Додека се збогуваме со 2023 и се потсетуваме на најдобрите моменти, Brainster заедницата гордо ги слави неверојатните резултати на своите студенти кои постигнаа најголеми успеси оваа година. 

Со голема посветеност, дисциплина и амбиција, овие студенти се пример за моќта на трансформативното образование и влијанието на 9-те фактори за вработување, што ги бара индустријата денес, а Brainster ги нуди во супериорната понуда Brainster+.

Од средношколци, актери, правници, педагози до кариерни трансформации како програмери, дизајнери, тестери и маркетери, големиот број на успешни приказни ги прикажуваат резултатите што призлегуваат од Brainster заедницата.

Студентските достигнувања се доказ за ефективноста на иновативниот пристап на нашите академии кон учењето, поттикнувајќи вештини и таленти кои го надминуваат традиционалните граници.

 

Дознај повеќе кои се 10-те Brainster студенти коишто постигнаа најголеми успеси во 2023

 

 

Продукт-менаџерка која стана UX дизајнерка во Pemedia, Германија

Јулија Ј. Маринов e алумни студент од нашата Академија за UX/UI дизајн, а воедно и Dream Team студент, која се реши да ги надгради своите дизајн знаења и вештини. По комплетирањето на програмата, Јулија се пресели во Минхен и започна да работи во дигиталната агенција Pemedia како UX Designer.

„Најголемиот предизвик за мене беше да го изменаџирам времето, бидејќи програмата бара посветеност, а јас покрај постоечкото работно место и Академијата, имав и мало бебе. Имав многу поддршка од мојот сопруг, кој е алумни студент на Академијата за Software Testing и веќе знаеше што ме чека“, вели Јулија.

 

 

Од средношколските клупи до професионална графичка дизајнерка во хрватската компанија Eurocom

По завршување на средното училиште, Софија Краљевска се одлучи да продолжи со своето образование на Brainster – Академијата за графички дизајн, каде беше прогласена за Dream Team студент. По нејзиното комплетирање на програмата, таа започна да ја гради својата кариера во хрватската компанија Eurocom на позиција Junior Graphic Designer.

„Она што мене ме охрабри да ја запишам оваа Академија е всушност предизвикот што сама си го зададов, а тоа е да не одам директно на факултет, тука да испробам нешто различно, а тоа е Brainster. Искуството што го стекнав на Академијата е навистина еден пример дека може да си го промениш животот во краток период, носејќи правилни одлуки“, ни сподели таа.

 

 

Професорка по математика која стана  System Engineer во CaSys

Сања Боцеска е алумни студент на Академијата за Software Testing, која се одлучи да направи комплетна кариерна трансформација и веднаш по нејзиното комплетирање на програмата се вработи како System Engineer во CaSys. Дополнително, од неодамна е и дел од инструкторскиот тим на Brainster како асистент на Академијата за Software Testing.

„Со оглед на тоа што претходно воопшто немав искуство со IT, Академијата дава многу добра основа. Сѐ што научив на Академијата ми помага да ја разберам проблематиката на моето ново работно место.“ – сподели Сања

 

 

Од Customer Success до UX researcher & Project Assistant во компанијата Pabau

„За сите оние кои сакаат да направат кариерна промена во UX/UI дизајнот, топло им ја препорачувам Академијата за UX/UI дизајн на Brainster. Оваа академија е вистинска врата кон креативниот свет на дизајнот, каде може да ги преточите своите идеи во неверојатни кориснички искуства“.

Елена Цветковска е алумна на Академијата за UX/UI дизајн, а воедно и Dream Team студент, која покажа одлични перформанси за време на предавањата и работењето на реалните проекти. Нејзината амбиција и големата посветеност секојдневно да работи на својот личен и кариерен раст и развој, резултираа со унапредување како UX researcher & Project Assistant во компанијата Pabau.

 

 

Работата во шпедиција ја замени со Junior React Developer во Pabau

Мартин Чубриноски е алумни студент, а воедно и Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање кој се реши да направи комплетна кариерна трансформација. По комплетирање на програмата, Мартин ја започна својата кариера како Junior React Developer во компанијата Pabau.

„Искрено, на почетокот не верував дека ќе можам да ги совладам обемниот материјал и интензивната програма на Академијата за Front-End програмирање, но на крајот резултатите покажаа дека редовно повторување и вежбање е вистинската формула за успех“, ни сподели Мартин.

 

 

Дипломирана актерка на сцената на графичкиот дизајн во Dot Media

„Можам да кажам дека со запишувањето на Академијата за графички дизајн ја донесов најдобрата одлука во мојот живот. Академијата беше одлично организирана, каде учевме од најдобри и најпосветени инструктори“.

Ива Милчова e студент на нашата Академија за графички дизајн, која непосредно пред комплетирање на програмата, ја започна својата кариера на практикантска позиција како графички дизајнер во Dot Media. Дополнително, Ива е и дел од победничкиот тим кој направи постер дизајн и видео на Хакатонот за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

 

 

Успешна кариерна трансформација од правник во Front-End програмер

Павел Петрушевски e алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој покажа најдобри перформанси за време на предавањата и се вработи како Front-End Developer во компанијата Melon, part of Kin + Carta. Воедно е и дел од инструкторскиот тим на Академијата за Front-End програмирање, пренесувајќи го стекнатото искуство и знаење на нови студенти што особено го радува и исполнува.

„Академијата преку одличните инструктори одигра исклучително важна улога во насока овој процес да се одвива што е можно полесно, како и да ми го подготви mindset-от за она што ме очекува.“ – ни сподели Павел

 

 

Дипломиран педагог кој направи кариерна трансформација во полето на Software Testing

„Работата на реални прокети за време на Академијата ми беше огромен мотив да продолжам со запознавање нови алатки, изучување на техники, стекнување на нови вештини. Да се биде дел од инструкторскиот тим на Brainster за мене претставува огромна чест и задоволство, а воедно и голем предизвик и одговорност.“ – сподели Ивана

Ивана Андонова e алумни студент на Академијата за Software Testing, а од неодамна и дел од инструкторскиот тим на Brainster како асистент на Академијата за Software Testing.

 

 

Од дипломиран метеоролог и магистер по форензичка физика до кариера во полето на Machine Learning

Весна Поп-Димитријоска е студент на Академијата за Data Science, а воедно и Dream Team студент, која се реши да направи комплетна кариерна трансформација и по комплетирањето на програмата започна да работи како Machine Learning Intern во компанијата Loka.

„Сите инструктори ги доживеав како експерти и вистински професионалци во областа. Посветени и со многу сериозен пристап кон Aкадемијата. Несебични во споделување на најдобрите практики од областа и пред сѐ достапни за помош во секое време“, вели Весна.

 

 

Дипломиран психолог кој стана маркетинг и комуникациски менаџер во Холандија

„Секој модул е важен на свој начин, без разлика дали „ни лежи“ повеќе или помалку. Може да си најдобриот copywriter на свет, но ако неправилно ја дозираш твојата e-mail листа, твоето ремек дело ќе заврши неславно“.

Кирил Стоименов  e алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг кој направи комплетна кариерна трансформација и се вработи како Marketing & Communications Manager во European Journalism Centre – Холандија. 

 

Време е за твојата нова кариера, во професиите на новата ера!

Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.

Аплицирај сега и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+