Нов месец, нови соништа и нов почеток!

Конечно дојде летото! Деновите се зголемија, сонцето започна да сјае посветло и пожешко, а со нетрпение ги очекуваме и летните одмори кои се на прагот.

Летниот период е одлична можност за нов почеток. Без разлика дали станува збор за стекнување на нови вештини, совладување на некој предизвикувачки курс, испробување на некој нов интерес, како и комплетна дигитална и кариерна трансформација.

Новостите од месец јуни се однесуваат на подобрување на искуството на студентите, реалните проекти на кои тие работеа и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

 

  • Нови достигнувања на нашите студенти!

Изминатиов месец, 31 од нашите студенти ја лансираа својата кариера во повеќе од 20 домашни и интернационални компании. Исто така, беа реализирани 5 реални проекти за нашите партнери за ко-иновации – When in Krusevo, Common, Yess for less & Shu-mi Berovo. Опсесивната грижа кон нашите студенти продолжува понатака во овозможување на кариерна трансформација и професионален развој на нашите студенти. 

 

 

  • Студентите од Академијата за дигитален маркетинг изработија PR стратегија за Донирај компјутер

Последниот предизвик со којшто се соочија студентите од Академијата за дигитален маркетинг беше изработката на реален проект за реален клиент, а со тоа и примената на новостекнатите знаења и вештини во пракса. Нивната задача беше да изработат целосна PR стратегија за Донирај компјутер и да ги презентираат своите финални решенија пред клиентот. Дознај повеќе!

 

 

  • Запознајте ги инструкторите – Адриана Спасова

Запознајте ја Адриана Спасова – Senior Software Engineer со работно искуство повеќе од 12 години, а воедно и креатор на веб страницата на РК Вардар. Таа е нашиот инструктор по модулот Front-End на Академијата за Front-End програмирање, Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за UX/UI дизајн. Дознај повеќе!

 

 

  • Доживеј ја Академијата преку искуството на нашите студенти

Го создадовме блог серијалот „Студентите зборуваат за искуството“ за да ви ги претставиме приказните на нашите студенти и како тие си поминуваат на предавањата. Дознај повеќе што ни раскажа Владимир од Академијата за Project & Product Management!

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Дарко, Дејан, Филип, Драгана, Александар, Наташа, Денис, Димитар, Петар, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️