Во Brainster можностите за учење, надградба и развивање на нови вештини се бесконечни

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Јована Јовановска Кануркова – Corporate Partnership Coordinator во Partnerships тимот на Brainster.

„Brainster е one of a kind и ова го кажувам прилично самоуверено. Во Brainster акцентот се става на резултати, а не на работни часови. Во Brainster можностите за учење, надградба и развивање на нови вештини се бесконечни. Менаџирањето на целата организација од највисоко ниво па надолу во основата го има менторирањето и коучингот што е исклучително уникатно, посебно за македонска компанија.“ – ни сподели Јована

Дополнително, таа е и студент на Академијата за Project & Product менаџмент.

 

Дознајте што тaa имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ja прави исполнетa и што ja мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Јована, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Здраво, здраво. Како Corporate Partnership Coordinator во Partnerships тимот на Brainster, мојот фокус е градење на партнерства со надворешни компании и организации заради остварување на две цели. Првата е обезбедување на реални проекти на кои ќе работат студентите, а втората е нивно вработување по завршувањето на академиите. Во оваа фаза од моето работење повеќе сум фокусирана на партнерствата за реални проекти, со единствена цел сите студенти кои учат на нашите академии да имаат можност да работат на реален проект и да стекнат практично искуство преку соработката со партнерските компании. 

Во превод реалниот проект значи дека студентите работат на некоја идеја или продукт за нашите партнери под менторство на инструктори-професионалци и продуцираат финални решенија од кои нашите партнер-компании можат да изберат едно кое најмногу им се допаѓа и кое ќе го имплементираат во реалноста. 

Мојата позиција вклучува постојана комуникација со многу луѓе, работење на временски сензитивни таскови, меѓу-тимска координација и синхронизација, континуирано подобрување на процеси и активен придонес кон подобрување на искуството на студентите на академиите на Бреинстер, which is amazing. 🙂 

 

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Јована?

Станувам, поправка, ме буди мојата две-годишна ќерка Ирис во 06-06:30 часот и без време за расонување се нурнувам во обврските кои ми претстојат. Да ја спремам неа за во градинка, да се спремам јас за на работа, да си поиграме, да се изгушкаме и со нашата лабрадорка Брауни и да фатиме патот прво во градинка, па правец во Brainster. 

Преферирам да работам од канцеларија бидејќи таму сум пофокусирана и има подобар проток на информации, а и ми треба социјализација. Гледам да се држам до некое стандардизирано работно време кое најмногу ми одговара согласно мојот животен стил и приватните обврски и доста ретко имам работни обврски во попладневните часови. 

По работа си ја собирам Ирис од градинка и попладнето го поминуваме заедно со неа, Брауни и сопругот на најразлични заеднички активности. Вечерите најчесто ми се посветени на учење во рамки на академијата за проект и продукт менаџмент на Brainster која ја следам и која ми помага многу во секојдневната работа. Поретко, читам нешто на интернет или завршувам работи кои не стигнувам да ги завршам преку ден.

 

 

Што правиш во слободно време? Дали имаш некое хоби?

Слободно време за себе немам речиси воопшто. Мојата гравитација околу работа, дете и академија ми го стеснуваат просторот и времето до минимум. Но, гледам да балансирам и да одвојам време за повремени дружби со пријатели, читање на нешто што ме интересира и „здравје“ да се вратам на активно возење на mountbike. За ова ќе ми треба време и трпение, но ми е голема желба како нешто што ме исполнувало во минатото и секако придонесувало за моето физичко и ментално здравје.

 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Имав среќа моето досегашно работно искуство и кај другите работодавачи да биде позитивно од аспект на флексибилност, но морам да кажам дека за првпат работам во компанија каква што е Brainster. За мене е исклучително важно да можам да го посветам своето време и на професијата и на приватниот сегмент од мојот живот.

Исклучително ми е важно да сум тука за мојата ќерка во нејзиниот ран развој и да изградиме заеднички со сопругот одредени вредности за нашето семејство. Стресот со кој порано сум се соочувала ми се рефлектирал и на приватниот живот и ми создавал дополнителни потешкотии во балансирањето. Ова повеќе го нема, а секогаш кога се чувствувам overvelmed имам можност да си земам време за себе. Накратко, сѐ што Brainster ми нуди е во корелација со она што ми треба.

 

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Brainster е one of a kind и ова го кажувам прилично самоуверено. Во Brainster акцентот се става на резултати, а не на работни часови. Во Brainster можностите за учење, надградба и развивање на нови вештини се бесконечни. Менаџирањето на целата организација од највисоко ниво па надолу во основата го има менторирањето и коучингот што е исклучително уникатно, посебно за македонска компанија.

Во текот на работењето постојано добиваш конструктивен фидбек за тоа што го правиш и имаш целосна поддршка за работите за кои ти треба можеби доразвивање на некоја вештина. Транспарентноста во компанијата е нешто што ми беше најголем шок кога започнав да работам, тоа и нетоксичноста, што мислам дека се исто така реткост. За крај, морам да кажам дека сум возбудена за секое следно поглавје од развојот на оваа компанија од која сум среќна што сум дел.



Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.