Запознај го Емир Адеми – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање којшто одлучи да ги надгради своите знаења и вештини.
По неговото комплетирање на програмата, тој започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како Front-End Developer во компанијата EmbedSocial.
Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?
Јас сум Емир Адеми. Имам страст за кодирање. Во слободното време, често може да ме најдете зафатен со програмирање проекти, истражување на нови технологии и работа на лични потфати за кодирање. Кодирањето ми овозможува да ги оживеам моите идеи и креативно да ги решавам проблемите. Тоа е поле кое постојано ме предизвикува и возбудува.
Зошто баш Front-End програмирање?
Отсекогаш ме привлекувало програмирање. Се одлучив за Front-End бидејќи овој вид на програмирање ми е најзабавен и имам голема можност за надградување на моите вештини.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата за Front-End програмирање ги надмина сите мои очекувања, научив многу нови технологии, исто така и инструкторите константно нè мотивираа и нè советуваа да бидеме упорни.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Моето искуство како студент беше многу интересно, имаше многу предизвици за време на Академијата, но најголем предизвик беше за време на мојот прв хакатон. Предизвикот беше за 48 часа да се заврши еден реален проект, но морам да признаам беше многу интересно и атмосферата со другите колеги беше феноменална.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Иако предавањата низ целата Академија беа интересни, најинтересен модул беше Next.js, бидејќи беше нов предизвик за мене, исто така Next.js има супер перформанси и е up-to-date.
Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера на практикантска позиција како Front-End Developer во компанијата EmbedSocial. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
По завршувањето на Академијата, почнав да градам својата кариера како Front-End Developer во EmbedSocial. Процесот беше многу интересен и предизвикувачки, каде поминав низ неколку интервјуа. Eден дел од интервјуто беше технички, но со напорна работа и учење, успеав да ги надминам сите препреки.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Очекувањата и мојата задача како млад програмер е постојано да учам нови технологии, како Vue.js, исто така да апсорбирам нови информации и решавање на одредени таскови.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?
Би ги охрабрил сите оние кои се мислат да направат кариерна промена во оваа сфера да го направат тоа. Сè што е потребно е упорно учење и да посветат внимание и време.
На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!