New Year, New Goals!
Во исчекување на празничната сезона, полека ја затвораме 2023 година, oдносно годината на големите достигнувања, иновации и научени лекции.
Во новата година те охрабруваме да го направиш првиот чекор и да си поставиш нови цели кои ќе се трудиш да ги исполниш. Без разлика дали се работи за лични, академски или професионални. Убедени сме дека со континуирано учење и постојани напори ќе успееш да ги оствариш истите.
Како што почнуваме да кроиме планови за нашите цели во 2024 година, да погледнеме наназад и да се потсетиме на најважните моменти коишто го одбележаа декември.
- 10 студенти кои постигнаа најголеми успеси во 2023
Од средношколци, актери, правници, педагози до кариерни трансформации како програмери, дизајнери, тестери и маркетери, големиот број на успешни приказни ги прикажуваат резултатите што призлегуваат од Brainster заедницата. Дознај повеќе!
- Учење преку пракса: Најдобрите 10 реални проекти изработени од нашите студенти
Студентите на академиите на Brainster постојано работат на реални проекти за реални клиенти и имаат можност да дадат придонес кон заедницата. Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Зоолошка градина, Air Care, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, и многу други организации добија нови, иновативни и дигитални решенија креирани од страна на студентите на Brainster. Дознај повеќе!
- Дури 64% од студентите на Brainster во 2023 се дојдени по препорака
Во Brainster, задоволството на студентите е секогаш на првото место, а тајната за нашето достигнување лежи во едноставен, но моќен принцип: „изгради квалитетен производ, и луѓето сами ќе дојдат“. Овaа година, 64% од студентите на Brainster се запишани врз основа на препораки од пријатели, алумни или членови на Brainster заедницата, што е моќен доказ за ефективноста на оваа филозофија во нашата организација. Дознај повеќе!
- Како Brainster+ ќе те подготви за кариера на новата ера?
Во динамичното време на брз технолошки развој, учењето нови вештини не треба да застане. Образованието, како најголем компас за иднината, е клучот за успешна трансформација кон професиите на новата ера. Brainster+ е супериорна програма која ќе ти даде супериорна предност во професиите од новата ера. Дознај повеќе!
- Brainster+ е нашата најголема иновација и инвестиција во иднината на студентите
BRAINSTER+ е нашата најнова и најголема иновација досега, од која веруваме дека корист ќе имаат десетици илјади наши студенти во наредните неколку години. Студентите отсега добиваат дополнителни курсеви за напредни вештини што ќе ги направат најконкурентни на пазарот на трудот. Дознај повеќе!
- 15 талентирани маркетери ги надградија своите знаења и вештини преку партнерството со Flowd
Првиот teaching партнер, наградуваната маркетинг агенција од Манчестер – Flowd, ни помогна во нашата мисија да го подобриме искуството и вештините на нашите студенти. Преку ова партнерство, 15 талентирани маркетери од Академијата за дигитален маркетинг имаа можност да ги надградат своите знаења на курсот „B2B LeadGen, E-mail Marketing“. Дознај повеќе!
- Како дигиталната агенција Пиксел вработи 7+ студенти од Brainster
Brainster има нов партнер за вработувања – агенцијата Piksel со целосно дигитални услуги на пазарот и која ги охрабрува поединците и поттикнува креативност веќе 10 години. Во текот на изминатите години, Piksel го прошири својот тим со 7+ талентирани студенти на Brainster, на кои им е заедничка желбата да стекнат нови вештини и да го надградат она што веќе го научиле на академиите. Дознај повеќе!
- Победничко решение за Coffee Shop 091
Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Нивната задача на модулот „Дизајн на пакување“ под менторство на Дијана Димитриевска, беше да креираат дизајн на чашки за Coffee Shop 091. Дознај повеќе!
- Академија за дигитален маркетинг – Завршен проект: Винарија Стоби
Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да ги изработат своите завршни проекти. Проектот на којшто се работеше беше дигитална маркетинг стратегија за Stobi Winery – Винарија Стоби, под менторство на инструкторите Ива Дујак, Златко Матески и Марко Ивановски. Дознај повеќе!
- Студентите од Академијата за графички дизајн изработија едукативни постер дизајн решенија
На модулот „Постер дизајн“ под менторство на инструкторот Михајло Тунев, студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер дизајн за Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје. Двата победнички постери за дивите пчели и црвеноушестите желки, на нашите студенти Петар Велковски и Елена Босилковска ќе бидат поставени на соодветни места во Зоолошката. Дознај повеќе!
- Победничко решение за клиентот Пари
Студентите од Академијата за Project & Product менаџмент имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да креираат целосен project management план и анализа на пазарот за финансискиот медиум Pari. Дознај повеќе!
- Бидете отворени кон новите предизвици и комбинирајте го вашето знаење со практично искуство
Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент. Во оваа блог објава, имате можност да го запознаете Влатко Тучев – студент на Академијата за лидерство и менаџмент, а воедно и Data Scientist во tech тимот на Brainster. Дознај повеќе!
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на Мартин Стоиловски и Христијан Митров, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️