Во овaa блог објава, ќе можеш да се запознаеш со Анета Димоска, алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, како и Front-End програмер вo tech тимот на Brainster.

„Идните Front-End програмери би ги советувала да бидат истрајни во тоа што го започнале, да си дадат време за да ги совладаат концептите во Front-End програмирање и најважно – да не забораваат на својата причина зошто го започнале целиот овој процес на учење и кариерна трансформација“, вели Анета.

Таа е одговорна, трпелива и трудољубива личност со огромна желба за знаење и напредок, која го совлада предизвикот и докажа дека и без претходни познавања, со многу труд и енергија може да се постигне секоја цел.

Дополнително, прочитај го стручниот блог на Анета Димоска за тоа како програмирањето влијае на работата на мозокот.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Анета Димоска како изгледа еден ден во животот на Front-End програмер

 

Зошто стана Front-End програмер? Што те привлече кај оваа професија?

Пред околу две години се одлучив да направам промена во кариера и да навлезам во светот на програмирање токму преку изучување на Front-End програмирање затоа што сакав да го осознаам процесот на градење на некоја веб-апликација, да видам како функционираат во позадина нештата кои секојдневно ги користиме преку нашите уреди, како се развива еден проект од идеја до реализација и секако да бидам дел од градење на апликации кои ќе го олеснат и поедностават животот на корисниците во некоја сфера.

 

Кои алатки и софтвери ги користиш во секојдневното работење?

Во рамки на проектите на кои што работам, се користи React.js.

 

Колку е важна соработката на Front-End програмерот со другите тимови?

Front-End програмерот треба да соработува со членовите од останатите тимови, пред сè со продукт менаџерите, дизајнерите, тестерите затоа што секој од тие тимови е значаен дел од процесот на градење на продуктот. Сите заедно ја прават целината и неопходно е да се воспостави ефективна комуникација за надминување на предизвицте и за надградување и подобрување на самиот продукт.

 

Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на Front-End програмер? 

Иако секој работен ден е различен и со различни предизвици, сепак на почетокот на денот одвојувам време за да се информирам повеќе од областа на Front-End програмирање и да дознаам повеќе за актуелните технологии. Потоа го имаме стандардниот daily состанок со тимот, каде што разговараме за текот на работните обврски кои ги имаме поставено, се споделува напредокот, но и проблемите со кои сме се соочиле за да може да најдеме соодветно решение. Остатокот од денот го поминувам на работа на тековните задачи во рамки на проектот.

 

Како остануваш во тек со најновите технологии и алатки за Front-End програмирање?

Во тимот имаме многу добра практика која ја применуваме на неделно ниво, а тоа е одржување работилници на кои секој од нас има можност да истражи и подготви презентација за одредена тема или технологија која што ни е помалку позната. Ова е многу добар начин за учење нови работи и споделување на знаење кое ни користи на сите во тимот.  

 

Како се справуваш со предизвиците и препреките кои ти се појавуваат за време на твоето работење?

Кога наидувам на некој проблем, прво се обидувам да го решам сама со тоа што ќе истражам повеќе за тој проблем, ќе побарам мислења или решенија на различни форуми и заедници. Користењето на некоја AI алатка исто така ми користи за генерирање на некој нов пристап или идеја која можам да ја применам. Секако дека тука е и поддршката од колегите во тимот кои ми помагаат во надминување на различните предизвици.

 

Која е тајната за да се стане успешен Front-End програмер? 

Успехот во било која сфера, за мене значи да се биде подобра верзија од себе во споредба со тоа што сме биле вчера, минатиот месец или минатата година. Како тоа ќе се постигне е различно за секој, но со дисциплина, упорност и посветеност верувам дека кај секого резултатите се неизбежни.

 

И за крај, твојот совет за сите идни Front-End програмери?

Идните Front-End програмери би ги советувала да бидат истрајни во тоа што го започнале, да си дадат време за да ги совладаат концептите во Front-End програмирање и најважно да не забораваат на својата причина зошто го започнале целиот овој процес на учење и кариерна трансформација.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.