It’s back-to-school season 🎓

Како што заоѓа летното сонце, на хоризонтот се наѕира ветувањето за нов почеток. Ова е сезона на трансформации, момент кога се збогуваме со „мрзливите“ денови и поставуваме нови цели.

Започнувањето на нова кариера е посветеност на континуирано учење. Секој ден станува можност за стекнување нови вештини и знаења, а воедно и претставува можност за личен и професионален напредок.

Во најновиот Brainster билтен ќе прочитате за последните Brainster новости, извонредните достигнувања на студентите, реалните проекти на кои работеа, како и за новите партнерства.

Важна вест: Last-Call Early Bird понудата за Brainster Академиите завршува на 17 септември!

 

Во продолжение, прочитајте повеќе за последните новости од Brainster

 

 

  • Brainster се приклучи во друштвото на ТОП 500 најуспешни компании во Македонија! 

Сертификатот за „Бизнис лидер во Македонија за 2022 година“ е признание за извонредните перформанси на нашата организација во текот на претходната година. Ова ја потврдува нашата силна позиција на пазарот, меѓу најуспешните 0.7% компании во земјата според остварена вкупна годишна нето добивка за 2022.

Покрај ова достигување, веќе трета година по ред се стекнуваме и со сертификатот за деловна успешност кој се пресметува врз основа на 18 параметри за успешност и ликвидност (финансиски извештај) и солвентност на компанијата. Овие успеси немаше да бидат реалност без нашата Brainster и Brainster Next College заедница – студентите, тимот, инструкторите, професорите и партнерските компании со кои заедно создаваме квалитетно образование за вработување. Ви благодариме!

 

 

  • Дали сте подготвени да бидете дел од иднината на образованието? 

Brainster заедницата расте и упатуваме покана до талентираните професионалци да ни се придружат во создавањето на квалитетно образование за вработување! Воедно, имаме отворени огласи за 24 нови работни позиции, од кои 4 за вработени со полно работно време и 20 позиции за инструктори и професори. Дознај повеќе како:

 

 

  • EmbedSocial – партнерот кој ни вработи 3 Brainster студенти

Brainster има нов партнер за вработувања – успешната компанија EmbedSocial, платформа развиена од македонски тим со глобално присуство, која во моментот ја користат над 250.000 корисници од целиот свет. Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Никола Бојков – CEO на EmbedSocial, кој ни раскажа повеќе за приказната на компанијата и партнерството со Brainster. Дознај повеќе!

 

 

  • Со реалните проекти добивме одличен квалитет, уникатни идеи и решенија

Brainster има нов партнер за реални проекти, една од најпознатите македонски винарии – Stobi Winery – Винарија Стоби. Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Елена Вришку – маркетинг менаџер во Винарија Стоби, која ни раскажа повеќе за приказната на винаријата и партнерството со Brainster, како и за проектите на студентите кои ги изработија изминатиов период. Дознај повеќе!

 

 

  • Партнерството кое го склучивме е резултат на довербата која ја имаме во неформалниот образовен процес кој го нуди Brainster

Brainster има нов партнер за вработувања – софтверската компанија изградена на силни принципи, Ultrasoft Systems чии продукти ги користат компании од Швајцарија и Германија. Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Дилавер Алиоски – извршен директор на Ultrasoft, кој ни раскажа повеќе за приказната на компанијата и партнерството со Brainster, како и за нашите студенти што се вработија кај нив изминатиов период. Дознај повеќе!

 

 

  • За да бидеш успешен претприемач, треба да го разбираш секој сегмент од бизнисот

Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент. Во првиот блог од овој серијал, имате можност да ја запознаете Натали Ристовска – студент на Академијата за лидерство и менаџмент, а воедно и Co-founder & Creative Director на Yova – првиот македонски моден етички бренд кој рачно изработува модни додатоци со техника на хеклање/плетење и без создавање на отпад. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение за Healthy Life Skills

На Академијата за графички дизајн теоријата се среќава со праксата, а студентите работејќи на реални проекти за реални клиенти ги користат софтверите и алатките кои ги изучуваат. Последниот предизвик со кој се соочија студентите беше креирање на лого и визуелен идентитет за клиентот Healthy Life Skills. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение за клиентот Velnes.mk

Студентите од Академијата за Project & Product менаџмент работеа на реален проект за реален клиент и креираа одлични решенија. Тие имаа задача да направат подготовка на продукт менаџмент план за клиентот Velnes.mk. Дознај повеќе!

 

 

  • Дигиталниот маркетинг е клучен елемент за успешноста на секој бизнис

Студентите на Академијата за дигитален маркетинг постојано работат на реални проекти за реални клиенти, каде што ги користат сите новостекнати знаења и вештини. Нивната последна задача беше креирање на бренд стратегија за клиентот Impala Research. Дознај повеќе!

 

 

  • Академија за човечки ресурси – Завршен проект: Merakzy

Со цел да ја комплетираат програмата на Академијата за човечки ресурси, студентите имаа предизвик да ги изработат своите завршни проекти. Нивната задача беше да креираат HR стратегија за компанијата Merazky под менторство на инструкторите Викторија Дамчевска, Александра Тасевска и Билјана Алампиоска. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение за Извор

Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да работат на реален проект за реален клиент и да креираат Landing Page за организацијата Извор. Од страна на студентите беа понудени многу креативни решенија, но по презентацијата пред клиентот, победничкото место ѝ припадна на Елена Колега. Дознај повеќе!

 

 

  • „Еден ден во животот на…“

Го создадовме блог серијалот „Еден ден во животот на…“ за да претставиме како изгледа еден ден во животот на нашите алумни студенти и инструктори кои се вработени во едни од најперспективните професии на денешниците. Откриј како изгледа:

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Христина Младенова, Бранкица Јаневска и Емир Адеми кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

 

  • Запознај го тимот на Brainster!

Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Во овие блог објави, ќе ги запознаеш:

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️