Во постојаното развивање на бизнисот и технологијата, ефективното управување со проекти и продукти стана клучно за постигнување на организацискиот успех.
Како што индустриите продолжуваат да ги поместуваат границите, така барањата на потрошувачите стануваат покомплицирани, а потребата од вешти проект менаџери и продукт менаџери – никогаш не била поизразена.
Со таа цел, студентите од Академијата за Project & Product менаџмент постојано работат на реални проекти за реални клиенти, каде што можат да ги искористат своите новостекнати знаења и вештини.
Последниот проект на кој тие работеа беше да креираат продукт менаџмент план за клиентот Velnes.mk за online закажување на термини.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Едита Мела, Александра Стојаноска и Маријана Таневска.
Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за Project & Product Management за искуството на овој реален проект
Здраво тим! Вие сте студенти од Академијата за Project & Product Management кои покажаа одлични перформанси за време на предавањата. Споделете ни нешто за себе.
Едита: Здраво, јас сум Едита, студент од Академијата на Project & Product Management. Овие месеци на aкадемијата беа интензивни, но во исто време и многу интересни. Среќна сум што бев дел од место каде што секоја недела учев нешто ново од светот на менаџментот. Со голем ентузијазам бев особено на вежбите од делот на Product кои ги работев со голема желба и заинтересираност.
Александра: Јас сум Александра, дел од Академијата за Project & Product Management која со драго срце работеше на проектите. Сакам тимска работа затоа што учиш работи од другите членови и споделуваш знаење во текот на процесот, што е баш супер.
Маријана: Здраво, јас сум Маријана. Студент на Академијата за Project & Product Management и дел од тимот чиј завршен проект беше одбран од страна на клиентот како победнички во Продукт делот од академијата. Иако повеќе се пронајдов во Проект делот, процесот на создавање и развој на продукти за мене е вистински креативен процес и нуди исклучителни можности на тимот да создаде продукт кој носи долгорочна вредност и задоволство на корисниците.
Раскажете ни нешто повеќе за овој проект. Што беше идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?
Александра: Имавме проект кој навидум изгледаше лесен поради областа за која требаше да креираме. Кога почнавме да навлегуваме во концептот на работа видовме дека ваков продукт е потребен во Македонија и многу клиенти би ја користеле платформата, почнувајќи од нас. Закажување велнес термини електронски/online на една платформа за сите услуги многу ќе го олесни секојдневниот тек.
Кои беа барањата од страна на клиентот?
Маријана: Иницијално барањата од страна на клиентот беа за обична платформа за закажување. Но, по брифот и разгледување на дополнителните материјали сфативме дека се работи за комплексен продукт кој треба да нуди многу повеќе на неколку различни типа на корисници, а со тоа да дава можност за надградување и проширување на платформата регионално. Решението понудено од нашиот тим треба да се претвори во продукт кој ќе го олеснува комплетното долгорочно работење и зголемување на бизнис можностите на давателите на услуги, како и на сопствениците на платформата, а истовремено секојдневно да додава вредност и за корисниците на услугите понудени на платформата.
Од каде ја црпевте инспирацијата?
Александра: Се ставивме и во улога на корисник на платформата, во улога на сопственик на салон за убавина, но и во улога на сопственик на ваквата платформа и така го истеравме проектот.
Маријана: Различните улоги во кои се стававме, одличната соработка и разбирање меѓу нас трите како тим, искуствата и барањата на наши познати и пријатели, допринесоа за идеите кои ги внесовме во текот на создавање на продуктот од страна на нашиот тим.
Што беше потребно за успешно завршување на овој проект и колку време ви требаше да дојдете до победничкото решение?
Александра: Победничкото решение го селектираше клиентот, што е личен избор и веруваме дека презентацијата на нашиот проект придонесе за тоа. Внимававме да ги чекираме сите барања од проектот и со тоа да ги исполниме нивните очекувања.
Маријана: Ние се вложивме максимално во создавањето на нашето предлог-решение кое беше одбрано како победничко. И трите сме вработени во различни сфери, имаме и многу обврски надвор од секојдневното работење. Затоа имавме ограничено време за работа на продуктот, но секој слободен момент го користевме за да работиме заедно. Материјалот кој го поминавме теоретски на Академијата требаше да го примениме практично, а тоа е најзбунувачкиот дел. Тука беа и менторите кои ни беа на располагање за консултации. Ако треба да кажеме колку време – околу месец. Викендите ги поминувавме работејќи, навечер заглавувавме до сред ноќ за да го сработиме тоа што сме го планирале за тој ден.
И за крај, како си поминувате на Академијата, што можете да ни раскажете?
Едита: Целокупното искуство кое го стекнав во Braister беше навистина големо. Како прво треба да кажам дека запознав прекрасни луѓе. Второ покрај теоријата ми се допаѓаше што имавме голем број на практични работи како реални проекти и за крај можам да заклучам дека навистина беше едно прекрасно патување.
Александра: Времето инвестирано за академијата ми е драгоцено, затоа што стекнав знаење што ќе ми користи на многу полиња и приватно и професионално. Теоретски човек може сè да научи. Нашата инволвираност во реални проекти особено поради тоа што сме неискусни и во процес на учење беше полн погодок. Секој проект беше различен и менторите беа од различна експертиза, што за мене беше извор на нови знаења и пракса. Тимот со којшто работевме заедно беше исто така инспирација и мотивација за да ја комплетираме задачата.
Маријана: На Академијата за Project & Product Management сакав да се запишам уште кога Brainster ја објави првпат во периодот на корона. Тогаш работев како продукт менаџер во ИТ дистрибуција и сметав дека ќе можам да си ја работам работата подобро. Таа академија за мене е втора академија во Brainster по Академија за дигитален маркетинг и знаев дека ќе биде одлично искуство и чудесна надградба на моето знаење и вештини. Тоа што се случи во текот на академијата ги надмина моите очекувања особено знаењето и практичното искуство кое менторите ни го пренесуваа. Домашните за кои понекогаш сите мрчевме 🙂 отворија цел нов свет на можности пред нас. Едита и Сандра се тимот со кој сакам да продолжам да работам на идеите кои се родија од нашата дружба и соработка.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!