Вештачката интелигенција напредува со неверојатна брзина поради што многумина се загрижени за личниот и за професионалниот напредок. Но, што ако за релативно кратко време научиш да ги употребуваш AI-алатките во своја корист? Што ако во една образовна програма ги добиеш сите предности за кариерна транформација во новата ера?

Токму вештините за AI се меѓу 9-те фактори со кои што Brainster отвора нова ера во македонското образование. Преку нашата нова супериорна понуда Brainster+ креираме можности со кои што полесно може да се одговори на предизвиците за вработување во новата ера.

Академиите на Brainster отсега се надградени со Brainster+, правејќи ги први и единствени образовни програми во нашата земја кои ги содржат сите 9 фактори за вработување што ги бара индустријата! 

 

 

– Brainster+ е нашата најнова и најголема иновација досега. Истовремено, ова е најголемата, најквалитетна и највредна едукативна понуда на нашиот пазар, од која веруваме дека корист ќе имаат десетици илјади луѓе во наредните неколку години. Станува збор за подобрување на програмите на нашите академии, на што работиме последните 18 месеци. Во реализацијата се вклучени најдобрите експерти и практики од индустријата – вели Петар Ниновски, CEO и основач на Brainster.

Со запишување на која било од нашите академии, покрај квалитетната образовна програма, која се заснова работа на реални проекти, постојана грижа за студентите, предавања од експерти од индустријата и можности за вработување, студентите отсега добиваат дополнителни 12+ курса за напредни вештини што ќе ги направат најконкурентни на пазарот на трудот.

 

 

 

Вештини за кариера во компаниите од новата ера

Сите 9 фактори за вработување што ги бараат компаниите денес, а ние ги овозможуваме со Brainster+ се: учење преку реални проекти, грижа за успехот на студентите, програма прилагодена на индустријата, експертски тим инструктори, двојна сертификација, можности за вработување, вештини за вработување, напредни технички вештини и вештини за AI.

Првиот фактор значи практична работа за време на академиите. Студентите добиваат искуство кое ќе им даде поголема предност при вработување. Нашите студенти досега реализираа над 300 реални проекти. Голем дел од нив се „tech for good“, кои дадоа значаен придонес за заедницата.

Вториот фактор ги зема предвид задоволството и успехот на студентите. Интерен тим во Бреинстер им дава поддршка на студентите за време на учењето, им помага да ги совладаат сите предизвици и ги подготвува за крајната цел – вработувањето!

Третиот фактор е квалитетна образовна програма креирана и прилагодена  според потребите на индустријата. На академиите се учат вештини кои компаниите ги бараат денес.

Четвртиот фактор е изборот на предавачи на академиите. На академиите предаваат професори и инструктори кои споделуваат практично знаење, засновано на релевантно искуство од индустријата.

 

 

Петтиот фактор е двојната сертификација што секој студент ја добива по завршувањето на академиите на Бреинстер. Нашите студентите добиваат сертификат признаен од домашни и интернационални компании, но и сертификат од акредитираната високообразовна установа Brainser Next College. 

Шестиот фактор е поддршката што студентите ја добиваат при вработување преку партнерската мрежа на Brainster од 150+ македонски и интернационални компании. Во последниве две и пол години помогнавме да се вработат над 800 наши студенти. 

Седмиот фактор е пакетот од седум курса за поголема вработливост. Со нив студентите ги подобруваат вештините за: комуникација, лидерство, критичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, подобра организација на време и обврски, креативност и иновативност.

Осмиот фактор е дополнителна програма со над 3 напредни технички курса, кои на студентите ќе им овозможат повеќе опции при вработување.

Деветтиот фактор се вештините за AI, потребни за работните позиции во ерата на вештачката интелигенција. Изучување на AI-алатките што ја олеснуваат работата, ги подобруваат перформансите и кои ги прават студентите најконкурентни во ИТ-индустријата! 

 

 

Стартап што не престанува да иновира

Со иновации во учењето, Brainster изминативе осум години успеа да се истакне како влијателен фактор во трансформацијата и развојот на образованието во нашата држава. Со квалитетно образование за вработување, преку дигитализација, работа на реални проекти и ангажирање на најдобрите експерти од практиката, континуирано работи на намалување на јазот меѓу образованието и индустријата. Низ иновативните програми на Бреинстер досега поминале над 12.000 студенти, кои се стекнаа со едукација за професиите од 21 век. 

Brainster, кој почна како стартап во 2015 година, денес е меѓу најдобрите 0,7% компании во Македонија. Врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година, се вбројува меѓу топ-500 најуспешни фирми во земјава. 

– Во последните осум години инвестиравме над 5 милиони евра во развој, иновации, квалитет и во нашите студенти. И планираме да продолжиме да инвестираме затоа што веруваме дека можеме повеќе и затоа што нашите студенти заслужуваат повеќе. Разликата помеѓу нас и сите други образовни центри денес е огромна. Меѓутоа, ако сме лидери на пазарот, не значи дека треба да престанеме со инвестиции и иновирање! Напротив, треба тоа да го правиме во уште поголем размер. Затоа правиме уште поголем чекор кон иднината лансирајќи ја Brainster+, нашата најголемата иновација и инвестиција во иднината на студентите досега – вели Ниновски. 

 

Со Brainster+  зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Избери програма со најбараните вештини за вработување, кои ќе ти овозможат побрз пат до посакуваната кариера. 

Аплицирај сега и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари!

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА