Запознај го Мартин Чубриноски – алумни студент, а воедно и Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање кој се реши да направи комплетна кариерна трансформација.
По комплетирање на програмата, Мартин ја започна својата кариера како Junior React Developer во компанијата Pabau.
Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво! Јас сум Мартин Чубриноски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање. Би кажал дека Академијата е вистинското место за сите ентузијасти што сакаат да ја променат својата кариера или пак да го надградат своето знаење. Доколку си решен за успех, не постои никаква пречка.
Зошто баш Front-End програмирање?
Бидејќи претставува реална слика за тоа колкава моќ поседува кодот.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата ги исполни моите очекувања во целост. Не ни претпоставував дека ќе учам од инструктори кои се професионалци од индустријата. Секоја чест!
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Искрено, на почеток се сомневав и не верував дека ќе можам да го совладам обемниот материјал и интензивната програма на Академијата за Front-End програмирање, но на крајот резултатите покажаа дека редовно повторување и вежбање е вистинската формула за успех.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Би ги издвоил модулите React i Next.js бидејќи тука веќе сфаќаш какви сѐ алатки имаш на располагање. Дополнително, одговараат за секаква употреба.
Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Junior React Developer во компанијата Pabau. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
Учење, вежбање, аплицирање, неизвесност. Со препорака и апликација во мое име, тимот на Бреинстер конечно ми ги отвори вратите кон посакуваната цел.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Сѐ уште е рано да кажам, но сигурен сум дека ќе вклучува континуирано учење и постојано усовршување.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?
Доколку некој смета дека поседува желба и дисциплина да направи кариерна трансформација кон областа на програмирање, тогаш тимот на професионалци што го поседува Бреинстер е незаменлив.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!