Запознајте го Дарко Николоски – алумни студент на Академијата за Software Testing кој го направи вистинскиот чекор и ја лансираше својата кариера како софтвер тестер уште пред комплетирање на целата програма.

Со многу труд и желба за успех, Дарко се вработи во компанијата TestDevLab – латвиска компанија каде што ќе има можност да ги покаже досега стекнатите вештини и да ги надгради истите.

 

Си поразговаравме со Дарко за неговото искуство и новото работно место

 

Здраво. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво! Јас сум Дарко Николоски, студент од Brainster Академијата за Software Testing и моментално вработен во компанијата TestDevLab.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата за Software Testing беше супер и сум премногу задоволен од начинот на работа. Кога се запишав на Академијата имав некое basic познавање од гледање на видеа и слично, но Академијата ми помогна да го изберам правиот пат и мора да му се заблагодарам на тимот на Brainster кој ми помогна многу.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Автоматско тестирање – бидејќи размислуваш и го смислуваш самиот код, го тестираш кодот, гледаш како се отвара апликацијата или веб страницата и го следиш целиот процес.

 

Започна да ја градиш својата кариера како software tester во компанијата TestDevLab. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Уште за време на Академијата, по завршување на модулот за мануелно тестирање го видов огласот на TestDevLab и аплицирав. Ми закажаа интервју прво со HR, па потоа техничко интервју и ме примија на работа. Моментално се надградувам и учам нови работи со тимот.

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

TestDevLab работи на сите видови тестирања за голем број на компании насекаде во светот. Компанијата е од Латвија, но сега и со канцеларија во Македонија. Интересно е што компанијата има академија за надградување на нивните вработени во зависност од насоката која самите вработени ја сакаат.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Исто како и сите студенти, прво се двоумев и не верував дека ќе се научи сé за кратко време. Напривив ризик и тоа ми се исплатеше. Многу сум задоволен од самите инструктори што ни го пренесоа нивното знаење и даваа сé од себе да ни помогнат да научиме што повеќе, а воедно стекнав и многу пријателства. Ако имате познавање од англиски јазик, желба за учење и промена – не чекајте и запишете се. Моето мото е едно – сé што се сака и се може, ако успеав јас можете и вие!

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!