Запознајте го Дејан Пејков – алумни студент на Академијата за Software Testing кој започна да ја гради својата кариера уште пред комплетирање на програмата.

Неговото ново работно место е компанијата Matrix Global, каде Дејан ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини како Junior Software Tester.

 

Си поразговаравме со Дејан за неговото кариерно патување

 

Здраво Дејан! Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво на сите. Јас дипломирав на правен факултет, меѓутоа животниот пат ме однесе во Америка каде што живеев 7 години. Работев во транспорт индустрија, работи кои се тотално неповрзани со ИТ индустријата. Размислував на кариерна промена, меѓутоа ИТ секторот ми беше тотално непознат свет. Идејата да се запишам на Brainster Академијата за Software Testing ми ја даде другарка. Почнав од 0, но со 100% посветеност.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Како што спомeнав погоре, ИТ индустријата ми беше тотално непознато поле, ми беше голем предизвик да се запишам на било која Академија. Software Testing одбрав по даден совет и дека е одличен чекор во ИТ индустријата. Од Академијата го добив баш тоа што го очекував. Одлични инструктори кои ни го предадоа нивното знаење на наједноставен начин, а јас како почетник можев да се вклопам целосно. Бев посветен максимално, а мотивацијата за учење стануваше сé поголема со секој нов модул и секоја нова лекција.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули ми беа многу интересни. Како најинтересни би ги издвоил: Test Design, OOP и Selenium Web Driver. Со модулот Test Design го научивме мануелното тестирање. Работевме со практични вежби на страницата „Cargodom” којашто беше одлична за вежби. Преку модулот OOP добивме основа за програмирање, пишување кодови. Одличо пренесено знаењето од страна на Андреј Гастеовски. Со модулот Selenium Web Driver добивме основа за автоматско тестирање коешто беше премногу интересно.

 

Започна да ја градиш својата кариера како Junior Software Tester во компанијата Matrix Global. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Се вработив уште пред да завршам на Академијата. Тогаш се осетив спремен да почнам со интервјуа за работа. Имав две интервјуа, од кои првото беше техничко, за да го проверат моето знаење според работите што ги имав наведено во моето CV. Второто, беше разговор со главната менаџерка коешто беше повеќе психолошко интервју отколку техничко, за тоа како би одговорил во дадени моменти. После неколку дена добив одговор дека сум примен на работа во тимот на Natural Intelligence.

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

Се вработив во Matrix Global, работам за клиентот „Natural Intelligence”. Natural Intelligence е израелска компанија која е глобален лидер во маркетинг индустријата. Ние работиме со веб страници за споредба, како што е Top10.com, кои поттикнуваат привлекување клиенти со висока вредност за водечките брендови. Јас работам на позиција QA. Почнав со мануелно тестирање, а сега почнав со учење на JavaScript за да почнам со работа на автоматско тестирање. 

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Моментот на излегување од комфорната зона ни дава сигурна можност за нови успеси само со голема посветеност и дисциплина. Дефинитивно не е лесно, но секој што е упорен ќе успее во остварување на своите цели.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!