Тајната како да изградиш успешен бизнис зависи од многу едноставен, но моќен принцип – „изгради квалитетен производ, и луѓето сами ќе дојдат“. Овој принцип е камен-темелник на нашето патување, а резултатите зборуваат сами за себе.
Во образованието, просперитетот и успехот на едукативните институции се тесно поврзани со квалитетот на програмата и целокупното искуството што им го овозможуваат на студентите.
Оваа година, процентот на студенти дојдени по препорака се зголеми на импресивни 16% во однос на претходната. Односно, 64% од студентите на Brainster во 2023 година се запишани врз основа на препораки од пријатели, алумни или членови на Brainster заедницата, што е моќен доказ за ефективноста на оваа филозофија во нашата организација.
Составен дел на нашиот успех е големата посветеност на креирање иновации во учењето. Најнова и најголема наша иновација досега е супериорната понуда Brainster+ која ги содржи 9-те фактори клучни за вработување во најбараните професии. Како организација, ги препознаваме барањата на пазарот на трудот, и ги приспособуваме нашите образовни програми на индустријата.
Учењето преку реални проекти, опсесивната грижа за студентите и максималната поддршка за време на учењето создаваат средина погодна за раст. Квалитетната програма изработена во партнерство со компаниите, обезбедува релевантност и ги подготвува студентите за предизвиците во реалниот свет.
Нашиот професорски тим, составен од експерти од индустријата, дава знаење поткрепено со искуство и примери од реалниот свет. Двојната сертификација, поддршката при вработувањето и фокусирањето на развивање вештини за вработување на пазарот на труд се столбовите на кои стои нашиот успех. Од усовршување напредни технички вештини до познавања во вештачката интелигенција, студентите на Brainster се опремени со алатките што им се потребни за да напредуваат во кариерите на новата ера.
Доказ за тоа се и успешните приказни на нашите студенти:
- Ивана Шутова од Академијата за UX/UI дизајн започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како UX/UI дизајнер во RevelApps.
- Леонардо Марковски од Академијата за Front-End програмирање се вработи како Front-End Developer во компанијата X Gate.
- Филип Јаневски од Академијата за Software Testing постигна кариерен напредок како Quality Assurance Engineer, по завршување на праксата во WeDrive.
- Симона Симоновска од Академијата за графички дизајн започна да работи како графички дизајнер во маркетинг агенцијата Публицис.
- Кирил Стоименов од Академијата за дигитален маркетинг започна нова кариера како Marketing & Communications Manager во European Journalism Centre – Холандија.
- Давид Богдановски од Академијата за Data Science е новото засилување на нашиот тим како Data Scientist.
- Бранкица Јаневска од Академијата човечки ресурси е Student Experience Specialist во Student Success тимот на Brainster.
- Славчо Јованоски од Академијата за Project & Product Management започна да работи со тим за развивање на веб-апликација како Scrum Master freelancer на платформата Upwork.
- Андреј Овнарски од Академијата за Full-Stack програмирање се вработи како Full-Stack Developer во компанијата Scandiweb.
- Драган Петровски од Академијата за Software Testing постигна кариерен напредок како QA Engineer во IT Labs, а воедно стана и асистент на академијата.
Ова се само мал дел од студентите кои се дојдени по препорака на Академиите на Brainster од своите блиски и кои по завршувањето или за време на програмата, ги започнаа своите кариери на новата ера.
Додека продолжуваме да даваме приоритет на овие клучни фактори за успех на нашите студенти, уверени сме дека Brainster како најнапредната едукативно-технолошка организација, ќе остане во првите редови за обезбедувањето образование кое не само што ги исполнува, туку и ги надминува очекувањата и задоволството на студентите.
Време е за твојата нова кариера, во професиите на новата ера!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.
Аплицирај сега и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+ !