Во оваа блог објава, ќе можеш да се запознаеш со Дарко Сакалиев, алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање, како и Full-Stack програмер во tech тимот на Brainster.

„Во Full-Stack програмирањето најмногу се пронаоѓам во делот каде што се врши целосната логика на една веб страница. Brainster го пронајдов преку социјалните мрежи, прочуен како EdTech организација, со најдобрите академии во Македонија“, вели тој.

Тој е амбициозна и љубопитна личност, а моментите во кои најмногу ужива се кога гледа дека резултатите од неговата работа „оживуваат“ и имаат позитивно влијание врз корисниците.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Дарко Сакалиев како изгледа еден ден во животот на Full-Stack програмер

 

Зошто се одлучи да бидеш Full-Stack програмер ? Што те привлече кај оваа професија?

Се одлучив да бидам Full-Stack програмер затоа што ме привлекува можноста за решавање на комплексни проблеми и градење на основата на веб-страници и веб-апликации. Техничките предизвици и способноста да се создадат робусни и скалабилни системи кои ги напојуваат веб-страниците и софтверот, се она што ме привлече кон оваа професија.

 

Кои алатки и софтвери ги користиш во секојдневното работење?

Примарните code editors што ги користам се Visual Studio Code и PHPStorm. Во Back-End работам со програмските јазици PHP и JavaScript, а во Front-End имам работено со React и со Elementor во WordPress. Од страна на датабаза, користам релациона база на податоци MySQL, но имам работено и со нерелациски бази на податоци како MongoDB. Исто така, користам алатка за контејнеризација Docker која ми овозможува лесно распоредување и одржување на веб-страницата или веб-апликацијата.

 

Колку е важна соработката на Full-Stack програмерот со другите тимови?

Соработката помеѓу Full-Stack програмери и други тимови е исклучително важна за успех на било кој проект. Соработката обезбедува јасно разбирање на барањата, ефикасно планирање и дизајн, непречена интеграција, решавање на грешки, постојано подобрување и ефективно управување со проекти. Тимската работа поттикнува ефективна комуникација, ги усогласува напорите и го максимизира севкупниот успех на проектот.

 

Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на Full-Stack програмер? 

Мојот ден обично започнува со секојдневен состанок со тимот каде што споделуваме што сме изработиле и што планираме да работиме следно. Типично се фокусираме на додавање на нови функционалности на веб-страниците или апликациите, решавање на проблеми и подобрување на досегашниот код што го имаме напишано. Исто така, споделуваме и учиме нови информации за технологиите со кои моментално работиме со цел сите да се подобриме како програмери.

 

Како остануваш во тек со најновите технологии и алатки за Full-Stack програмирање?

За да останам во тек со најновите технологии и алатки за Full-Stack следам блогови и вести поврзани со нив, следам програмери на социјалните мрежи и сум зачленет во повеќе форуми за програмирање каде што дневно постираат новости и интересни факти во врска со тие технологии.

 

Како се справуваш со предизвиците и препреките кои ти се појавуваат за време на твоето работење?

Обично кога наидувам на некои препреки или предизвици во работата најпрво го анализирам проблемот, истражувам за него и го барам најефикасното решение за тој проблем. Во случај да не можам да најдам никакво решение, можам да се потпрам на моите колеги програмери кои ми даваат друга перспектива и ми помагаат да го најдам најдоброто решение.

 

Која е тајната за да се стане успешен Full-Stack програмер? 

Не постои тајна за да се стане успешен Full-Stack програмер. Упорноста, напорната работа и љубовта кон програмирањето според мое мислење е единствениот начин за да се стане успешен Full-Stack програмер. Сите учиме од сопствените грешки и не заборавајте дека hard work always pays off.

 

И за крај, твојот совет за сите идни Full-Stack програмери?

Мојот совет за идните Full-Stack програмери е да се научи основата перфектно и секогаш да се биде љубопитен. Исто така, важно е и да се развијат вештини за решавање на проблеми и да се прифаќаат предизвици, бидејќи најдоброто чувство е кога ќе дојдеш до саканото решение.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Аплицирањето за ваучер заврши!