Happy November, everyone! 🎃

Оваа година славиме 8 години Brainster со повеќе од 11.500 студенти, две акредитирани програми на првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next College, отворање претставништво во Албанија и раст од речиси 100% во последните две години.

Она што нѐ обединува е заедничката страст да ја поддржиме дигиталната трансформација на глобално ниво преку креирање на образование за вработување и подобра иднина за многу луѓе во целиот процес. 

Па така, новостите од месец октомври се однесуваат на: приказната на Brainster, одржување на најголемиот live хакатон на Балканов, новите успеси на нашите студенти и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

Дознај повеќе за последните новости од Brainster заедницата

 

 

8 години Brainster!

Приказната на Brainster започна со силна желба и јасна визија – да создадеме образование за иднината и успешен пат на секој наш студент до посакуваната кариера. Изминатите 8 години низ нашите иновативни образовни програми поминаа повеќе од 11.500 студенти, а нашиот тим се зголеми на 70 вработени. Изградивме тим од 150 инструктори – искусни професионалци од индустријата и воведовме уникатна програма за вработување. По успехот на нашите добропознати академии го основавме и Brainster Next College, првиот акредитиран практичен ИТ-факултет, а се проширивме и во соседството со отворање на Brainster Albania. Прочитај повеќе за:

 

 

AirCare хакатон 1: Градиме платформа за пријавување загадување во Скопје

Сите имаме право да дишеме чист воздух, бараме решение за проблем кој нѐ засегнува сите… Ова се зборовите со кои студентите го опишаа последниот live хакатон што се случуваше на 7 и 8 октомври во соработка со AirCare. 100 студенти од вкупно 4 академии (UX/UI дизајн, графички дизајн, дигитален маркетинг и Project & Product Management), 48 часа посветено работеа на платформата Breathe.mk која во иднина ќе ја користат граѓаните и ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспектори за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе!

 

 

Преземи контрола – пријави загадувач: Време е заедно да направиме да биде подобро за сите

На првиот AirCare хакатон учествуваа 100 студенти од Академиите за дигитален маркетинг, графички дизајн, UX/UI дизајн и Project & Product менаџмент и презентираа 8 решенија за платформа која ќе помогне во битката на нашата генерација со загадениот воздух. По презентацијата пред нашиот клиент, победничкото место му припадна на тим 2, составен од членовите: Борјан Ристески, Марио Трајкоски, Оливер Вељаноски, Антонио Јованоски, Јана Јовановска, Миле Митев и Богдан Илиевски. Дознај повеќе! 

 

 

AirCare хакатон 2: Над 150 студенти на најголемиот Brainster live хакатон ја креираа апликацијата за пријавување загадување

Најголемиот live хакатон досега во регионот, кој истовремено беше и најдолг, траејќи 49 часа, се одржа викендов во организација на Brainster во партнерство со стартапот AirCare (Мој Воздух). 150+ студенти од 5 Brainster Академии и Brainster Next College, поделени во 12 тима работеа на апликацијата Breathe.mk, за пријавување загадување на воздухот во Скопје, која во иднина ќе ја користат граѓаните. Дознај повеќе!

 

 

Дали знаевте дека Академијата за Software Testing на Brainster е најпопуларната академија во Македонија?

Ни претставува посебно задоволство да објавиме дека Brainster Академијата за Software Testing, три години по лансирањето има дури 754 запишани студенти, односно полни 28 групи. Дознај повеќе како оваа Академиј ја стекна својата репутација и стана првиот избор за оние кои се стремат да станат идни софтвер тестери.

 

 

Нов „teaching“ партнер: Flowd ги специјализира студентите на Brainster за B2B LeadGen, E-mail Marketing

Возбудливи вести од нашиот Partnerships тим. Иновативната и брзорастечка британска дигитална агенција Flowd, која е добитник на престижната награда „New Agency to Watch“ за 2023 година, е нашиот нов соработник од индустријата и првиот teaching партнер. Во рамките на оваа соработка, 15 студенти од нашата Академија за дигитален маркетинг учествуваат на курсот „B2B LeadGen, E-mail Marketing“. Обуката ја спроведува Билјана Арсовска, Маркетинг тим лидер на Flowd во Скопје. Дознај повеќе!

 

 

Завршен проект на Академијата за Data Science

Студентите од Академијата за Data Science имаа задача да ги изработат нивните завршни проекти, а со тоа и да ја комплетираат програмата на една од најинтензивните Академии. Целта на овој проект беше да се искористи стекнатото знаење од предавањата за да се креира успешен модел за predictive eye tracking за клиентот Impala. Дознај повеќе!

 

 

Академија за графички дизајн – Завршен проект: Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски” 

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да креираат лого и бренд идентитет за клиентот Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Дознај повеќе!

 

 

Академија за UX/UI дизајн – Завршен проект: Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за UX/UI дизајн имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да креираат целосен UX/UI дизајн на веб-страница за клиентот Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Дознај повеќе!

 

 

Со тимска работа и голема посветеност до победничко решение за Eco Food Concept

Студентите на Академијата за дигитален маркетинг имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да креираат бренд стратегија за клиентот Eco Food Concept. Дознај повеќе!

 

 

Академија за графички дизајн – Завршен проект: Eco Food Concept

Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да ги изработат своите завршни проекти, а со тоа да ја комплетираат програмата. Нивната задача беше креирање на лого и бренд идентитет за клиентот Eco Food Concept. Дознај повеќе! 

 

 

Со нетрпение чекам да стекнам нови вештини од областа на лидерството и менаџментот

Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент. Запознај ја Маријана Богданоска – студент на Академијата за лидерство и менаџмент, која смета дека во време на неверојатно брзи промени, да се биде лидер е навистина огромен предизвик. Дознај повеќе!

 

 

Запознај ги инструкторите – Михајло Тунев

Запознај го Михајло Тунев – нашиот нов инструктор на Академијата за графички дизајн. Тој е Brand Identity & UI дизајнер со 5 години искуство, и ги предава модулите „Историја на дизајн“, „Методологија на дизајн“ и „Постер дизајн“. Дознај повеќе!

 

 

Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Ивана Шутова, Миле Митев, Мартин Чубриноски, Елена Стојановска, Теодора Трајковска, Богдан Глишиќ, Христина Василевска Димчевска, Драгана Коцеска кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

 

5 работи кои ги научивме од маркетинг предавањето со Ива Дујак

Како се креира успешна маркетинг содржина во време кога сите имаме пристап до огромен број на информации и зошто е важно градењето релација со идните потрошувачи? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Ива Дујак – инструктор на Академијата за дигитален маркетинг, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме 5-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!

 

 

7 работи кои ги научивме од предавањето за Software Testing со Денис

Кои се вештините што ги поседуваат успешните софтвер тестери, како размислуваат и кои методи ги користат? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Денис Бојковски – инструктор на Академијата за Software Testing, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме седумте најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster  ❤️

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!