Осум и пол месеци исполнети со максимална посветеност, многу self-paced предавања, проекти и вежби поминаа многу брзо за студентите од Академијата за човечки ресурси.

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за човечки ресурси имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да изградат HR стратегија за реален клиент.

Под менторство на нашите инструктори Викторија Дамчевска, Александра Тасевска и Билјана Алампиоска, тие со максимална посветеност и многу труд, работеа на реален проект за клиентот Merakzy.

Во оваа блог објава, ќе ја запознаете Ева Костовска чие решение го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот.

 

Си поразговаравме со Ева за нејзиното искуство на Академијата и работата на овој реален проект

 

 

Здраво Ева! Ти си студент од Академијата за Човечки Ресурси кој покажа одлични перформанси за време на предавањата. Сподели ни нешто за себе.

Здраво! Можам да се претставам себеси како страстен и љубопитен студент од Академијата за човечки ресурси. За време на Академијата имав вистински ентузијазам за практиките за човечки ресурси и силна желба да развијам способности кои можам да ги практикувам во иднина.

 

Раскажи ни нешто повеќе за завршниот проект. Што беше идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Нашиот последен проект беше кулминација на сето она што го научивме за време на Академијата. Процесот на постигнување на крајниот резултат беше и возбудлив и предизвикувачки. Првично, направив истражување и анализа, односно навлегов длабоко во академската литература, потоа извештаите од индустријата и студиите на случај од реалниот свет за да добијам увид во најновите трендови за човечки ресурси и најдобрите практики за стартап компании. 

Од голема помош ми беше консултацијата којашто ја имавме со клиентот Merakzy за ефективно да ја прилагодиме стратегијата. Со внимателно слушање на нивните потреби и разбирање на нивните уникатни предизвици и цели, бевме подобро опремени да осмислиме решенија кои се усогласени со нивната организациска визија. 

Исто така, од голема корист ми беа и менторските сесии со инструкторите кои ни посочија одредени совети на што треба да се фокусираме во текот на проектот. Можам да кажам дека големо влијание имаше мојата креативност во самиот процес, односно фокусот на сопствените ставови и размислувања за тоа што најдобро би придонело за компанијата Merakzy, како и разговори со личности што веќе работеле во стартап опкружување. 

 

Кои беа барањата од страна на клиентот?

Централната идеја зад проектот беше да се направи сеопфатна стратегија на компанијата Merazky. Стратегијата опфаќаше три клучни компоненти: процес на регрутирање, организациска структура, клучни индикатори (KPI) и дополнително имавме за цел да развиеме people strategy која дава приоритет на развојот, ангажманот и благосостојбата на вработените, препознавајќи ја нивната клучна улога во организацискиот успех.

 

 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Инспирацијата најмногу ја црпев од самиот клиент Merakzy, од нивната креативност и постигнување како стартап компанија на пазарот. Тие се први на пазарот којшто имаат формирано веб-базирана софтверска платформа за комплетно менаџирање и автоматизација на работните процеси во туристичките агенции. Она што додатно ме инспирираше е нивната автоматизација на самиот процес кој го гледам како бенефит поради тоа што сметам дека го олеснува патувањето на луѓето вклучувајќи ме и мене. 

 

Што беше потребно за успешно завршување на овој проект и колку време ти требаше да дојдеш до победничкото решение?

Успешното завршување на овој проект бараше повеќеслоен сет на вештини и посветеност. Потребно е длабоко разбирање на принципите за човечки ресурси и способност креативно да се применат за да се одговори на сложените предизвици. Ефективната комуникација и управувањето со времето беа исто така клучни за да се осигурам дека ќе формирам добра HR стратегија во дадената временска рамка. 

 

И за крај, како си помина на Академијата, што можеш да ни раскажеш?

Што се однесува до моето искуство на Академијата, тоа не беше ништо помалку од трансформативно. Вклучувањето во дискусии кои предизвикуваат размислување, соработката со различни и талентирани колеги и учењето од исклучителни инструктор, беа најважните моменти на ова патување. Благодарна сум за можноста да се втурнам во светот на човечки ресурси и уверена сум дека вештините и знаењата што ги стекнав ќе ме поттикнат да имам позитивно влијание во областа на човечките ресурси во текот на мојата кариера.

Направи ја посакуваната кариерна трансформација. Со новата Brainster+ Академија за човечки ресурси за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата.

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.

 

Како до 1.000.000€? 🤫