Со реалните проекти добивме одличен квалитет, уникатни идеи и решенија

Brainster има нов партнер за реални проекти, една од најпознатите македонски винарии – Стоби која е основана пред 14 години чија визија од самиот почеток е постојано да произведува високо квалитетни вина кои нудат одличен однос цена-квалитет, што е клучен фактор за нивниот успех. Дополнително, меѓународниот стил на вина на винаријата беше добро прифатен и успешно продаден на 22 пазари ширум светот. 

Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Елена Вришку – маркетинг менаџер во Винарија Стоби, која ни раскажа повеќе за приказната на винаријата и партнерството со Brainster, како и за проектите на студентите кои ги изработија изминатиов период.

„Најуникатното нешто во соработката со Brainster се луѓето кои работат таму. Човечкиот фактор во секоја компанија е главен и водечки фактор за квалитет и успех. На другите компании би им препорачала да побрзаат и да започнат да соработуваат со Бреинстер, бидејќи тоа е прилика која не се пропушта.” – Елена Вришку, маркетинг менаџер, Винарија Стоби

 

Во продолжение, прочитајте повеќе што ни раскажа Елена Вришку – маркетинг менаџер во Винарија Стоби

 

 

Здраво Елена ти си маркетинг менаџер во една од најпознатите македонски винарии – СТОБИ. Кажи ни нешто повеќе за вас, вашиот историјат и што ве прави уникатни како винарија?

Винарија Стоби е основана пред 14 години, и е семеен бизнис, предводен од визионерот и светски патник г-дин Минчо Јорданов. Желбата на Јорданов беше да создаде исклучителни вина кои ќе бидат достапни за луѓето во Македонија и ширум светот. За да го постигне ова, тој собра тим од млади и амбициозни професионалци кои брзо го развија брендот, освојувајќи бројни златни медали на престижни меѓународни натпревари за вино. 

Фокусот на винаријата на винскиот туризам, исто така, значително придонесе за растот на брендот Стоби, со отворањето на ресторан во винаријата што нуди извонредна кујна во комбинација со целата палета на вина. Понатаму, меѓународниот стил на вина на винаријата беше добро прифатен и успешно продаден на 22 пазари ширум светот. Визијата на винаријата од самиот почеток е постојано да произведува високо квалитетни вина кои нудат одличен однос цена-квалитет, што е клучен фактор за нашиот успех.

 

Многу ни е мило што изминатиов период соработувавме, повеќе од 100 студенти работеа на вашите продукти. Kако би го опишале вашето искуство од соработката со академиите на Brainster?

Ова беше наша прва заедничка соработка и можам да кажам дека сме презадоволни во секој поглед. Со сите инструктори, тимови и студенти што имавме контакт, комуникацијата беше беспрекорна и брза, и се одеше лесно. Добивме целосно внимание на нашите проекти, посветеност од страна на студентите и целиот тим на Brainster. 

 

Каква вредност донесе за вас она што го сработија студентите на Академијата за UX/UI дизајн и графички дизајн и дали нивните решенија ги исполнија вашите очекувања?

Работевме на три различни големи проекти, со повеќе тимови и студенти. Воодушевени сме од резултатите за два проекти, добивме одличен квалитет, уникатни идеи и предлози. Тие две решенија сигурно ќе ги примениме во најскоро време. Интересен беше креативниот процес и соработката со многу млади и талентирани луѓе, кои добиваат шанса да работат на реални проекти додека учат, сѐ тоа благодарение на системот на академиите на Brainster кои го нудат.

 

Што е она што според вас ја прави соработката со Brainster уникатна?

Најуникатното нешто во соработката со Brainster се луѓето кои работат таму, со кои комунициравме цело време. Човечкиот фактор во секоја компанија е главен и водечки фактор за квалитет и успех. Сакам јавно да се заблагодарам и да го пофалам целиот тим на Brainster.

 

Соработката со Brainster продолжува, што би им препорачале на другите компании кои сѐ уште немаат воспоставено партнерство за реализација на реални проекти?

Нашата соработка секако продолжува, а на другите компании би им препорачала да побрзаат и да започнат да соработуваат со вас. Тоа е прилика која не се пропушта, доколку сакаат да имаат различни и уникатни предлози и решенија за нивните проекти, кои би ги искористиле за своите бизниси.

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете партнер на Brainster, посетете ја Partnerships платформата или контактирајте нѐ на [email protected]

Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за вработување и иновирање!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!