Запознајте ја Наташа Мојсовска – студент во првата група на Академијата за Човечки Ресурси, која по само 4 месеци од почетокот на предавањата, започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција во HR тимот на Brainster.
Си поразговаравме со Наташа за нејзиното кариерно патување
Здраво Наташа, ние од Академијата за човечки ресурси те познаваме, но што би споделила за останатите? Која е Наташа?
Здраво! За себе ќе кажам дека сум ведра и позитивна личност, постојано во потрага по нов предизвик. Сакам да патувам и истражувам, уживам во добра книга и учам странски јазици како хоби.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. За само 4 месеци од почетокот на Академијата, стигна до практикантска позиција во HR светот. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за човечки ресурси?
Мојата желба за работа со и околу луѓе постоела отсекогаш. На моите претходни работни места, често бев задолжувана за онбординг и неофицијален тренинг на нови вработени и одамна ми се роди идејата за ваква кариерна трансформација. Дополнително HR светот нуди многу можности за брз кариерен раст и развој.
Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?
По професија сум дипломиран професор по италијански јазик и книжевност. Досега сум работела во неколку различни индустрии и постојано сум се стекнувала со нови вештини и знаење, а најмогу се гордеам на храброста и одлучноста да ги следам своите желби и визии, како и истрајноста во моите одлуки.
Која е твојата работна позиција во Brainster и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата работна позиција во Brainster е практикант во одделот за човечки ресурси. Работата е доста динамична и можам слободно да кажам дека нема два исти работни дена. Моделот на работа е хибриден, а работното време флексибилно.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Опсегот на моите задолженија е доста широк со оглед на тоа дека сум практикант и сакам да се стекнам со знаење од што повеќе области од човечките ресурси. Асистирам при регрутација на нови вработени, организација на тренинзи, обуки, настани и сум вклучена во речиси сите останати процеси.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За пет години се гледам како успешен HR професионалец во една од многуте области кои ги нуди HR светот.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувалa сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат човечки ресурси?
Ви благодарам на убавите желби. HR позициите се одамна актуелни во светот, а сѐ поактуелни стануваат и кај нас. Лично гледам огромни можности за професинален раст и развој во оваа област на луѓе кои би се решиле да ја променат насоката во својата кариера.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!