Подгответе се за Project X – следниот голем пробив во образованието

После неколку успешни последователни години и одржување на квалитетот на образованието, Brainster продолжува да привлекува нови талентирани студенти, исклучителни инструктори и реномирани партнер-компании.

„Сѐ што правиме е во корист на нашите студенти. Студентите се во центарот на Brainster универзмот“. – вели Петар Ниновски, основачот на Brainster. Па така, како тим, активно и транспарентно споделуваме што нудат нашите академии и факултетот. Зборуваме за бенефитите и за програмите. Споделуваме инспиративни приказни од нашата заедница и со гордост ги покажуваме проектите на студентите, нивните задачи и победнички решенија. Редовно ги славиме успешните приказни и вработувањето кај нашите партнери – компаниите.

Сега, дојде ред да споделиме една друга успешна приказна, за тоа како поминала првата половина на годината во групацијата Brainster и како планираме да ни помине и следната.

Тимовите на Brainster, Brainster Next College и Brainster Albania продолжуваат ‘to beat all the odds’, да работат напорно и храбро за да им овозможат успешна кариерна траекторија на младите професионалци и на оние кои сакаат да ја реосмислат својата кариера.

Нови дрски и смели чекори во образованието 

Петар Ниновски најави дека е нужна нова етапа во образованието во Македонија! Повеќе не смеат да се дозволат ситни и премногу калкулирани чекори: на нашето високо образование му треба целосно реосмислување и храбри одлуки! Во Brainster секогаш сонуваме поголемо и поставуваме повисоки цели. Додека приватните и државните факултети се кријат зад минимални подобрувања кои не водат никаде, групацијата Brainster покажува вистинска смелост да направи разлика.

Што е следно за Brainster? Да направиме Disruption во образованието во Македонија! Со Project X, кој ќе го најавиме во блиска иднина (stay tuned!), ќе продолжиме да бидеме храбри и радикални и да правиме големи промени за талентираните и за ИТ-кадарот во регионот.  

Како лидери во едукативно-технолошкото образование кај нас, ја презимаме одговорноста да ја прошириме перцепцијата за она што е возможно да се постигне. Од есен, ќе отвориме и две нови атрактивни академии од индустријата. Во програмата на сите академии ќе имплементираме модули со вештачка интелигенција. Ќе воведеме програми за onboardings за професорите и нови методологии за учење. 

Ќе продолжиме да ги обликуваме и да ги обучуваме идните генерации и ќе продолжиме со остварување на нови партнерства и можности за нивно вработување. 

Brainster Job Fair 1.0 – првиот од многуте понатаму!

Успеавме и организиравме голем tech-настан, таков како што заслужуваат нашите студенти! Лидерката на „Партнерства“ Јана Тодоровска, ги покажа успешните резултати од настанот која таа го сметала за ѕвезда-водилка во својата кариера во Brainster. 

Brainster Job Fair се одржа во „Лабораториум“ со педесетина партнери составени од софтверски, регрутерски, телекомуникациски и медиумски компании, супермаркети како и компании од делот на финансии, осигурување и технологија.

Подготвивме 200 студенти со мокап интервјуа, им помогнавме да си ги средат своите портфолија, CV и LinkedIn профили и ги поканивме да ги запознаат своите идни соработници, работодавци и колеги на саемот. За многумина од студентите ова беше шанса да го имаат првото вистинско интервју и да го „скршат мразот“ во корпоративниот свет. 

На саемот сретнавме и некои од нашите алумни студенти, но сега од другата страна, како претставници на нашите партнер-компании.

Во тимот сѐ уште зборуваме и споделуваме импресии за успешноста на настанот, а веќе се „крчкаат“ и нови поголеми планови за Brainster Job Fair 2.0.

Доделивме 100 ваучери по 1000 евра!

Со над 3000 пријавени кандидати, илјадници повици, евалуација и стотици интервјуа, избравме 100 студенти на кои им доделивме ваучери од по 1000 евра и тоа во рекордно време: две недели пред истекот на рокот.

Зошто „Ваучери“? Затоа што решивме да инвестираме во талентите и во оние коишто се спремни да учат и да работат на своите вештини. Се организиравме и заедно со 10 наши партнер-компании решивме значително да им помогнеме на 100 студенти да ја започнат својата кариера. Токму тоа и го направивме!

Нова ера за Brainster Albania

Ако нашата кампања „Ваучери“ ќе им помогне на 100 студенти од земјата во својот професионален развој, тогаш зошто да застанеме овде? Јана Тодоровска, како новата лидерка на Brainster Albania најави лансирање на кампањата со парнерите и кај нашиот сосед, во Албанија. 

Brainster Albania продолжува да привлекува нови партнерства и да создава нови можности за студентите. А, досега се запишани првите четири групи кои ќе учествуваат во трансформирањето на ИТ-индустријата во Албанија.

Продолжуваме да бидеме #1 образование што вработува

Тимот „Партнерства“ секогаш најмногу се радува кога ќе се споделува новиот број на вработени студенти. Јана Тодоровска ги сподели полугодишните бројки и значителната промена што тимот „Партнерства“ ја има постигнато со својата работа. 

Со 2136+ вработени студенти, продолжуваме да го зголемуваме ИТ-кадарот во регионот и да им помагаме на најталентираните да стигнат до својата идеална работна позиција. На кој начин?

  1. Им нудиме можности на сите таленти преку иницијативи како „Ваучери“ и програмата „Студирај сега, плати по вработување“;
  2. Ги учиме студентите на релевантни вештини за денешните потреби на пазарот;
  3. Ги обучуваме на меки вештини со симулирање на работни средини и работење во тимови;
  4. Им помагаме да го збогатат своето работно портфолио со работа на реални проекти и за реални клиенти;
  5. Ги вработуваме најталентираните со помош на нашата заедница која брои 200+ партнер-компании.

Brainster е иднината на образованието 

Генералниот менаџер на Brainster Next, Александар Клашниновски, зборуваше за принципите и методологијата која го издвојува Brainster Next колеџот како акредитирана високообразовна институција од останатите приватни и државни факултети на регионот.

  1. Помалку теорија, повеќе пракса! 

Студентите на колеџот дизајнираат и кодираат на самите часови наместо да читаат и да учат како се прави. Иако како дел од практичните проекти има тестови, сепак централниот начин на оценување е преку практично знаење.

  1. Реални проекти, реални клиенти и реални продукти! 

Студентите на колеџот добиваат можност да работат за реномирани клиенти, можност која ретко кој од ИТ-кадарот ја добива. Последниот испит од годината е Имплементација на решение, каде секој студент го покажува своето стекнато знаење преку работа на реален проект. Во јуни, студентите од UX/UI и графички дизајн работеа на ребрендирање на ТАКСИРАТ, додека пак студентите од Софтверстко инженерство и иновации ја преираа првата платформа-агрегатор за културни настани (прва година) и aпликација за подобар увид во навиките на корисниците за Cineplexx (втора година).

Најдобар начин да се доближи динамичната атмосфера во работа со тимови и ограничен временски рок се хакатоните. Во јуни, во живо во просториите на Brainster се одржаа два 48-часовни хакатони за креативните и техничките академии за клиентот САВА Осигурување. Присутните колеги се запознаа помеѓу себе, ги споделија своите знаења и ги презентираа пред клиентите, а претставниците од Сава Осигурување беа воодушевено од резлутатите. Работата на овој хакатон има многу придонеси за студентите, а победничкото решение може да се искористи на ниво на цела групација во земјите на Сава Осигурување.

  1. Двомесечна пракса

Колеџот им овозжува пракса на студентите уште во текот на студирањето. На летниот распуст веќе учат како е да се работи во реална работна средина и ги прошират своите бизнис-контакти кај нашите партнери. Тоа им дава огромна предност на нашите студенти во компетативниот корпоративен свет.

  1.  „Студирај сега – плаќај по вработување

Brainster Next колеџот со проектот „Студирај сега – плаќај по вработување“ има цел да ги вклучи најдобрите и најталентираните кандидати со тоа што можат да студираат за 0 денари, а да плаќаат по вработување на 36 месеци без камата.

Brainster е заедница 

Brainster успеа да создаде растечка заедница која значително ја менува бизнис-климата во регионот. Еве како Brainster ја обликува образовната, но и корпоративната иднина во земјата: 

  • Создавање на тим од исклучителен кадар кој ја сфаќа главната мисија: вработување на талентираните студенти! Во фокусот на секој професионалец од тимот е самиот студент: од неговото запишување во академиите или колеџот до вработувањето во некои од нашите партнер-компании.
  • Привлекување на висококвалитетни инструктори, ментори и професори коишто преку современи методологии и пракса ги обучуваат студентите.
  • Обучување и градење на најновиот ИТ-кадар во регионот: нашите студенти! Овозможуваме пракса, работа на реални проекти, саеми за вработување, хакатони и работилници со цел да бидат подобри од сите на конкурентниот пазар и кога ќе излезат од нашите академии, да влезат веќе подготвени во реалната работна средина. 
  • Одржување и склучување на нови партнерства со реномирани и водечки компании. Соработката со нашите партнери овозможува да им обезбедиме на студентите работа со реални клиенти, можност за вработување и пракса, како и проширување на контактите во корпоративниот свет.
  • Интегритет! Brainster, освен што ги учи студентите на практични ИТ-вештини, преку реални проекти со работа во тимови ги учи и на меки вештини. Со тоа ги подготува студентите како да се однесуваат во реална работна средина, настапувајќи со интегритет во својата работа.

Кампањата е организирана од Brainster во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Brainster“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД). Comment end  

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА