Нов „teaching“ партнер: Flowd ги специјализира студентите на Brainster за B2B LeadGen, E-mail Marketing

Покрај тоа што обезбедува квалитетно образование за вработување, Бреинстер (Brainster) на своите студенти им овозможува работа на реални проекти, за реални компании. Преку тимот „Партнерства“ е во постојана потрага по нови соработници од индустријата, овозможувајќи им практична работа на студентите, но и можност за вработување. Оваа успешна формула, за намалување на јазот меѓу образованието и индустријата, Бреинстер ја практикува со над 150 компании од нашата земја и од странство. Благодарение на оваа практика, се бележат дури 734 вработувања на студенти, само во последните две и пол години. 

Иновативната и брзорастечка британска дигитална агенција Flowd, која е добитник на престижната награда „New Agency to Watch“ за 2023 година, е новиот соработник од индустријата и првиот teaching партнер на Бреинстер. Во рамките на оваа колаборација, 15 студенти од Академијата за дигитален маркетинг на Бреинстер учествуваат на курсот „B2B LeadGen, E-mail Marketing“.

Покрај курсот, кој е спонзориран од Flowd, талентираните маркетери ќе добијат шанса да станат дел од тимот на оваа организација. Обуката ја одржи Билјана Арсовска, која е дел од тимот на Flowd.

 

 

Манчестер виа Скопје

Со иновативниот пристап при креирање продажни кампањи, кои постојано обезбедуваат нови бизнис лидови за B2B клиенти, Flowd изминатите години успешно генерира лидови за реномирани светски брендови како: Sony, Chanel, IКЕА, Casio, H&M и Barcelona FC. 

Едно од најновите достигнувања на Flowd, чие главно седиште е во Манчестер, Велика Британија, е прошитувањето и на европско тло. Поточно, на повеќе од 2200 километри оддалеченост, во Скопје, го отвори своето ново претставништво. 

Една од ко-основачите и Маркетинг директорка (CMO) на Flowd, Eшли Холмс вели дека е многу горда на оваа експанзија надвор од Велика Британија.

„Ни претставува големо задоволство што го најавуваме проширувањето на Flowd во Скопје, само три месеци откако го воспоставивме нашето присуство во Манчестер. Со осум исклучителни членови на екипата Flowd, кои се веќе во нашиот нов меѓународен центар, создаваме централен работен простор кој го означува почетокот на нашето глобално проширување. Овој пресврт е сведоштво за нашата посветеност на растот на бизнисот и зголемувањето на нашиот извонреден тим. Со нетрпение ја очекувам мојата претстојна посета на нашата нова канцеларија. Возбудени сме и подготвени да се впуштиме во оваа значајна фаза, зацврстувајќи ја позицијата на Flowd како водечки бренд за B2B LeadGen, E-mail Marketing“,  истакнува Холмс. 

 

 

Бреинстер – прв избор за регрутирање квалификувани студенти

Flowd не е само агенција за дигитален маркетинг, тие се посветен, иновативен и грижлив тим со мисија да го редефинираат светот на маркетингот. Постојано се во потрага по индивидуалци кои ќе одговорат на предизвикот. Бреинстер бил првиот избор на Flowd, кога се појавила потреба од регрутирање на нови кадри од Македонија. 

„Како млада, амбициозна и брзорастечка компанија, постојано сме соочени со предизвикот за наоѓање на квалитетен кадар. Се одлучивме за Бреинстер од едноставна причина што кога ни дојде идеја за ваков тип на соработка – Бреинстер  беше првата едукативна организација што ми падна на ум. Го следам растот на оваа организација од прв ден, и отсекогаш сум го почитувала неформалниот пристап што го има кон образовниот процес. Сметам дека секој студент на Бреинстер ги поминал првите предуслови за да се вработи во Flowd  – посветеност, самодисциплина и желба за растење. Со други зборови – вие нудите добри студенти, ние бараме добри идни маркетери. Сето ова прави да бидеме одличен фит за соработка“, вели Билјана Арсовска, која е Маркетинг тим лидер на Flowd во Скопје.

Flowd не се фокусира само на надворешните аспекти на бизнисот, тие исто така даваат приоритет на благосостојбата на својот тим. Во Flowd се верува дека грижата за своите вработени е најважна, за да можат тие да обезбедат исклучителни резултати на клиентите. Затоа нудат низа на поволности и бенефити што го прават работењето во оваа маркетинг агенција навистина наградувачко искуство. Работејќи како модернизирана компанија, тие нудат хибридни работни опции и флексибилност. 

„Постојано бараме нови таленти да ни се придружат во тимот во Скопје. Секој којшто работел со регрутирање знае дека пронаоѓање на вистинските луѓе е една од потешките предизвици на секој брзорастечки бизнис. Затоа, целта е преку курсот „B2B LeadGen, E-mail Marketing“ што го организираме со Бреинстер, да им понудиме работа на оние студенти кои ќе се истакнат и ќе ни остават добар впечаток“, додава Арсовска.

 

 

„Буст“ за бизнисите да напредуваат за само 14 дена

Flowd е компанија која постојано се развива. Нивниот опсег на маркетинг услуги е дизајниран да ги поддржи плановите за раст на клиентите и да ја поттикне продажбата. Оваа компанија се издвојува како стратешки партнер, ги користи увидите во индустријата кои се засноваат на податоци, за да изградат маркетинг кампањи кои надминуваат традиционалните канали, а сето тоа без да се потпираат на потрошениот буџет за реклами.

Главиот извршен директор и коосновач на компанијата, Мич Клејтон,  вели дека главна мисија на Flowd е да им помогне на бизнисите да напредуваат и да растат, често за само 14 дена.

„Приказната на Flowd започна од малечка спална соба во Болтон, а денес, ние сме наградуван тим со над 20 вработени, со канцеларии во Манчестер и Скопје. Ние сме специјализирани за ставање на продажбата на автопилот, гарантирајќи брза и значајна генерација на лидови преку хипер-насочени излезни кампањи. Нашиот успех вклучува отворање можност, клиентите да обезбедат договори со познати светски брендови како:  Sony, Chanel, IКЕА, Casio, Just Eat, Halfords, Decathlon, H&M, Natwest, Barcelona FC..“, вели тој. 

 

Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за партнерства! Kонтактирајте нѐ на [email protected]

*Текстот првично е објавен на LinkedIn во англиска верзија.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА