Изборот на кариерен пат понекогаш е застрашувачки процес. Не е доволно само да го пронајдете тоа што најмногу се бара во моментот, туку потребна е голема страст кон тоа што сакате да го работите, континуирано учење, следење на новите трендови и случувања во светот и целосен фокус кон развивање на сопствените вештини.

Секој што се одлучил на ваков храбар потег и ја направил посакуваната кариерна трансформација, може да сведочи дека не е сѐ лесно како што изгледа, но успехот што произлегува од секој надминат предизвик е она што ги гради професионалците без разлика на областа.

Една од професиите за кои денес континуирано расте побарувачката на нови кадри е Дигиталниот маркетинг.

Станува збор за возбудлива и креативна професија која што не трпи пасивност, туку постојано бара проактивно да се следат трендовите и промените во светот.

Подолу, издвоивме неколку работи кои што треба да се имаат предвид при одлуката за успешен почеток на кариера во оваа област во 2021:

1. Дигиталниот маркетинг е одличен избор за луѓе кои се одликуваат со одредени карактеристики, односно:

  • Имаат аналитичен ум;
  • Креативноста им е јака страна;
  • Поседуваат problem-solving mindset;
  • Интересно им е да раскажуваат приказни;
  • Поседуваат доволно емпатија за поврзување со публиката.

 

2. Дигиталниот маркетинг е процес на постојано собирање и анализа на информации.

“The world belongs to those who read” – Rick Holland

Ако се гледате себеси како иден дигитален маркетер, читајте повеќе материјали, поставувајте повеќе прашања и слушајте многу внимателно.

Одвојте барем половина час во денот и посветете се на тоа што сакате да го научите. Направете си рутина која што ќе ја следите секој ден и поставете си цели.

Со континуирано читање на артикли, книги, гледање на вебинари и туторијали, можете да научите многу повеќе и да ги надградите сопствените вештини.

 

3. Дигиталниот маркетинг најдобро се учи преку реални проекти

Работата на реални проекти за реални клиенти е одличен начин да се стекнат дигиталните вештини кои му се потребни на еден маркетер со цел да научи да работи и да гради успешни маркетинг стратегии.

Хакатоните се едно поинакво и возбудливо искуство за секој што има шанса да учествува на нив. Идејата на хакатоните е натпреварувачите да ја завршат зададената задача во рок од 48 часа и да го преточат целото знаење во еден проект што ќе го презентираат пред клиент.

Имајќи предвид дека најдобро се учи преку практична работа, на  Академијата за дигитален маркетинг студентите имаат можност да учествуваат на натпревари и хакатони кои што ги организираме заедно со нашите learning партнери.

 

4. Во дигиталниот маркетинг, успехот е во малите победи

“Perfect is the enemy of good” – Voltaire

За успех во дигиталниот маркетинг, важно е да знаете да не  поставувате невозможни цели, туку да се движете напред чекор по чекор. 

Не се плашете да згрешите, бидејќи во маркетингот нема погрешно. Можеби стратегијата која што денес не успеала, во иднина ќе донесе голем успех.

Гордејте се и славете ги сите грешки бидејќи тие ќе ве изградат како карактер и професионалец во своето поле.

 

5. Мора да се почне од некаде

Секој почеток е тежок, но тоа не смее да биде изговор за откажување од тоа што го сакате.  

Преку 23 неделната програма на Академијата за дигитален маркетинг, ја имате можноста да научите како да се справите со предизвиците кои го карактеризираат дигиталниот свет и да се стекнете со најбараните дигитални вештини во моментот.

Тоа ќе ви помогне да започнете нова кариера како дигитален маркетер, да развиете ефикасни стратегии за вашиот бизнис или пак да добиете унапредување во компанијата за која што тековно сте вработени.

Придружете им се на сите оние кои се охрабрија да ја земат кариерата во свои раце и да дојдат до поинтересна и подобро платена работа.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Како до 1.000.000€? 🤫