Со нетрпение чекам да стекнам нови вештини од областа на лидерството и менаџментот

Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент.

Во оваа блог објава, имате можност да ја запознаете Маријана Богданоска – студент на Академијата за лидерство и менаџмент, а воедно и дел од Student Success тимот на Brainster.

Сметам дека во време на неверојатно брзи промени, да се биде лидер е навистина огромен предизвик. Покрај секојдневните предизвици поврзани со водење бизнис, работата со тимот и сè поврзано со него е веројатно најтешкото нешто со кое се соочува секој кој дошол на лидерска позиција“, ни сподели таа.

 

Го имаме задоволството да си поразговараме со Маријана за нејзиниот мотив да се приклучи на Академијата за лидерство и менаџмент

 

Здраво Маријана! Ти посакуваме добредојде на Академијата за лидерство и менаџмент. Сподели ни нешто повеќе за тебе – која е Маријана?

Здраво и од мене! Јас сум Маријана Богданоска, дел од Student Success тимот во Brainster. Љубител на добра храна, книги, филмови и дружба со блиски луѓе. Исто така, сум и човек кој постојано сака да се надградува, лично и професионално, а нешто во што особено уживам се патувањата.

 

Зад себе имаш многу интересни искуства. Раскажи ни за твоето кариерно патување и најголемите достигнувања.

Моето кариерно патување започна пред отприлика 10 години и оттогаш имав можност да направам неколку кариерни промени. Започнав како customer support specialist со цел да го унапредам францускиот јазик, што беше и мој примарен јазик за време на студирањето. Продолжив како наставник по француски јазик. Долго време бев дел и од невладиниот сектор, искуство за кое можам да кажам дека најмногу влијаеше на мојот личен и професионален развој, за на крај, пред точно една година, да станам дел и од тимот на Brainster.

 

Според тебе, кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат младите менаџери и лидери во денешниот бизнис свет? 

Сметам дека во време на неверојатно брзи промени, да се биде лидер е навистина огромен предизвик. Покрај секојдневните предизвици поврзани со водење бизнис, работата со тимот и сè поврзано со него е веројатно најтешкото нешто со кое се соочува секој кој дошол на лидерска позиција. 

 

Што влијаеше на твојата одлука да се запишеш на оваа програма?

Со оглед на тоа што магистерските студии ми беа од областа на бизнис менаџментот, уште во првиот момент кога дознав дека ќе се лансира Академијата за лидерство и менаџмент знаев во кој правец сакам да го продолжам своето професионално надградување. Кратко по мојата одлука, добив можност и да го следам развојот на програмата на оваа академија во соработка со инструкторскиот тим, што дополнително ми потврди дека го направив правилниот избор, така што едвај чекам да започнам. 

 

Преку учеството на оваа Академија, кои знаења или вештини очекуваш да ги стекнеш?

Иако знам дека ќе научам доста нови работи и ќе стекнам нови вештини за време на техничките модули, како Marketing in the digital era, Business and data analytics и останатите, области кои за мене се речиси целосно непознати. Сепак она на кое посебно се радувам е што ќе стекнам нови и ќе ги доразвијам своите меки вештини преку модулите Personal leadership и People leadership, нешто што сметам дека е од особена важност за еден лидер денес.

 

Кои специфични области на лидерството и менаџментот очекуваш да ги зајакнеш со изучување на оваа област и примениш во твоето работење?

Она што ми е особено важно во моментов е се надградам во делот на водење тим. Би сакала да го пронајдам својот лидерски стил, а воедно и да научам како да креирам работна средина која ги поттикнува перформансот, мотивацијата и тимската работа, што секако доведува и до поголеми резултати, но и поголемо задоволство кај тимот. 

 

За крај, гледајќи наназад на твоето кариерно патување, каков совет би им дала на останатите кои се стремат да станат идни лидери и менаџери додека се трудат континуирано да учат нови работи?

Fail again, fail better е нешто по што се трудам да се водам и самата. Сметам дека успех не се постигнува без грешки. Така што, она што би им го препорачала на сите е да не се плашат да погрешат, напротив грешките да им бидат мотив да бидат подобри.

 

.*Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Brainster, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.

Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.

 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.