премногу енергија и воедно добра мотивација од нашите ментори. Мој совет до студентите е да не се откажуваат од она што им е дадено за толку краток временски период, затоа што од таму произлегуваат најдобрите резултатите. Се разбира, доколку се посветите максимално.
Ања Андевска: Како најголема поука или лекција од работата на овој начин, дефинитивно би била организацијата и поделбата на задачите кога се работи во тим, при што под притисок, без простор за одложување, се добиваат одлични резултати. Работевме континуирано и тимски, а сето тоа се исплатеше на крајот.
Алек Димитриевски: Реално, имавме добра конкуренција од другите групи. Феноменални дизајни се презентираа скоро од секоја група, но, она што нѐ издвои, верувам, беше пичот. Односно, начинот на кој самиот дизајн беше претставен. Се бодревме и подржувавме за секој добар потег, но тука бевме и да си дадеме критики и поправки за некои од дизајните кои на крајот не завршија во финалната презентација. Менторите од друга страна, ни помогнаа да донесеме клучна одлука во моментите кога мислењето ни беше поделено
Студентите од Академијата за UX/UI дизајн за нивното искуство на Хакатонот ни го споделија следново:
Мајда Максут: Со тимот имавме одлична соработка уште од самиот старт и бевме дел од долга сесија на бреинсторминг на идеи. Секој од нас имаше различни замисли за реализација на проектот, за на крај да најдеме заедничко решение за коешто сите верувавме дека е добитното. Строгиот дедлајн ни помогна во брзите одлуки, како и големата мотивација и возбуда што ја чувствувавме за тие 48 часа. Ако нешто би извлекла како лекција, тоа е дека со добра координација може да се постигне сѐ, па дури и за само 48 часа.
Симона Ѓошева: Иако бевме добро запознаени со тоа што значи да се работи на проект за Хакатон и бевме возбудени за предизвикот, кога ќе започнете да работите на проект што трае само 48 часа, ќе го почувствувате вистинското значење на времето и секоја помината минута. Покрај тоа што времето е кратко, предизвик е и комуникацијата во тимот, но сметам дека нашата меѓусебна толеранција беше клучна за добро функционирање низ целиот процес.
Мила Митровска: Принципиелноста е многу важна. Добрата навремена организација на тимот прави добар продукт. Менторот и комуникацијата со него беа (како што би рекол он) одлично дечки! Мојот совет до студентите коишто се следни да одговорат на предизвикот – 48 часовен Cross Academy Хакатон е: Да веруваат во себе! Да не губат надеж кога ќе ги фати паника и да спремат многу кафе!
Филип Димков: Најмногу се посветивме на Radio Player, да биде simple design за корисникот, брзо да селектира звуци и да продолжи со работа. Сите тимови имаа многу убави решенија кои целосно беа комплетирани за многу кратко време. На моменти беше предизвикувачки процес и кога ни заглави работата и немавме идеја како да продолжиме, тука беше Јане да нѐ мотивира да го завршиме проектот.
За крај, поразговаравме и со менторите за искуството со кое се стекнуваат студентите додека работат реален проект за реален клиент на Хакатон и што сметаат дека е клучно за успешно да го сработат својот проект
Александар Нофитоски: Студентите на Хакатон проектите се стекнуваат со искуство кое е од доста големо значење за еден дизајнер во неговата професионална кариера, а тоа е да знаат брзо да реагираат, развиваат идеи и брзо да ги решат барањата на клиентот во даден рок. Голем предизвик на самиот Хакатон е да се работи на проект кој треба да биде завршен за кратко време и истиот да биде презентиран пред клиент.
Самиот Хакатон им овозможува на студентите да функционираат во тим што е клучна работа за да може да видат како изгледа работата на проект кој треба да го презентираат заедно со своите колеги, а при тоа сите да развиваат или градат иста идеја или решение.
Клучната работа за успешно да се сработи проектот за Хакатон, е тоа што секој од студентите треба да си го знае својот дел од работата и да се придржува според работата која му е доделана во координација со другите колеги од тимот.
Исто така, многу важна работа е меѓусебната комуникација со колегите, развивање на идеите кои ги разменуваат меѓу себе и проверка на работите кои ги работи секој од нив поединечно. Со Хакатон проектите, студентите учат за тимската работа, роковите кои мора да се испочитуваат и тоа како секој од нив треба да го дизајнира својот дел од работата, за да на крајот презентираат проект кој ќе ја задржи истата идеја, визуелен изглед и комуникација.
Златан Мујчин: Хакатонот за студентите претставува прилика да искусат како реално се работи, како да соработуваат и работат како тим, да разберат дека скоро никогаш нема да се случи да работат во идеални услови, со сите информации кои сметаат дека им се потребни. Најбитното што како искуство треба да го добијат е дека целта е да се испорача најдоброто решение што тимот може да го изработи во даденото време, со информациите што ќе ги добие и со капацитетот што го има тимот.
Претпоставувам дека за да се зголемат шансите за успех би помогнале: подобри препораки за организација на времето и распределба на работата меѓу членовите на тимот, можe дури и преку hackaton kick-off meeting на кој ќе им се презентираат материjалите и предлог распоредот на време и работа, предуслов би било да го стандардизираме Хакатон процесот во поголема мера.
Дополнително, сметам дека од голема помош би им било предлог за како да анализиираат, споредуваат и одлучуваат кога имаат повеќе различни дизајни изработени од еден или повеќе членови на тимот. Приметив дека тогаш се губи премногу време.
Јане Наумоски: Студентите на Хакатон учат како е да се работи во тим со други дизајнери, на проект кој е со краток временски рок. Имаат интервју со реален клиент и вистински крајни корисници. За краток рок всушност го поминуваат цел процес, за на крај да презентираат пред клиентот.
Исто така, учат како да си даваат конструктивни критики меѓу себе. Клучно за студентите успешно да сработат еден реален проект е деталното истражување, добрата комуникација меѓу сите членови од тимот, поделбата на работата и организирањето на времето.
На Академијaта за UX/UI дизајн и Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Останаа уште неколку слободни места во последните групи на Академијaта за UX/UI дизајн и Академијата за графички дизајн овој уписен рок.
Побрзај со испраќање на твојата апликација и резервирај го своето место на време!