Студентите на академиите на Brainster за време на своето трансформативно патување, постојано учат преку работа на реални проекти за реални компании. Овој практичен пристап оди подалеку од традиционалното образование, овозможувајќи им на студентите да ги применат и совладаат своите вештини во сценарија од реалниот деловен свет.

Токму ова е и еден од 9-те фактори потребни за вработување што ги бара индустријата, а ги нуди Brainster+ супериорната програма. Преку овој фактор, нашите студенти добиваат искуство кое им ја дава потребната компетитивност за започнување на кариера во новата ера.

Во оваа блог објава, ги издвоивме најдобрите 10 дигитални решенија изработени од нашите студенти, прикажувајќи ја нивната моќ да направат промена и да придонесат кон заедницата.

 

Дознај повеќе кои се 10-те најдобри реални проекти од студентите на Brainster

 

 

1.AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје

Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје.

На првиот AirCare – хакатон, беа создадени решенија за развој на продуктот, визуелен идентитет, маркетинг стратегија и UX/UI дизајн на платформата, а на вториот хакатон студентите работеа на реализација на победничкото решение од првиот хакатон, преку кодирање на Front-End и Back-End, поставување на можност за следење и лоцирање на загадување и останати функционалности.

 

 

2. Изработка на веб и мобилна апликација – SAFEBLINK

На овој хакатон во живо, повеќе од 100 студенти работеа на изработка на веб и мобилна апликација наменета за едукација на младите во полето на заштита на лични податоци и користење на податоци онлајн.

Хакатонот произлезе како дел од проектот на Швајцарска амбасада – „Поддршка на изборни реформи“ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни реформи (IFES). 

Дополнително, на 13 јуни во DoubleTree by Hilton се одржа и настан кој го организираше IFES North Macedonia, на кој се презентираше документот за јавни политики: „Младите и дигиталната приватност“. Студентите од Brainster кои се победници на „Save the Data“ имаа можност да го презентираат победничкото дигитално решение за заштита на личните податоци на младите. 

 

 

3. Изработка на иновативна едукативна веб-платформа 

Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин… Ова се зборовите со кои студентите од Brainster академиите и Brainster Next College го опишаа live хакатонот што се случуваше во нашите канцеларии. 140 студенти и инструктори работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која на иновативен начин ќе го автоматизира процесот на организирање на настани, слични на хакатоните, за клиентот SCIDEV Albania.

„Можноста да работиме на реален проект во ваква интересна и динамична средина за нас е едно огромно позитивно искуство кое нè научи на многу реални предизвици кои би ги имале во иднина во нашите професионални кариери. Имавме можност одблизу да го набљудуваме развојот на еден проект во тимовите од различните академии, и истовремено да видиме како нашата работа влијае на нивната и обратно. Овој хакатон го заокружи нашето искуство на академиите кои ги посетувавме изминатиов период, и преку практична работа можевме да ги измериме нашите вештини и знаења кои ги стекнавме досега“, ни сподели победничкиот тим.

 

 

4. Едукативни постер дизајн решенија за Зоолошка градина

Со цел подобро да се едуцираат децата и нивните семејства за едни од најзначајните животни за целиот еко-систем, дивите пчели и црвеноушестите желки, студентите од Академијата за графички дизајн повторно се вклучија во нова благородна мисија со изработката на реален проект. 

Дополнително, тие имаа и изложба во Едукативниот центар во скопската Зоолошка градина која беше отворена за посетители од 11 до 19 ноември 2023, но постерите ќе се користат и понатаму за едукативни цели. Победничките постери гордо ќе стојат покрај живеалиштето на црвеноушестата желка и локациите во Зоолошката на кои на гости најмногу доаѓаат пчелите.

 

 

5. Редизајн на веб-страницата на СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“

Денес, дизајнот на UX/UI игра клучна улога во обликувањето на корисничките искуства. Тука не станува збор само за естетика, туку и за оптимизирање на функционалноста, пристапноста и интуитивноста. Па, со таа цел студентите од Академијата за UX/UI дизајн работеа на редизајн на веќе постоечката веб-страница на СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Целта на проектот беше да се направи редизајн на веќе постоечката страница на Гимназијата Корчагин, да се додадат нови функционалности и да се најде најдоброто решение со цел да биде олеснето користењето на страницата. Од нас беше побарано за почеток да се изработи почетна страница каде што ќе биде прикажан кадарот и наставата, а од особено значење беше да се претстави Кариерниот Центар и настанот „Просветилка“ којшто се одржува секоја година и истиот е организиран од учениците“, ни сподели тимот.

 

 

6. Постер дизајн и видео за јубилејот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

Нашите студенти од Академијата за графички дизајн за време на online хакатон имаа 48 часовен предизвик и веднаш ја разбраа големината и важноста на задачата – да изработат дизајн на постер и видео за 70 годишнината од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 годишнината од издавањето на книгата „За македонцките работи”.

„Brainster и Академијата за графички дизајн покажаа навистина висок степен на професионалност, сериозност и отвореност за соработка. Најнапред им честитаме за целокупната организациска поставеност. Овој тим од млади луѓе, полни со ентузијазам и амбиција, покажаа врвен професионален однос. Темелно и сериозно пристапија кон проучување на нашите барања и цели. Беа достапни и подготвени да помогнат во секое време, точни и прецизни во работата. Во текот на работата имавме можност да согледаме дека тие, не само нам туку и на своите студенти им нудат безрезервна поддршка, насочувајќи и охрабрувајќи ги во работата. Позитивниот однос кон клиентите и кон студентите, почитта кон секого и тимскиот дух се нивни клучни двигатели, кои ги одликуваат како посебен бренд“, вели директорката на Институтот, д-р Елена Јованова-Грујовска.

 

 

7. Редизајн на веб-страницата на Донирај Компјутер

Студентите од Академијата за UX/UI дизајн имаа задача за непрофитната организација Донирај компјутер да направат user friendly редизајн на веб-страницата, која ќе ги задоволи потребите на нивната дејност.

„Клиентот бараше функции кои досега страницата ги немаше, секако, нови работи кои ќе привлечат повеќе луѓе да дознаат за нив, блог со нивните достигнувања, предизвици и приказни, воедно и начин како да се вклучат луѓе во организацијата и бидејќи им беше голема препрека, да биде место за централна комуникација. Но, најглавната цел беше да биде доволно јасна и едноставна за сите оние кои им треба компјутер или сакаат да донираат компјутер. Сакаа да има јасна и лесна форма за пријавување на учесници, доволно информации за секој кој ќе пристапи до страницата да биде јасно запознаен со вредноста на Донирај Компјутер“, ни сподели тимот за своето искуство.

 

 

8. Апликација за REDI рециклажа

Повеќе од 120 студенти и инструктори работеа на првиот live Хакатон, каде беа во потрага на решение за мобилна апликација и интерна апликација за REDI и REDI рециклажа која ќе ја поврзе организацијата со домаќинствата, ќе им го организира пристапот до селектираниот отпад на нивните формални собирачи (зелените агенти) и ќе им помогне поефикасно да комуницираат меѓусебе.

„Студентите на Brainster изработија платформа која ќе може да ги едуцира граѓаните да селектираат правилно, да влијаат на свесноста за да може да се селектира отпадот, меѓутоа и да ја олеснат работата на самите собирачи на отпад. Решенијата што ги понудија студентите се навистина добри, јас им кажав дека во овие простории на Brainster се најпаметните и најталентираните луѓе и навистина ми го потврдија тоа“, рече Асиб Зекир, извршниот директор на Зелени иницијативи и REDI рециклажа за решението што го добија од Brainster.

 

 

9. Визуелен идентитет и UX/UI дизајн за Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Оваа клиника имаше потреба од (ре)дефинирање на визуелниот идентитет како своевиден бренд, а воедно и јасно претставување на услугите што ги нуди на пациентите.

Марија Стојановска од Академијата за графички дизајн и Филип Бошков од Академијата за UX/UI дизајн на Brainster го креираа логото и визуелниот идентитет, како и UX/UI дизајнот за веб-страницата на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. 

„Добивме исклучително квалитетен производ, односно резултат на нашата соработка, кој со гордост ќе го користиме. Со нетрпение ги очекуваме сите проекти на кои ќе работиме заедно. Со реалните проекти со сигурност ќе го добиете решението кое ви е потребно и тоа ќе биде направено со исклучителна посветеност и професионализам кој ретко се среќава на друго место“, сподели Стефан Арсенков од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”.

 

 

10. Веб-решение и UX/UI дизајн за Специјална Олимпијада на Македонија

Како еден од најзначајните општествено одговорни проекти на студентите на Brainster е веб-решението за Специјална Oлимпијада Македонија. Проектот започна прво на Академијата за UX/UI дизајн, a студентите беа задолжени да направат целосен UX/UI дизајн и веб-страница. Откако беше одбрано победничкото решение, овој проект продолжи на 48-часовен хакатон на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање со цел студентите да го кодираат и „оживеат“ даденото решение.

По успешно завршениот процес на градење на целосна веб-страница за реален клиент кој вклучува тимска работа, добро координирање, и нормално солдино познавање на технологиите што ги користевме, мораме да кажаме дека сме многу задоволни и среќни затоа што изработеното решение ќе придонесува во животот на другите луѓе и ќе биде користено секојдневно“, ни споделија студентите.

 

Време е за твојата нова кариера, во професиите на новата ера!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај сега и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ 

Како до 1.000.000€? 🤫