Студентите од Академијата за дигитален маркетинг креираа Lead Gen стратегија за IPOhub

Христијан, Маја и Наталија се едни од најактивните студенти на нашата Академија за дигитален маркетинг, а воедно и оние кои покажаа голема желба, амбиција и љубов кон дигиталниот маркетинг. Тие постојано работат на своите лични и професионални вештини и не ја пропуштаат можноста  да ги надградат своите знаења учествувајќи на реалните проекти кои ги нуди програмата.

Овој тим имаше можност да работи на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Кристијан Арсов.  Целта беше да се креира  lead generation стратегија за странскиот start-up IPOhub. Имено, овој start-up се занимава со финансии и инвестиции. Она што требаше да го постигнат студентите беше да изградат стратегија која ќе донесе 1000 лидови до крајот на август 2021 год. А по овој датум да следи големото отворање и започнување со работа на IPOhub.

 

Си поразговаравме со Христијан, Маја и Наталија за нивното искуство на Академијата и работата на овој реален проект

 

 

Здраво колеги! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе? 

Христијан: Успесите во одредена област доаѓаат сами по себе доколку постои желба, посветеност и љубов кон истата. За мене, сите досегашни проекти меѓу кои и проектот за IPOhub беа само показател плус дека сум ја избрал вистинската идна професија.  

Маја: Бев ангажирана во неколку реални проекти и можам да кажам дека креирањето на стратегиите и работата на проектите ми претставуваше особена чест и задоволство бидејќи само на тој начин можам самата да согледам како треба да се одвива целиот процес. Токму овие проекти ме потикнаа уште повеќе да се заинтересирам и да читам за дигиталниот маркетинг.

Наталија: Креативноста беше мојот двигател кон завземање учество во Академијата за дигитален маркетинг. Таа е дел од мене како личност, а маркетингот е вистинскиот начин да се изразам самата себе.

 

Зад вас се неколку месеци напорна работа, многу посветеност кон материјалот, работа на неколку проекти, меѓу кои особено се истакнува проектот за IPOHub. Честитки за вашата истрајност. Како работата на реален проект ви помогна да ги развиете своите вештини?

Инстинктот за начинот на решавање на предизвиците кои сами по себе ги носи секоја професија, па и дигиталниот маркетинг, најмногу се развиваат преку работа на реални проекти. Со учеството на овој проект успеавме да допреме повеќе до реалните потреби и можности на клиентот, како и да дојдеме до нивно подобро разбирање. Сето тоа влегува во делот кај секој од нас што се нарекува искуство, а самото тоа носи подобро справување со следните предизвици.

 

Последниот реален проект на којшто работевте беше да креирате lead gen стратегија за реален клиент – IPOhub, под менторство на нашиот инструктор Кристијан Арсов. Споделете ни повеќе информации за проектот?

Станува збор за изработка на lead gеneration стратегија за партнерот на Brainster – IPOhub, којашто е странска start-up компанија и истата работи во инвестициониот сектор. Овој проект беше изработен под менторство на  инструкторот Кристијан Арсов кој несебично го сподели своето искуство и знаење со нас и ни даде насоки кои што се од голема важност, како за овој проект, така и за нашето понатамошно работење.

 

 

Раскажете ни како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?

Имавме иницијална средба каде што се запознавме со клиентот и имавме можност покрај дадениот бриф од негова страна, да го прашаме и дополнителни прашања коишто сметавме дека се од важност за креирање на успешна lead gеneration стратегија. Целта на истата беше да донесе 1000 лидови до крајот на август 2021 год. По овој датум следи големото отворање и започнување со работа на оваа компанија.

Веднаш по првиот состанок со клиентот, имавме средба со менторот Кристијан каде што направивме план за работа и ги распределивме обврските. По зададениот план и обврски, организиравме по една средба на неделно ниво за да имаме увид во напредокот на работењето. Во период од два месеци успеавме да направиме и да ја презентираме нашата стратегија пред клиентот. Истиот беше многу задоволен од финалното решение кое му го понудивме. 

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект за странска компанија? Како течеше целата соработка?

Соработката беше одлична. Иако се работеше за странска компанија, секогаш успевавме да се најдеме на пола пат, како и да се дополнуваме помеѓу себе. Добивме широк поглед кон светскиот дигитален маркетинг и сe трудиме да ги донесеме светските трендови и кај нас. 

Имавме неколку состаноци со клиентот кој беше „all over the place” со своите барања кои нашиот тим без размислување со бура од идеи ги преполови.  Благодарение на менторот Кристијан кој постојано беше присутен во процесот на изработка на стратегијата и постојано нѐ советуваше и водеше кон вистинските цели. Така всушност настана и успешната стратегија за IPOhub.

 

Сѐ  уште сте наши студенти на Академијата за дигитален маркетинг. Како си поминувате?

ОДЛИЧНО. Пренесеното искуство и веќе стекнатото знаење почнува да го добива својот кредибилитет. Многу од нашите колеги веќе се вработија како дигитални маркетери за времетраење на Академијата и тоа всушност си зборува самото за себе. Стекнавме многу пријатели како и идни бизнис партнери со кои ќе редиме безброј успеси. 

 

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?

Креативноста. Во дигиталниот маркетинг таа е најважниот услов. Разни идеи, милион начини, комбинации, стратегии како и тестирања преку кои може да се дојде до вистинската и крајна цел. Можност секоја личност да ја покаже својата креативност која на крај се мери со успех.

 

Најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?

Најважната лекција е дека доколу нешто навистина сакаш да постигнеш треба да вложиш многу енергија, труд и вежбање. Целото време поминато на предавањата и на домашните задачи не ни претставуваат тешкотија бидејќи на тој начин се трудиме да научиме нешто ново и да добиеме нови знаења кои ќе ни служат за во иднина. Поради големата желба за нови предизвици предавањата ги следиме со огромна заинтересираност, но не треба да заборавиме дека предавањата ни се вовед во нова наука, а нашиот дополнителен труд и работа на реални проекти, како IPOhub,  ќе ни го отворат патот кон дигиталниот маркетинг.

 

 

Во продолжение можете да прочитате што ни раскажа и Кристијан – ментор и инструктор на Академијата за дигитален маркетинг

 

Како се одвиваше соработката помеѓу студентите и клиентот додека работевте на овој проект?

Проектот со IPOhub беше супер прилика за студентите да искусат средба со вистински клиент, и тоа со некој од странство. Го започнавме проектот со припремање на студентите за нивниот прв состанок – какви прашања треба да се постават, каков треба да биде односот и поставеноста од наша страна, и кои се главните информации кои треба да целиме да ги извлечеме. Потоа, се сретнавме со претставник од тимот на IPOhub, кој беше повеќе од расположен да одговори на сите прашања кои ги имавме, кои ни ја дадоа насоката за проектот што требаше да се сработи. Бонус на сето тоа беше фактот дека состанокот беше на англиски јазик – што дополнително ги спреми студентите за идна соработка со клиенти од странство. 

За времетраењето на проектот, студентите имаа свој интерен канал на RocketChat каде постојано комуницираа околу задачите кои си ги доделија. Од прилика, еднаш неделно имавме менторски сесии каде им се даваше фидбек за досега сработеното и насоки за понатамошното работење. 

Финалниот проект студентите го презентираа пред клиентот целосно сами и одговараа на прашањата кои ги добива. Јас само гордо ги гледав. 🙂

 

Ја постигнавте ли посакуваната цел? Дали барањата на клиентот се задоволени со финалното решение?

Со оглед на кратката временска рамка, немањето на искуство во секторот (се работеше за клиент кој нуди инвестициски и финансиски услуги), и фактот што студентите беа сѐ уште на средина на нивната програма – мислам дека сработивме одлична работа и предложивме доста интересна маркетинг стратегија за клиентот. Сега останува на нив дали ќе ја искористат и ќе ги оберат плодовите од неа. 🙂

 
 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа 

 

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.