Градиме тим со заедничка желба за трансформација на образованието

Како најнапредната едукативно-технолошка (EdTech) организација во земјата, која уште од своето основање во 2015 година бележи континуиран раст и развој, Brainster постојано инвестира во нови продукти и со цел да одговори на предизвиците – го проширува и ажурира своето портфолио.

Поради зголемен обем на работа и рекордно запишаниот број на студенти на Академиите, како и на Brainster Next College, го зголемуваме нашиот тим кој брои повеќе од 70 вработени со полно работно време и повеќе од 150 инструктори и професори, со професионалци што можат да одговорат на предизвикот! 

Во оваа блог објава, си поразговаравме со дел од нашиот тим, Петар Ниновски, основач и извршен директор на Brainster, Стефан Смиљаноски, извршен директор на Brainster Albania, како и со Фросина Климоска и Ева Костовска од HR тимот на Brainster.

 

 

За да создадеме успешен и продуктивен тим, нашиот фокус е на луѓето

Според нашиот основач и лидер – Петар Ниновски, најважното за еден тим да остварува добри резултати е да им се даде приоритет на вработените уште при планирањето на управувањето со човечките ресурси.  

„За да создадеме успешен и продуктивен тим, нашиот фокус е на луѓето. Ова значи да се осигураме дека вработените ги имаат ресурсите што им се потребни за да успеат, дека се мотивирани и ангажирани и дека се чувствуваат ценети и почитувани. Со ставање приоритет на луѓето, лидерите можат да создадат работна средина во која вработените можат да напредуваат и компанијата да ги постигне своите цели“,  сподели тој.

Ова не е насочено само кон моменталната благосостојба на вработените туку и кон отворањето на можности за нивното понатамошно професионално градење.

„Откако одреден кандидат ќе стане дел од тимот, она што како лидери го нудиме е поддршка – од првичниот процес на „onboarding“ па сè до посветено менторство коe има за цел вработениот да го донесе до следното ниво во неговата кариерна патека“, додава Стефан.

Како лидери кои надгледуваат значителни тимови, Петар и Стефан постојано го споделуваат своето знаење и даваат огромна поддршка на тимот за човечки ресурси, со цел постапката и целиот процес на креирање, регрутирање и селекција на кадри да биде во иста насока со основните вредности на компанијата, а тука спаѓаат раст и висок квалитет, како на образовните програми, така и на вработените.

Фросина и Ева се членови на нашиот тим кои се задолжени за изборот на кандидати за вработени што ја споделуваат нашата визија и одговараат на организациската клима и култура. Секоја со својата експертиза дава поддршка на секој нов член на Brainster тимот.

„Во Brainster, најдобриот кадар го бираме со голема посветеност и внимателност и даваме предност на клучните професионални особини како што се постојано подобрување, ефективна комуникација и тимска соработка. Дополнително, ги цениме личните особини како што се креативноста, приспособливоста, страста за образование, културната усогласеност и емпатијата. Со прецизно оценување на овие квалитети, ние креираме посветен и иновативен тим што го води успехот на Brainster и создава трајно влијание во областа“, вели Ева.

 

 

Од студент до инструктор и лидер – напредок во кариерата

Како најнапредната едукативно-технолошка (EdTech) организација во земјата, Brainster постојано инвестира во континуиран развој на вработените, поттикнувајќи го растот во нивната кариера.

„Во нашиот тим има повеќе алумни студенти од Brainster Академиите, дел од нив на инструкторски или на лидерски позиции, кои низ годините се изградиле во врвни професионалнци коишто сега им го пренесуваат своето знаење на студентите“, вели Фросина.

Петар, споделува еден недоамнешен пример како се одвива унапредувањето:

„Неодамна, во еден ден тројца вработени добија можност да зачекорат на повисоко ниво и да добијат признание за она што го направија досега на професионално ниво, на личен, но и на компаниски план. Стефан, на пример, направи исчекор во кариерата и сега е извршен директор на Brainster Албанија. Неговата претходна позиција како директор на маркетинг одделот во Brainster, ја презема Бојан Даниловски, кој доаѓа на ова место од „performance marketer“ во организацијата, а негов наследник е Вилијам Додевски кој доби унапредување“.

 

 

Неограничени денови за одмор и грижа за благосостојбата на тимот

Во Brainster, ја препознаваме важноста за одржување на здрава рамнотежа помеѓу работата и животот. Неограничените денови за одмор, ја нагласуваат нашата посветеност за благосостојба и напорната работа на секој член од тимот, ни сподели Ева.

Додека пак Петар, детално ги објаснува придобивкити за вработените:

„Неограничени денови за одмор и флексибилно работно време – работиме напорно, но правиме сѐ за да имаме позитивно влијание врз нашите животи надвор од работните часови, приватна здравствена заштита, работа од кое било место, инвестирање во вработените за учење и развој, поддршка на различноста и стабилност на работните места – Бреинстер 3 години по ред се стекнува со сертификатот за деловна успешност, а од годинава се вбројува и во ТОП 500 најуспешни компании во Македонија“.

Конкретниот раст ја истакнува трајната компаниска култура што ја негува Brainster, забележа Стефан. Неговите почетоци во Brainster датираат од почетокот на 2020 година, кога тимот се состоеше од само 18 членови.

„Денес, во втората половина на 2023 веќе сме 70 вработени. Toa e раст од 290%“, вели Стефан. 

Да се биде дел од Brainster подразбира прифаќање на предизвиците, како на професионален, така и на личен план. Пионерскиот дух за градење на образование на иднината го прави Brainster привлечен центар за иновативни и инспиративни умови кои споделуваат заедничка цел: револуција во образовниот пејзаж, трансформирајќи го на тој начин патувањето за учење за сите идни студенти.

 

Ако сакаш да се придружиш на тимот, во компанијa која опсесивно се грижи за своите студенти, но и за вработените, провери ги слободните работни позиции!

 

Како до 1.000.000€? 🤫