Студентите зборуваат за искуството – Владимир Костовски

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Владимир Костовски – студент на нашата Академија за Project & Product Management за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Владимир, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Владимир?

Jас сум Владимир Костовски, студент на Aкадемијата за Project & Product Management и по професија биолог. Љубопитна личност со истражувачки дух и максимално сум посветен на личната и професионална надградба.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Project & Product Management како студент? 

Секој ден е исполнет со учење на нови теми од широката област на проектниот и продуктниот менаџмент. Посебно ми се интересни и предизвикувачки тимските активности, каде низ постојана интеракција со студентите и менторите учиме и разменуваме искуства.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Сите модули се посебни, но кога би морал би го одбрал модулот „Менаџирање со ризици и промени во проектите“. Овој модул дава голем број на практични алатки за тоа како е потребно да се планира и управува со ризиците и промените во рамките на официјален проект, но истите се апликативни и применливи за подобро управување со ризиците и промените кои се составен дел од секојдневниот живот и секоја професија.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Академијата дава богата теорија, но она што е уште поважно е дека преку неа се стекнува исклучителна пракса, пред сé, поради работата на големиот број на задачи и case studies. Проектите се насекаде околу нас, а ја препорачувам на секој што сака да навлезе во тајните како успешно треба се управува со проектите и така да ги прошири своите знаења во оваа област.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

Менторските сесии со Ивана. Посебен впечаток ми остави нејзината професионалност, стручност и максимална посветеност.

 
Најважната лекција што ја научи на предавањата? 

No matter how good the team or how efficient the methodology, if we’re not solving the right problem, the project fails.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Професионалец кој во својата работа секојдневно ги применува и интегрира различните научени вештини и алатки.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.