Александар Јонузоски е Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси, кој за само 4 месеци од стартот на предавањата ја лансираше својата кариера како Research Analyst. 

Неговото ново работно место е компанијата The Big Search, каде Александар ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од оваа Академија. 

 

Си поразговаравме со Александар за неговото кариерно патување

 

Здраво Александар, ние од Академијата за човечки ресурси те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Александар?

Здраво, здраво. Најчесто другите ме опишуваат како личност која ги преиспитува сите процеси околу него и гледа да помогне во секоја ситуација на конструктивен и аналитички начин. Кога самиот би требал да се опишам, би кажал човек кој обожува да игра видео игри и board games, а секогаш е тука да предложи интересна серија за гледање.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. За само 4 месеци од почетокот на Академијата, стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за човечки ресурси?

На еден или друг начин секогаш сум бил инволвиран во процесите на организациите во кои сум членувал. Повеќе од често сум бил на позиции на одговорност бидејќи немало некој да ја преземе таа улога. Во текот на овие улоги сфатив дека, иако на моменти е исцрпувачка, доколку е правилно сработена, работата со луѓе може да пружи задоволство кое произлегува од фактот дека сте помогнале на некој друг да се надгради на професионално и индивидуално ниво.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Мојот став за сите работи во животот (вклучувајќи ја и Академијата) е дека без оглед која работа ја правите, треба да го дадете својот максимум и професионално (со голема посветеност на деталите) да ја сработите истата. Освен што се надградувате самите како личности, давате и можност потенцијалните работодавачи да го препознаат вашиот талент.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата The Big Search. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

The Big Search е компанија со 200 вработени во 5 земји низ Европа, која продолжува одржливо да расте поради својот успех. Користејќи мешавина од технологија и оперативно искуство, Тhe Big Search пристапува кон секој проект со свежа перспектива и регрутирачка стратегија направена по мерка, следејќи ги потребите на нашите клиенти.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Мојата работна позиција во The Big Search e Research Analyst во Executive Search. Денот најчесто ми започнува со проверување на службениот е-mail, а продолжува со видео повик со тимот со кој соработувам, со цел да се усогласиме во работата и да ги искомуницираме сите новости во врска со проектот на кој соработуваме. Бидејќи работното време е флексибилно, а моделот на работа е хибриден, ретко кога имам два исти работни дена. Вообичаено денот ми е исполнет со состаноци за процесите во компанијата или состаноци за лична надградба, бидејќи The Big Search го вреднува мислењето на сите вработени и сака истите да станат професионалци во својата област. Најголемиот дел од денот го посветувам на sourcing (наоѓање на кандидати) за улоги на пазарот на таленти на кои сум назначен и другите процеси кои се врзани со мојата работна позиција.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Опсегот на задолженија е широк, но и специфичен спрема работна позиција. За истражување на пазарот и наоѓање на потребните кандидати ги користам корпоративните опции на LinkedIn, a како клучна алатка во работата во Executive Search го користам Navis, високо софистициран интуитивен software развиен за потребите на The Big Search.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат човечки ресурси?

Доколку некој има желба да започне да учи за човечки ресурси – да го направи тоа веднаш, бидејќи без оглед на промените на пазарот на трудот, секогаш ќе има потреба од HR професионалци, а нивното учество во HR секторот ќе им овозможи да бидат промената на работното место што секогаш сакале да ја видат.

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!