Запознајте го Петар Урџанов – сé уште наш студент на Академијата за Data Science, чија огромна страст кон податоците и нивното уредување го донесе до посакуваната работна позиција.

Петар е новото засилување како Data Scientist во компанијата iERP.ai каде што ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.

 

Си поразговаравме со Петар за неговото ново работно место

 

Здраво Петар, ние од Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Петар?

Среќен татко, сопруг и се надевам успешен Data Scientist во иднина. 🙂 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место! Сѐ уште си наш студент, а веќе стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за Data Science?

Искрено желба за Data Science никогаш и немав од проста причина што не ни знаев дека постои оваа област. Повеќе би рекол желбата да го средувам „хаосот“ во некои ексели и стремежот да извадам нешто повеќе ме натераа да пробувам нови работи, па така некако стигнав и до Brainster и Академијата за Data Science.

 

Една од „најтешките“ Академии на Brainster е Data Science, а тоа се должи на интензивната програма и работата на реалните проекти што бараат многу време за учење. Колку сметаш дека посветеноста ти помогна да дојдеш до ова вработување, иако си во тек на оваа Академија?

За некој што нема претходно искуство во областа, сметам дека посветеноста е можеби и најважна. Колку и да е добра и темелна програмата, потребно е дополнителнa работа и учење. Материјата што се изучува е многу интересна, би рекол во последно време и mainstream во бизнис и технологијата, но под сето тоа се наоѓа една прилично динамична мултидисциплинарна област, сплет на математика, програмирање и аналитика која бара многу работа за да се „заузда“.

 

Кој модул ти беше најинтересен, а кој бараше поголем фокус и ти создаваше предизвици? Зошто? 🙂

Најинтересни модули ми беa Data Warehouse и Power BI, а најголем фокус ми требаше со Big Data, најмногу поради фактот што имавме голема пауза пред модулот, па некако бевме излезени од ритам.

 

Уште си студент на Академијата за Data Science, а веќе се вработи во компанијата iERP.ai. Како би ни го опишал целиот овој процес, од студент до вработување? 

Со оглед на тоа што уште немам завршено со Академијата и немам почнато многу активно да барам работа, имав среќа да Brainster ме препорача на штотуку отворена позиција во iERP.ai. Потоа следуваа неколку помалку технички интервјуа, за да после неколку недели целиот тој процес се заврши со вработување.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место. Со што се занимава оваа компанија? 

Компанијата се занимава со sales forecasting базирано на чисто статистички модели. Наскоро започнува и еден нов проект кој е од сосема друга природа, но не би можел да кажам ништо повеќе околу тоа.

 

Како изгледа еден работен ден на Data Scientist? Кои техники и алатки ги користиш на дневно ниво?

Сега на почетокот ги проучувам постојните алгоритми, како тие работат и кои се резултатите кои се очекуваат. Имам среќа што тука е и Ивона, која ни беше и инструктор по машинско учење, па таа многу ми помага во воведување во работата од аспект на историјат на самите идеи, бизнис очекувањата и воопшто како функционира целиот систем од нас како Data Science тим па преку backend и frontend тимовите до финална реализација на продуктот. 

Инаку како техники и алатки потребно е речиси сé што се учеше на Академијата од SQL, па Python, статистика и машинско учење.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат Data Science и што би кажал за кариерните можности кои ги нуди оваа област?

Живееме во многу непредвиливи времиња, се случуваат работи што мислевме дека се останати зад нас како човештво воопшто, пандемии, војни, економски крахови… сето тоа води до целосно искривување на еден светоглед, до сомнеж во институциите, луѓето, па и во самите себе. Сметам дека во овие времиња највредното нешто што го имаме и што треба постојано да го чуваме и бараме е вистината, онаа права вистина базирана на факти, не таа која се пласира по разни медиуми. 

Data Science како област го нуди баш тоа – вистината онаква каква што е, без разлика дали некому му се допаѓа или не.

Денес со Data Science се спасуваат многу животи, бизниси, се подобруваат условите на огромен број на животни и останат жив свет, се решаваат прашања стари со векови, влезена е буквално во секоја пора на човештвото и не гледам како тоа би се променило во иднина.

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!