Запознајте го Филип Филиповски – алумни студент на Академијата за Software Testing, кој пред самиот крај на предавањата започна да ја гради својата кариера како Quality Assurance Tester во германската компанија SZU GmbH.

 

Си поразговаравме со Филип за неговото ново работно место

 

Здраво Филип. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво, здраво! Јас сум Филип Филиповски, имам 25 години и сум од Скопје, а сепак моето потекло е од не толку далечната Германија. Имам дипломирано на ФИНКИ во областа на е-технологии. Во глобала сум супер позитивна личност и моето мото е секогаш „just smilе”. Во слободно време, хоби ми е да сум „кошаркарски судија” веќе 9 години. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Можам да кажам дека Академијата дури и ги надмина моите очекувања кои на почетокот беа релативно високи. Интензитетот во комбинација на инструкторите и асистентот, ги правеа часовите доста интересни за студентите. Исто така, морам да ги споменам и колегите кои беа вистински „push up” во одредени ситуации во текот на целата Академија.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Автоматското тестирање можам да го издвојам како најинтересен модеул бидејќи можевме преку практична работа и примери да ги согледаме предностите на модулот. Секојдневниот предизвик каде што можеме да пишуваме тестови и во истите да стекнеме секогаш нови знаења го прави овој модул за мене мошне интересен.

 

Започна да ја градиш својата кариера како Quality Assurance Tester во германската компанија SZU. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Уште пред завршување на Академијата случајно начекав оглас за QA во германската компанија SZU која има седиште во Скопје, потоа испратив CV и набрзо по мое големо задоволство стигна повратен одговор за интервју. По две успешни интервјуа кои беа на германски јазик (кој беше задолжителен за конкурирање на позицијата) претставниците беа повеќе од задоволни, и во деновите што следеа ме поканија во нивните простории да го потпишам мојот прв договор. И еве ме сега сé уште сум тука после 4 месеци. 🙂 

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

Компанијата всушност е експертски центар на несреќи и соработува со поголеми автомобилски компании (VW, Hyundai, Mercedes итн.), имаат посебна online платформа каде што има и поголеми позадински проекти со компаниите за што и фалеше еден QA. 

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

И за крај, можам само да им препорачам на сите што сé уште се мислат дали да се пријават на Академијата за Software Testing истото да го направат бидејќи тоа ќе им биде можеби и најважниот чекор во промената на нивната кариера.

После првите часови и самите ќе се уверат дека го направиле вистинскиот чекор за во иднина. Академијата има одличен план за секаков вид на луѓе од различни сфери…така да don’t wait, grab your chance! 👀

И уште нешто.. Keep up the good work! 💪

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!