Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент.

Во првиот блог од овој серијал, имате можност да ја запознаете Натали Ристовска – студент на Академијата за лидерство и менаџмент, а воедно и Co-founder & Creative Director на Yova – првиот македонски моден етички бренд кој рачно изработува модни додатоци со техника на хеклање/плетење и без создавање на отпад. 

Натали живее и работи во Милано, како дизајнер и консултант за етички животен циклус за развој на производи. Во изминативе годинии, нејзината работа се сведува на работа на проекти поврзани со 3D технологијата на плетење во секторот за дизајн на производи.

„За да бидеш успешен претприемач, треба да го разбираш секој сегмент од бизнисот. Сакам да учам и да преземам нови чекори, а лидерството дојде природно со формирањето на овој бренд, па верувам дека Академијата за лидерство и менаџмент ќе ми помогне да бидам подобар лидер и подобро да го водам и менаџирам мојот тим и бизнисот.“ – сподели таа

 

Го имаме задоволството да си поразговараме со Натали за нејзиниот мотив да се приклучи на Академијата за лидерство и менаџмент

 

 

Здраво Натали! Ти посакуваме добредојде на Академијата за лидерство и менаџмент. Сподели ни нешто повеќе за тебе – која е Натали?

Ви благодарам! Хмм, бидејќи подолу прашањата се за мојот професионален живот, на ова прашање ќе одговорам полично. 🙂 Се сметам за доста активна личност која постојано сака да учи, да презема нови чекори и да се надградува. Амбициозна сум, сакам да работам, но во исто време сакам да поминувам и време во природата која ја обожавам – ме инспирира и ме опушта. Ме опушта времето поминато со моето куче – Плуто, средбите со пријателите, посетата на изложби, ноќниот живот… Активна сум секаде, и не сум толку сериозна колку што делувам, меѓутоа сум многу темелна во сѐ што правам.

 

Зад себе имаш многу интересни искуства. Раскажи ни за твоето кариерно патување и најголемите достигнувања.

Веќе 10тина години работам како дизајнер и како консултант за етички животен циклус за развој на производи. Најголем дел од клиентите ми се од Италија, каде што паралелно живеам. За едно од најголемите достигнивање досега, можам да ја издвојам наградата Honourable Mention Compasso D’oro 2020 за проектот R.I.G. Bathroom. Бев дел од тимот кој го дизајнираше овој дизајн додека работев во MA/Studio, бренд во сопственост на Boffi. 

 

 

Ти си Co-founder & Creative director на Yova. Како дојде до идејата за твојот бизнис и што те мотивираше да го започнеш?

YOVA е првиот македонски моден етички бренд кој рачно изработува модни додатоци со техника на хеклање/плетење и без создавање на отпад. Со плетење се занимавам уште како дете, а за време на COVID Lockdown, кој го поминав во изолација во Милано, си направив предизвик секој ден да дизајнирам некој нов knitted pattern. Сфатив дека тоа е работа која навистина ме опушта и дека треба нешто посериозно да преземам во врска со тоа. Така можеби и започна идејата позади YOVA, која денес е спој на сето мое досегашно искуство и страст.

 

Според тебе, кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат младите претприемачи и лидери во денешниот бизнис свет? 

Има повеќе предизвици. Започнување и водење бизнис бара вложување на значително време и енергија и понекогаш е тешко да се балансира меѓу работата и приватниот живот. Помалку човечки ресурси се вклучени во процесот, што значи една личност извршува повеќе позиции. Нов бренд, со мали ресурси многу потешко и поспоро го наоѓа местото на пазарот. Често се соочуваме со притисок да донесуваме критични одлуки со ограничени ресурси и мал простор за грешки. 

 

 

Покрај твојата улога на Co-founder & Creative director, отсега си и студент на Академијата за лидерство и менаџмент. Што влијаеше на твојата одлука да се запишеш на оваа програма?

За да бидеш успешен претприемач, треба да го разбираш секој сегмент од бизнисот. Досегашното кариерно искуство ме подготви за дел од процесите кои се потребни да се стартува и организира еден бизнис, како што се: развој на производ, организација на целиот производен процес, арт дирекција, пристап до финансии и анализа на пазар, како и менаџирање на сите овие процеси. Меѓутоа, иако веќе долги години работам, сепак никогаш не сум била лидер на еден бизнис. Сакам да учам и да преземам нови чекори, а лидерството дојде природно со формирањето на овој бренд, па верувам дека оваа програма ќе ми помогне да бидам подобар лидер и подобро да го водам и менаџирам мојот тим и бизнисот.

 

Преку учеството на оваа Академија, кои знаења или вештини очекуваш да ги стекнеш?

Очекувам да ме подготви подобро да се справувам со ризици, подобро да алоцирам ресурси, поефикасно да менаџирам и да го водам мојот тим. Да научам како да формирам победнички тим кој ќе го максимизира талентот на тимот, ќе поттикнува подобар перформанс и ќе стимулира резултати. 

 

 

Кои специфични области на лидерството и менаџментот очекуваш да ги зајакнеш со изучување на оваа област и примениш во твоето работење?

Би сакала да работам повеќе на моите soft skills, во сите сегменти од бизнисот. Да го пронајдам мојот автентичен стил на лидерство, да креирам работна средина која е пријатна, го поттикнува талентот и перформансот на вработените и стимулира резултати, а воедно да бидам постратешка во преговарања. 

 

За крај, гледајќи наназад на твоето кариерно патување, каков совет би им дала на останатите кои се стремат да станат претприемачи и менаџери додека се трудат континуирано да учат нови работи?

Just do it. Enjoy the process and allow yourself to make mistakes! 

 

Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Brainster, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.

На Академијата за лидерство и менаџмент отворен е повик за стипендии на жени, девојки и млади лица.

Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.