Во динамичното време на брз технолошки развој, учењето нови вештини не треба да застане. Образованието, како најголем компас за иднината, е клучот за успешна трансформација кон професиите на новата ера.

За да се биде во чекор со новите професии, потребно е да се биде во тек со новитетите и промените во индустријата. Постојаното образовно и професионално надградување е императив, не само во ИТ-светот, туку во сите сфери и компании кои смело чекорат кон иднината. 

 

 

Затоа што ТИ заслужуваш повеќе!

Brainster (Бреинстер), како водечка едукативно-технолошка организација во Mакедонија, со своите иновативни програми, изминативе осум години успеа да се истакне како влијателен фактор во трансформацијата и развојот на образованието во нашата држава, во чекор со новата ера. Со квалитетно образование за вработување, преку технологија, иновација во учењето, работа на реални проекти и ангажирање на најдобрите експерти од практиката, континуирано работи на намалување на јазот меѓу образованието и индустријата.

Но, тука не застануваме со инвестиции и иновирање! Веруваме дека секогаш можеме повеќе и веруваме дека ТИ заслужуваш повеќе. Затоа правиме уште поголем чекор кон иднината лансирајќи ја најголемата иновација досега: новата програма Brainster+. 

 

 

Што е Brainster+ ?

Со Brainster+ најавуваме револуција во образованието! Станува збор за најголемата, најквалитетна и највредна едукативна понуда на нашиот пазар, која е развиена со најсилните човечки ресурси во нашата држава. Во нејзината реализација се вклучени најдобрите експерти и практики од индустријата.

Brainster+ е супериорна програма која ќе ти даде супериорна предност во професиите од новата ера. 

Плусот во називот на програмата ја претставува и нејзината суштина. Тоа е плусот што сакаме да им го дадеме на нашите студенти, со кој ќе ја зголемиме нивната вредност. 

Првпат во една понуда ти ги нудиме сите 9 ФАКТОРИ потребни за вработување што ги бара индустријата!  Досега преку Brainster Академиите на нашите студенти им нудевме 6 ФАКТОРИ со кои имаа предност на пазарот на трудот. Тоа се:

  1. Учење преку работа на реални проекти.
  2. Грижа за студентите и поддршка при учењето.
  3. Програма изградена во партнерство со компаниите. 
  4. Професорски тим со експерти од индустријата.
  5. Двојна сертификација.
  6. Можности за вработување.

 

Отсега со Brainster+ ќе добиеш ПЛУС 3 ФАКТОРИ кои ќе ја зголемат твојата предност:

  1. Вештини за вработување – за побрз пат до идната кариера.
  2. Напредни технички вештини – за поголем избор при вработување. 
  3. Вештини за AI – за работни позиции во ерата на вештачката интелигенција.

 

 

Сите 9 фактори за вработување во една супериорна програма
ФАКТОР 1: Учење преку работа на реални проекти

Најдобро се учи преку пракса! Со ангажман на реални проекти за реални компании за време на академиите, нашите студенти добиваат искуство кое ќе им даде поголема компетитивност при аплицирање за нова работа, односно ќе ја зголеми нивната вредност во самите компании. Со искуствата стекнати на овие проекти ги збогатуваат своето CV и работно портфолио, а истовремено даваат свој придонес кон заедницата. Со работата на реални проекти истовремено бенефит имаат и студентите и компаниите. Нашите студенти досега имаат реализирано повеќе од 300 реални проекти. Во основата на голем дел на проектите е „tech for good“, односно користење технологија за да се стигне до вистинска промена. 

 

ФАКТОР 2: Грижа за студентите и поддршка при учењето

Поттикнати од идејата студентите да добијат вистинско насочување во образованието според нивните интереси и квалитети, ја заменивме класичната студентска администрација, односно т.н. „студентски прашања“, со програма за  грижа за студентите и поддршка при учењето водена од Student Success тимот. Овој тим се грижи за одржување на квалитетот на програмите и задоволството на студентите, со цел да им овозможи успешно да ги совладаат сите предизвици во текот на образовниот процес и да ги подготви за следниот чекор – влез во индустријата.

 

ФАКТОР 3: Квалитетна програма и програма изработена во партнерство со компаниите 

Преку стручниот тим на Program Operation им овозможуваме на нашите студенти да учат од програми изработени по Program Gold Standard. Овој тим, освен тоа што подготвува квалитетна образовна програма, дополнително константно ја приспособува според барања на индустријата. 

 

ФАКТОР 4: Професорски тим со експерти од индустријата

На нашите студенти им овозможуваме да учат од практичари, професионалци од компаниите, како и професори кои освен теоретската подготвеност, имаат значајно искуство и од индустријата.  

 

ФАКТОР 5: Двојна сертификација

Вредноста на двата сертификати што ќе ги добиваат нашите студенти е огромна – од една страна, тие се признаени од индустријата, и тоа не само кај нас, туку и меѓународно со оглед на фактот дека 52% од компаниите кои вработуваат наши студенти се странски компании. Од друга страна, се издава и сертификат од акредитираната високообразовна установа Brainster Next College, што е доказ дека курикулумот на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди. 

 

ФАКТОР 6: Поддршка при вработување на студентите 

Преку оваа програма им овозможуваме на студентите поддршка во процесот на вработување. Од подготовка за интервју, пополнување на CV-то, па сѐ до поврзување со некои од 150+ македонски и интернационални компании кои се наши партнери.

Само во последните две и пол години нашиот Partnerships тим им помогнa на над 800 наши студенти да си ја најдат работата од соништата. Од друга страна, овој тим им помага и на компаниите да дојдат до квалитетен, високостручен кадар. 

 

ФАКТОР 7: ПЛУС вештини за вработување 

Во овој пакет нудиме седум курсеви со меки вештини, или вештини за вработливост. Без разлика на која академија сте, овие вештини ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната кариера. Тоа се вештините што компаниите денес ги бараат од новите и од тековните вработени.

Со совладување на овие курсеви, секој студент ќе добие знаење со кое ќе ги подобри своите вештини за комуникација, лидерство, критичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, подобра организација на своето време и обврски, креативноста и иновативност.

 

ФАКТОР 8: ПЛУС напредни технички вештини 

Нашиот тим разви специјализирана програма за секоја академија поединечно, со ПЛУС напредни технички курсеви. Со нив студентите од секоја академија ќе го добијат ПЛУСОТ кој им недостига за да се профилираат во други или слични професии или, пак, да добијат можност да мигрираат на различни позиции во рамките на компаниите. Со овие ПЛУС вештини ќе добијат многу повеќе квалификации и можности при вработување.

 

 ФАКТОР 9: ПЛУС вештини за AI 

Новата ера е сега и тука, и сметаме дека нашите студенти заслужуваат повеќе, заслужуваат да имаат можност да ги научат вештините и предностите на AI алатките, кои ќе им ја олеснат работата, ќе ги подобрат нивните перформанси и, секако, ќе ги направат поконкурентни во професиите од новата ера! 

 

 

Разликата е повеќе од очигледна!

Во споредба со другите понуди на образовните центри во нашата држава, Brainster досега има(ше) голема предности. Но, со Brainster+ имаме супериорна предност пред сè што е понудено досега на планот на образование!

Ако досега беа потребни 1-4 месеци за вработување по завршување на Brainster Академиите, отсега тој процес ќе биде уште побрз. Исто така, и кариерната трансформација ќе се случи побрзо. Ако досега студентите имаа предност при вработување на една позиција – сега ќе имаат повеќе опции за работа. Ако досега требаше повеќе искуство и експертиза за основање свој стартап – отсега сами ќе ги лансирате и водите своите проекти. Со Brainster+ разликата е повеќе од очигледна! 

 

Со Brainster+  зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Избери програма со најбараните вештини за вработување, кои ќе ти овозможат побрз пат до посакуваната кариера. 

Аплицирај сега! Биди меѓу првите што ќе го добијат супериорниот едукативен пакет Brainster+ со ексклузивен попуст од 500 евра, до 29.12.2023!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!