Запознај ја Бранкица Јаневска – алумни студент на Академијата за човечки ресурси, а воедно и Dream Team студент, која реши да направи комплетна кариерна трансформација.
По нејзиното комплетирање на програмата, Бранкица започна да ја гради својата кариера како Student Experience Specialist во Student Success тимот на Brainster.
Си поразговаравме со Бранкица за нејзиното кариерно патување
Здраво Бранкица, ние од Академијата за човечки ресурси те познаваме, но што би споделила со останатите?
Здраво, јас сум Бранкица. Штотуку ја завршив Академијата за човечки ресурси. Инаку дипломиран филолог по англиски јазик. Голем љубител на книги, фотографија, и сѐ што е уметност. Во слободно време уживам да возам велосипед низ улиците на Скопје.
Пред сѐ, честитки за истрајноста и новата работа. Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Работата на задачите и студиите на случај помагаат да се стекнеме со увид како изгледа работата на еден професионалец за човечки ресурси во реалноста. Тимската работа пак, ја подобрува комуникацијата, овозможува подобро разбирање на различните перспективи и прилагодување на различни стилови на работа.
Во мојот случај, мислам дека комбинацијата од долгогодишното искуство кое го имам зад себе во people management, новостекнатите вештини и знаење од областа на човечки ресурси, како и мојата желба да им помагам на студентите и да создавам позитивна работна средина, ми помогнаа да ја направам оваа промена во кариерата.
Ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини во Brainster на позицијата Student Experience Specialist. Каква е атмосферата во Student Success тимот?
Среќна сум што имав многу топло добредојде од колегите. Тие се млади, ентузијастични и големи професионалци во она што го работат. Има одлична соработка во тимот, а тоа е најзначајното нешто за да имаме успех во работата.
Како изгледа еден твој работен ден?
Во моментов сум сѐ уште на самиот почеток од онбординг процесот, така што деновите ми се исполнети со запознавање на колегите од останатите тимови, организациската структура, работните процеси и сѐ што е потребно за понатаму да можам да ги преземам своите работни обврски и студенти.
Што те мотивираше да продолжиш со кариерата како Student Experience Specialist и што те привлекува најмногу кај оваа позиција?
Отсекогаш ме водела желбата да им помагам на луѓето и можноста да влијаам позитивно на нечиј живот. Работата на еден Student Experience Specialist се поклопува со моите аспирации на начин што ми дозволува да помогнам во усовршувањето на целокупното искуство и успех на студентите на Brainster. Да се работи одблизу со нив, да се дознаат нивните потреби и да се слушне нивното мислење се клучни за подобрување на процесот на учење.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новата работна позиција. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат човечки ресурси?
Ако размислуваат за промена на кариерата во човечки ресурси, најдобро е да започнат со истражување на полето за да ги разберат неговите различни аспекти и да ја пронајдат нивната област на интерес. Да се стекнат со соодветно образование и сертификати од Академијата и да ги развиваат своите меки вештини како комуникација и емпатија. Да бидат постојано во тек со трендовите од полето на човечки ресурси, да се конектираат со HR професионалци и да бидат трпеливи и истрајни во барањето работа како би имале успешна транзиција во кариерата.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за човечки ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!