Запознај ја Христина Василевска Димчевска – алумни, а воедно и Dream Team студент на нашата Академија за Project & Product менаџмент, која се реши да ги надгради своите знаења и вештини и започна да работи како проектна менаџерка во Бизнис Акселератор УКИМ (BAU).
Дополнително, Христина е дел и од победничкиот тим на проектот Application development за клиентот When in Krusevo.
Си поразговаравме за нејзиното искуство и новото работно место
Здраво Христина, ние од Академијата за Project & Product Management те познаваме, но што би споделила за останатите?
Моето име е Христина и сум алумни на Академијата за Project & Product Management. Работам како менаџерка на проекти и програми повеќе од 15 години и имам искуство во пишување проекти, имплементирање и нивно затворање, односно подготовка на извештаи. Кога започнав со Академијата работев во Фондацијата Отворено општество – Македонија како менаџерка на проект, а сега работам во Бизнис Акселератор УКИМ (БАУ) на иста позиција.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. По завршувањето на Академијата, стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за Project & Product Management?
Желбата за Project & Product Management ја имам уште од периодот кога бев волонтер. Практично, проектниот менаџмент го практикувам уште од средно училиште како волонтер во Мултикултура, организација од мојот роден град Тетово. Во текот на кариерата и професионално се развивав преку унапредување на знаењата за проект менаџмент. Она што ми недостасуваше беше како да го употребам знаењето кое го поседувам во различни области и индустрии и да научам повеќе за различните методологии кои се користат.
Во однос на Product Management за мене беше нешто ново и интересно. Особено што не поседував никакви предзнаења, но во текот на Академијата (особено поради мотивацијата од инструкторите) сфатив дека е нешто што би го работела и го сметам како предизвик за идна кариера.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Тимската работа беше суштината на Академијата. Кога зборуваме за Project & Product Management мора да сфатиме дека никој не може да работи сам. Напротив, тимот е тој кој е одговорен за резултатите, без разлика дали се позитивни или негативни. Од самиот почеток јас имав можност да работам во тим со прекрасни луѓе и пред сѐ врвни професионалци. Секој од нас беше различен (како што впрочем најчесто се случува во еден тим), но сите меѓусебно се дополнувавме.
Практичните задачи и домашните всушност помагаат сѐ она што е научено како теорија да остане запаметено и да не се заборави брзо. Верувам дека ќе се сеќавам и ќе го применувам она што го научив благодарение на проектите на кои тимски работевме.
Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?
Се гордеам што сѐ во животот постигнав со многу труд и напорна работа. Од секое работно место учев многу, но и се вложував максимално за тимски да ги оствариме зацртаните резултати. Започнав како волонтер, искуство кое им го препорачувам на сите и потоа продолжив со менаџирање на помали, па поголеми проекти, менаџирање на програми. Професионално се доусовршував за да научам повеќе за следење на проектите, како и финансиско менаџирање.
Така што верувам дека во моето кариерно патување се стекнав со сите знаења кои треба да ги поседува еден проект менаџер и сега по завршувањето на Академијата можам да кажам за себе дека сум професионална проектна менаџерка, која може да имплементира проекти од различни области.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата БАУ Акселератор. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
БАУ е нешто ново за мене и верувам дека имам многу што да научам од тимот, кој поседува исклучително знаење. Акселераторот е формиран во 2018 година и иако работи пет години има навистина широко портфолио на инвестиции во стартапи, спроведени проекти и остварена соработка со многу засегнати страни од македонскиот иновациски екосистем.
Воедно БАУ од оваа година е и Национален секретаријат на European Institute of Innovation and Technology (EIT) за Северна Македонија, што дополнително ја зајакнува неговата улога во поврзување на бизнисите со можностите за инвестиции.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За 5 години се гледам како дел од тим кој е посветен на промени и кој се гордее на успесите, а учи од грешките. Тим за кој проектите се повеќе од работа, а клиентите многу повеќе од спонзори и нарачатели на проектот.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат Project & Product Management?
Project & Product Management е Академија која може да ја посетува секој кој сака да научи нешто дополнително, како и да го официјализира своето знаење. Секако, секое предзнаење е предност, но Академијата е така конципирана за да може секој да се пронајде. Сите ние менаџираме животни проекти (одредено ниво на образование, забава, свадба, комплетирање на Академијата за Project & Product Management) сите овие настани се проекти, па оттука, сметам дека секој кој ужива да поставува цели и да работи на нивно остварување може да биде проект менаџер.
Единствено би ги советувала да бидат посветени и да одвојат време за предавањата и задачите. Иако се работи за неформално образование, воопшто не наивно, инструкторите се посветени и бараат активност од студентите што на крајот резултира со квалитетна програма од која бенефит имаат сите.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!