Како дигиталната агенција Пиксел вработи 7+ студенти од Brainster

Brainster има нов партнер за вработувања – агенцијата Пиксел со целосно дигитални услуги на пазарот и која ги охрабрува поединците и поттикнува креативност веќе 10 години.

Нивната цел е да бидат партнер за дигитални решенија, што им помага на компаниите да постигнат дигитална зрелост. Во главниот фокус им се луѓето, па затоа промовираат личен развој и споделување на знаење во рамките на нивниот тим, но и го споделуваат она што го учат од своите деловни партнери, односно нивните најдобри практики, а со тоа постигнуваат и заеднички развој.

Изминатите години, Пиксел го заслили својот тим со 7 талентирани Brainster студенти, на кои заедничка им била желбата да стекнат нови вештини и да го надградат она што веќе го научиле во Brainster.

Менаџерката за човечки ресурси во Пиксел – Ида Делиниколова, истакнува дека партнерството со Brainster има придобивки за двете страни.

„Компаниите имаат корист од изложеноста кон можни кандидати кои инаку не би знаеле за нив, можноста да им дадат шанса истите да започнат со работа и да ги градат своите кариери, како и можноста да привлечат „супер ѕвезда“ во својот тим. Студентите од друга страна, имаат шанса да ги развијат своите „супер моќи“ во престижна компанија. Ние дефинитивно ги најдовме нашите супер ѕвезди и сме горди што ги имаме во нашиот тим“, ни сподели таа. 

 

 

Здраво Ида, може ли да ни кажете повеќе за корпоративната култура во Пиксел и посебните елементи што ја издвојуваат Пиксел од другите компании во индустријата?

Креативноста и постигнувањето извонредност во она што го работиме се врежани во ДНК-та на Пиксел. Jа препознаваме важноста на слободата на изразување и кративност, затоа имаме за цел да ги охрабриме нашите вработени да ги споделат своите ставови за тоа како можеме да се развиваме и растеме.

Како агенција со целосни дигитални услуги, се стремиме да имаме агилна стратегија и методологија додека работиме на проекти и со клиенти, што е невообичаено во нашиот бизнис. Се разбира, не е само начинот на кој работиме што ја разликува нашата култура; туку и самите луѓе.

Имаме три сектори (маркетинг, дизајн и развој), секој со свој микрокосмос, но сепак сите работиме како еден и се потпираме еден на друг за да ја завршиме работата што е можно поефикасно.

 

 

Kакви интересни случувања ѝ претстојат на Пиксел?

Останете со нас и следете нè на социјалните мрежи за да дознаете што е следно во Пиксел. Една работа што сигурно ќе се случи во 2024 година е повеќе експериментирање со нови технологии (да, вештачка интелигенција) и нивно распоредување во нашата секојдневна работа, со што се отвораат нови погледи во маркетинг присуството на нашите ценети клиенти.

Досега успешно сте ангажирале седум студенти од Brainster. Кои конкретни позиции или функции ги заземаат вообичаено студентите или дипломците од Brainster?

Сме имале повеќе од седум студенти од Brainster кои се вработија кај нас или беа практиканти во текот на годините, а во моментов имаме шест. Работните места се рамномерно поделени помеѓу маркетинг, дизајн и развој, но најчесто има кандидати од академијата за дизајн (графички и UI/UX).

Освен силната работна етика, едно нешто што им е заедничко е желбата да стекнат нови вештини и да го надградат она што веќе го научиле во Бреинстер.

 

 

Какви вредности и атрибути се потребни кај вашиот персонал без оглед на нивното образование или работно искуство?

Постојано бараме тимски играчи и креативци кои ги споделуваат нашите вредности. Се разбира, сакаме нивните технички способности да ги задоволат нашите барања, но тие може да се стекнат и попатно. Цениме трудољубивост и подготвеност „сите да се фатат за работа“ кога станува потешко, како и љубезен и оптимистички став.

 

Кој е најважниот аспект од соработката помеѓу Пиксел и Brainster во однос на ангажирањето на студенти и дипломци од Brainster и нивниот професионален развој?

Фактот што имаме шанса да допреме до сите оние кои се стремат кон професионален напредок во доста конкурентна индустрија. Сите ние се бориме за најдобри кандидати и најкреативни умови, така што оваа соработка ни дава пристап до многу повеќе потенцијални кандидати.

 

 

Brainster Next, првиот практичен ИТ колеџ во Македонија во тесна соработка со индустријата е уште една отворена врата кон нашата соработка. Што би сакале да добиете од Next и ваквата форма на практично образование?

Од Brainster Next College очекуваме да им овозможи практични примери на студентите за проблеми од реалниот свет со цел тие да развијат вештини за критичко размислување, да поставуваат прашања на други засегнати страни што ќе им помогне да ги разберат проблемите што се обидуваат да ги решат; да им се всади навика да бараат иновативни решенија за заеднички предизвици и да стекнуваат знаење за нови технологии.

Како би ги поттикнале компаниите кои сè уште не се приклучиле на нашата партнерска мрежа да го сторат тоа?

Ја разбирам можната дилема на компаниите да започнат ваков тип на соработка, но придобивките за двете страни се огромни.

Компаниите имаат корист од изложеноста кон можни кандидати кои инаку не би знаеле за нив, можноста да им дадат шанса истите да започнат со работа и да ги градат своите кариери, како и можноста да привлечат „супер ѕвезда“ во  својот тим.

Студентите од друга страна, имаат шанса да ги развијат своите „супер моќи“ во престижна компанија. 

Ние дефинитивно ги најдовме нашите супер ѕвезди и сме горди што ги имаме во нашиот тим. 

 

Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за партнерства! Kонтактирајте нѐ на [email protected]

*Текстот првично е објавен на LinkedIn во англиска верзија.

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉