Бидете отворени кон новите предизвици и комбинирајте го вашето знаење со практично искуство

Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент.

Во оваа блог објава, имате можност да го запознаете Влатко Тучев – студент на Академијата за лидерство и менаџмент, а воедно и Data Scientist во tech тимот на Brainster.

„Во овој свет на неизвесност и технолошки промени, нашата одговорност како млади лидери е да се адаптираме на брзите промени, да сме проактивни во препознавање на иновациите и да ги искористиме како прилика за наш исклучителен раст и развој“, вели тој. 

 

Го имаме задоволството да си поразговараме со Влатко за неговиот мотив да се приклучи на Академијата за лидерство и менаџмент

 

Здраво Влатко! Ти посакуваме добредојде на Академијата за лидерство и менаџмент. Сподели ни нешто повеќе за тебе – кој е Влатко?

Здраво, здраво! Пред сѐ, ми е многу мило што сум дел од оваа авантура и што имам можност да си го надградам знаењето во оваа сфера. Се гледам себеси како упорна и амбициозна личност со главен фокус на изучување на нови работи и постигнување на нови предизвици. 

Мојата техничка основа и искуство во програмирањето ми дадоа многу добра поткрепа на аналитичко размислување и решавање на проблеми, а воедно ме научија на тимска работа, комуникација, како и на важноста и тежината на координирањето и донесувањето одлуки кои се клучни за успехот на еден тим. 

Лидерството како област не вклучува само поставување на одредени цели и организација на работни процеси, туку директен приказ на визија и инспирација, и водење на луѓе кои се спремни да се изградат и себеси како индивидуи. Ова е главната причина зошто ја запишав Академијата, инспирација за луѓето да ја постигнат најдобрата верзија од себе. 

 

Зад себе имаш многу интересни искуства. Раскажи ни за твоето кариерно патување и најголемите достигнувања.

Една одлука сме далеку од успехот. Оваа одлука ја донесов пред 3 и пол години кога се запишав на Академијата за Data Science овде во Brainster и кога се насочив кон градење на кариера во оваа област. Динамичноста на оваа сфера ме одржува во константна мотивација бидејќи секој ден си носи свои предизвици и нови интересни проекти. 

Токму поради ова сметам дека лидерството и менаџментот се суштински аспекти за успешно водење на иновативни и технички проекти. По 2 и пол години работно искуство во Brainster, сум многу благодарен што работам со многу добри лидери во компанијава и го проследувам нивното знаење и експертиза за ефикасно управување на тим и реализирање на нови идеи. 

Најголемото достигнување би кажал дека е личната преобразба кон подобра и среќна индивидуа, како и многубројните успешно завршени проекти за достигнување на стратегиските цели и визијата на самата компанија. 

 

Според тебе, кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат младите менаџери и лидери во денешниот бизнис свет? 

Во овој свет на неизвесност и технолошки промени, нашата одговорност како млади лидери е да се адаптираме на брзите промени, да сме проактивни во препознавање на иновациите и да ги искористиме како прилика за наш исклучителен раст и развој. Доколку не го направиме тоа, може брзо да бидеме надминати од новите тенденции и технологии, што би довело до загуба на конкурентската предност и релевантност како лидери и организации. 

Затоа, потребно е континуирано да учиме, да бидеме склони кон нови идеи и перспективи, како и да размислуваме надвор од стандардните рамки и да се ангажираме за нови иновативни напори што ќе ни обезбедат успешност и раст, како индивидуи и како дел од бродот што се движи низ овие турбулентни води на современиот бизнис свет. 

Генерално, секој лидер што не се адаптира кон новите технологии и не се придржува кон принципите за ефикасност и оптимизација (lean management) би се соочил со големи предизвици и ризик на неуспех. 

 

Што влијаеше на твојата одлука да се запишеш на оваа програма?

Отсекогаш сум имал страст кон напредок и водење на тим, знаење и умешност кои би придонеле за мојот сопствен успех, како и за стимулирање на иновативни идеи и раст на мојот професионален и личен развој. 

Најголемата инспирација ми се другите лидери во компанијава кои не само што успеале да создадат и одржуваат одлична култура, туку и постојано еволуираат и ги подобруваат своите вештини, способности и резултати. Ова е доказ за нивната посветеност кон достигнување на својот максимален потенцијал и континуиран процес на учење и подобрување. 

Секој чекор напред, без разлика дали станува збор за отворање на нови врати или истражување на непознати патеки, е израз на нашата љубопитност за несекојдневност и есенцијален фактор за нашиот постојан развој и успех. Со новите знаења и практики од оваа програма би можел да придонесувам многу повеќе кон она што го работам, лично за себе и за своите достигнувања, како и за растењето на самата компанија.

 

Преку учеството на оваа Академија, кои знаења или вештини очекуваш да ги стекнеш?

Пред сѐ, очекувам да стекнам повеќе знаења и вештини во областа на менаџирањето на проекти, како и донесувањето на стратегиски одлуки и примена на модерни бизнис концепти и методологии. Повеќе од ова, се надевам дека би ги подобрил своите комуникациски вештини, тимска работа и способности за решавање на одредени предизвици што ќе ми помогне во усовршување во мојата професионална кариера. 

 

За крај, гледајќи наназад на твоето кариерно патување, каков совет би им дал на останатите кои се стремат да станат идни лидери и менаџери додека се трудат континуирано да учат нови работи?

Стремете се кон постојан раст и континуирано учење бидејќи само така би биле во тек со иновативноста и до многу близок дофат на успехот. Бидете отворени кон нови предизвици и комбинирајте го вашето знаење со практично искуство, и работете на комуникациските и менаџерските вештини. И, најважно од сѐ, тимската работа не е само опција, таа е камен-темелник на заедничкиот успех. 

“Success is not final, failure is not fatal: It is the courage to continue that count” 



*Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Brainster, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.

Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.