Запознајте ja Јулија Ј. Маринов – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец декември 2021.

 

Име и презиме: Јулија Ј. Маринов

По професија: Продукт Менаџер

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Зошто баш UX/UI: Со години сакав да запишам Академија за дизајн, но секогаш нешто искрснуваше. По струка сум маркетинг менаџер, што има многу истражување: кој е крајниот корисник, зошто нешто треба да се дизајнира на одреден начин за да привлече внимание баш на тој корисник, решавање на разни проблеми. Многу ме привлече самата психологија и креативност зад UX/UI дизајнот и некако ми беше перфектното надополнување. Дополнително тоа што е привлечно е што се соработува со голем број на индустрии, така што секој нареден проект се работи на нешто ново и не е монотона самата струка.

Што те мотивира постојано да учиш: „Работи нешто што го сакаш и нема да работиш ниеден ден во животот“ – Долго време ја барав, баш таа работа што ја сакам. Секогаш сум имала амбиција да сум најдобрата верзија од себе, а тоа подразбира постојана надградба. Со Академијата ми се отвори цел спектар на работи на кои постојано можам да работам и да истражувам, што ме мотивира сé повеќе и повеќе да се надградувам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Целата Aкадемија ми е интересна, како слагалица се спојуваат сите делови за да можеш да креираш тоа што е потребно. Засега најинтересно ми беше составувањето на персони и со нив да се состави user journey. Имаме уште голем дел од самата Академија што едвај чекам да го научиме.

Омилен модул: Искрено немам омилен модул, целата Академија е слеана, па секој модул си носи свој предизвик и убавини.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Инструктори засега ми беа Мартин и Маја, а во подготвителната програма Кирил и Сергеј. Не би можела да одвојам еден, сите имаат свои јачини, се ентузијастични и носат посебна енергија на часовите. Морам посебно да ги пофалам Мартин и Маја, кои успеаа толку апстрактна материја на почеток, да ја направат интерактивна и интересна. Развиваа разни дискусии, дебати и часовите буквално ни летаа.

За 5 години сакам да бидам: Успешен Senior UX/UI, па можеби и сопственик на компанија – којзнае 🙂

Хоби: Филмови, серии и (кога ќе дозволи ситуацијата) ПАТУВАЊЕ, колку што можам повеќе.

Омилена книга: „The Great Gatsby” 

Омилен цитат: „If opportunity doesn’t knock, build a door”.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!