Продуктот од најголемиот Brainster хакатон е финализиран со маркетинг стратегија

Кога ќе ги прашате нашите студенти дали Хакатонот е добро искуство, сигурни сме дека ќе добиете само позитивни одговори. Со 48 часа напорна работа, детални истражувања и менторски средби, студентите дојдоа до одлични финални решенија. 

Серијата на Хакатони, односно  „Најголемиот Хакатон досега организиран од Brainster“ започна  на Академијата за графички дизајн, каде што студентите беа задолжени да го направат целиот бренд идентитет, името и логото на проектот, па потоа продолжи на Академијата за UX/UI дизајн и задачата на студентите беше да се погрижат за функционалноста на продуктот, изгледот на веб апликацијата и сите wireframes. По завршување на визуелизацијата дојде ред на студентите на Академијата за програмирање, кои имаа за задача  да се погрижат за дополнителниот развој на продуктот и неговото усовршување односно веб решение.

Откако заврши оваа Cross-Academy соработка, овој Хакатон продолжи на Академијата за дигитален маркетинг, каде студентите имаа задача да се погрижат за финалното решение на продуктот и да креираат маркетинг стратегија за лансирање на продуктот т.е платформата.

 

 

Проектот на којшто се работеше е платформата “White Noise Player – Shum”. Ова е платформа каде што секој ќе има можност бесплатно да се вклучи и да си пушти одредена мелодија додека работи. Целта на овој проект е да се зголеми продуктивноста и креативноста на луѓето коишто работат од дома поради настанатата ситуација со Ковид-19 пандемијата и да направи да не се чувствуваат осамено.

Согласно спецификациите на овој Хакатон, студентите беа поделени во тимови и на секој од тимовите му беше доделен ментор којшто им беше на располагање за прашања, совет и поддршка. Тие имаа задача во рок од 48 часа да го изработат и презентираат своето финално решение.

 

 

48 часовниот Хакатон на Академијата за дигитален маркетинг  започна во петок со брифинг од страна на дизајн тимот и Brainster тимот. Во оваа сесија, на студентите им беа споделени сите потребни информации, а подготовките започнаа истиот ден со високо ниво на возбуда и интерес. Па, така тие работеа на поставувањето на проектот, имаа тимски консултации и си ги распределија одговорностите. Атмосферата беше одлична наредниот ден и помина ултра-брзо и продуктивно. Од раните утрински часови, па сѐ до доцна навечер, секој од тимовите посветено работеше на нивното решение.

Низ целиот процес имаа ментори кои им беа на располагање на секој од тимовите за прашање, совет, критика и им помогнаа да дојдат до финалното решение. Ментори беа Дијана Десподов и Дарјан Раденковиќ, инструктори на Академијата за дигитален маркетинг.

 

 

По 48 часовната напорна работа, во недела следуваа и финалните презентации пред комисијата која беше составена од менторите и тимот на Brainster. Сите тимови понудија одлични решенија, па одлуката да се избере победнички тим не беше воопшто лесна. Сепак на крајот се издвои најкреативното решение на тим 3. 

 

 

Повеќе за тоа како си поминаа студентите на Хакатонот, прочитајте во продолжение:

 

Маја Педд Трајковска: Навистина супер искуство. Да се изработи целосна маркетинг стратегија за време од 48 часа е голем предизвик. За време на тој викенд постојано се чувствува несигурност (дали ќе имаш доволно време и идеи) и чувство на возбуда (дека изработуваш нешто ново и има шанса да победиш). За време на тој викенд имате можност повеќе да се запознаете, бидејќи сте постојано во комуникација со својот тим и со менторот, интересно е кога се надополнуваат вашите идеи и градите нешто заедничко. Со учеството на Хакатонот имав можност да видам колку сум научила на Академијата и на што треба да посветам повеќе внимание во иднина. Најдобро се учи на реални проекти и со задоволство би се пријавила во некоја наредна прилика.

 

Ана Георгиевска: Одлично искуство. Ова беше шанса да покажам што се сум научила досега на Академијата, а сепак целиот процес да биде забавен и адреналински затоа што се работеше во само 48 часа. Иако со другите членови на тимот се запознавме токму на овој Хакатон, сепак од самиот старт исто размислувавме и одлично си ги поделивме задачите, што придонесе да не почувствувавме дека работиме туку дека буквално уживаме во процесот. Бевме во постојана комуникација, како меѓусебно, така и со менторката Дијана, која уште на почетокот ни ги даде вистинските насоки за да на крај ја создадеме победничката стратегија. Благодарна сум на Brainster за ова искуство и се надевам дека ќе има уште вакви натпревари, на коишто со задоволство повторно би учествувала.

 

Сања Ѓњатович: Хакатонот би го опишала како 48 часовно дружење со полу-стресни и долги zoom сесии. Добрата хемија во тимот и насоките од менторката Дијана се покажаа како добитна комбинација. Според мене ова е одлична шанса да се покаже и искористи знаењето стекнато на Aкадемијата и преку креирање на целосна маркетинг стратегија да видиме како се функционира “in real life”.

П.С. Може ли да се пријавам и за нареден хакатон?! 🙂 

 

Иван Малиновски: Хакатонот за “Shum” беше едно прејако искуство. За тие 48 часа кои ни беа дадени за работа имавме шанса да покажеме колку многу сме научиле до сега и да добиеме едно многу реално и fun искуство како идни маркетери за тимска и ефикасна работа и комуникација. Процесот беше и многу забавен, со другите членови од тимот иако не се знаевме пред хакатонот од стартот имаше дружба и забава, тоа и самиот процес на работа го направи многу поинтересен и полесен. Добивме и многу помошни насоки од нашиот ментор Дијана, и после ова искуство мислам дека сите кои одлучија да учествуваат на овој хакатонот едвај чекаат да дојде следниот.

 

Наталија Атанасова: Искуството беше одлично. Имавме шанса да работиме на реален проект каде што го применивме целото стекнато знаење и вештини. Бура од идеи, предлози, коментари, одлична дружба, голем напор е сето тоа што го креираше Шум проектит и го доведе до победа. Голема благодарност до сите ментори на Академијата кои на одличен начин ни ги пренесоа нивните вештини и искуства и со задоволство би учествувала на уште еден ваков проект.

 

На Академијaта за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Доколку и ти сакаш да работиш на реални проекти и да учиш од експерти во областа закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки!

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!