Драго ми е што сум дел од Brainster приказната која не престанува да расте и што успевам да придонесам во истата

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Симона Ставреска Саздовска – графички дизајнер во дизајн тимот на Brainster.

Во Brainster ми се случи преродба во буквална смисла на зборот. Никогаш не ни мислев дека ќе бидам дел од организација каде ќе имам опција да работам од било каде, ќе можам сама да си го организирам работниот ден и притоа ќе имам на располагање неограничени денови за одмор“, вели таа.

Дополнително, Симона е и алумни студент од Академијата за графички дизајн.

 

Дознајте што тaa имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ja прави исполнетa и што ja мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Симона, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Хелоу, хелоууу! Да се биде дел од дизајн тимот на Brainster значи дека на дневна основа сум во многу интензивен контакт со Adobe програмите и со сите оние онлајн алатки кои ми помагаат и ми го олеснуваат целокупното работење. Воглавно, мојата позиција е директно поврзана со визуелната комуникација на компанијата, односно дизајнирање на креативите за социјалните медиуми и веб-страниците на Brainster и Brainser Next College. 

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на графички дизајнер?

Денот почнува со утрински состанок со мојот тим каде се прави организација, (ре)приоритизација на дневните и/или неделните задачи и обврски, како и повремен brainstorming. Овој период од утрото е организиран и за споделување на мислења, но истиот го користиме и за размена на инспиративни содржини кои го поттикнуваат работниот flow.

Дизајнирање, layers, инспирации, moodboards, креативни блокови, дизајнирање, континуирано учење, меѓутимска комуникација, some more дизајнирање…вака отприлика изгледа работниот ден на еден дизајнер. Обемот на овие активности варира од ден во ден, но една работа знае да биде константна, а тоа е дека задоволството е секогаш подеднакво големо кога на самиот крај ќе си го видиш крајниот продукт што произлегол од тој креативен процес.

 

 

Што правиш во слободно време? Дали имаш некое хоби?

Како човек кој многу го цени своето слободно време, а благодарение на Brainster и можноста за одличен work-life баланс, ја користам секоја минута за некоја активност која ми ја дава потребната енергија.

Генерално, активностите ми зависат од моменталното расположение, па има периоди кога сум indoor личност и преферирам времето да ми помине во binge watching серии или читање психолошки книги. Во последно време пробувам да експериментирам во кујната, па тоа ми е главна занимација периодов.

Кога не сум во овој mood, природата е таа која секогаш ме смирува, па неретко знам за време на викендите да посетам некоја од нашите прекрасни планини и да се „надишам и нагледам убавини“. Љубовта кон велосипедизмот не ми згасна никогаш, па добра вожња е нешто што секогаш би го избрала како една од моите омилени активности.

Секако, што и да правам, секогаш се трудам да посветам одреден дел од денот или неделата за лична надоградба преку едукативни содржини, навика која ја „негувам“ уште од моите средношколски денови.

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Во Brainster ми се случи преродба во буквална смисла на зборот. Никогаш не ни мислев дека ќе бидам дел од организација каде ќе имам опција да работам од било каде, ќе можам сама да си го организирам работниот ден и притоа ќе имам на располагање неограничени денови за одмор.

Ова не е моето прво работно искуство, но е моето прво работно место каде една компанија става голем фокус на менталното здравје на своите вработени и многу сериозно го сфаќа потребниот баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. На почетокот сето ова ми звучеше нереално и ми требаше време да се навикнам, но сега не би можела да замислам поинаков начин на функционирање.

 

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Brainster е компанија која дефинитивно треба да послужи како пример за тоа како треба да изгледа една организација, што значи тимска поддршка во вистинска смисла на зборот и како е да се биде ценет вработен.

Во Brainster секој секогаш е спремен да помогне и никогаш немаш чувство дека си оставен сам на себе. Во секое време можам да се обратам до моите колеги од тимот и да добијам помош, совет и/или поддршка. Најдобриот момент е што ваквиот однос не застанува само во рамките на сопствениот тим, туку овој пристап е „заштитен знак“ на секој еден вработен во Brainster.

Како некој што цел живот цели кон постојано себе-надградување, во Brainster, кој максимално ги поддржува своите вработени и вложува во истите, тие можности се бесконечни. Навистина ми е драго што сум дел од приказната која не престанува да расте и што успевам да придонесам во истата.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.