Елена Цветковска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознај ja Елена Цветковска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец април 2023.

 

Име и презиме: Елена Цветковска

По професија: Customer Success specialist 

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Зошто баш оваа област: Кога се одлучив за промена на кариерата многу истражував што е она на што би сакала да се насочам. Оваа професија ми привлече внимание бидејќи нуди можност да креирам производи и услуги кои ги подобруваат животите на корисниците, како и можност да се фокусирам на нивните потреби и желби и да создадам интерфејси кои ќе им бидат корисни и пријатни за употреба. Исто така, оваа професија е доста динамична и нуди можност за учење на нови вештини и технологии.

Што те мотивира постојано да учиш: Ме мотивираат новитетите во индустријата, ме мотивира чувството кое се буди во мене кога правам истражување или креирам дизајн, а најмногу од сè ме мотивираат инструкторите односно начинот на кој ни го пренесуваат знаењето.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Уфф, за ова е многу тешко да се одлучам искрено. Ако веќе морам да одберам тоа би било prototype на Figma поради тоа што можеш да доловиш како твојот дизајн би изгледал и би се користел кога ќе е пуштен во употреба до крајните корисници.

Омилен модул и зошто: Дефинитивно UI Design. Пред сè, поради начинот на кој инструкторот ни го пренесе своето знаење и, секако, како што претходно наведов ова е делот каде што нашите дизајни добиваат живот со слики, текст и бои.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: И за ова е исто така многу тешко да се одлучам, но би рекла најголем впечаток ми остави Александар Нофитовски, бидејќи е посветен на најдобар начин да го пренесе своето знаење, но и најбитното – секогаш достапен за консултација или feedback за студентите.

За 5 години сакам да бидам: Успешен UXUI Designer.

Хоби: Немам специфично хоби, но во моментов како хоби можам да кажам дека ми е истражување на AI алатките за UXUI Design.

Омилена книга: Перфектна хемија – Симон Елкелс

Омилен цитат: “Choose a job you love and you’ll never have to work a day in your life” – David Forman.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!