На Академијата за графички дизајн, студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти кои стануваат дел од нивното портфолио. На овој начин, не само што тие учат како е да се работи во вистинска средина и да се добие вистинско искуство, туку имаат и можност да го покажат целокупното знаење и да ги надградат своите вештини. Како една од најважните работи при работа на реални проекти е комуникацијата помеѓу учесниците и нивната соработка.
Справување со рокови, постојано добивање на повратни информации, работење на реални проекти за реални клиенти, како и развивање на ефективен креативен процес, се неколку од најдобрите начини за подготовка на студентите за почетокот на нивната кариера.
Главната задача на студентите од Академијата за графички дизајн беше креирање на боенка која е наменета за деца од предучилишна и училишна возраст, како дел од кампањата на Стоматолошки факултет, со цел запознавање со важноста на оралното здравје кај оваа таргет група. Освен боенката, студентите креираа и постер дизајни кои ќе се користат на социјалните медиуми и низ самите училишта.
Временската рамка во која беше изработен овој проект опфати 2 недели и 3 менторски консултации со нашиот инструктор Иван Дургутовски. Во текот на изработката и презентацијата на овој проект, студентите имаа неизмерна поддршка и достапност од претставниците на Стоматолошки факултет. Со успешната реализација на овој проект, студентите од Академијата за графички дизајн покажаа дека со многу труд, знаење, желба и амбиција, може да се постигне сѐ.
За соработката, клиентот ни го сподели следново:
“Brainster во својот тим изобилува со мноштво на креативни умови, секој од нив уникатен на свој начин. Со само неколку прецизни и едноставни насоки, успешно и експедитивно создадоа продукти кои ги задоволија нашите потреби од секој аспект!” – Декан, Проф. д-р Ќиро Ивановски, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје
Прочитајте што ни раскажаа студентите за нивното искуство работејќи на овој проект
- Како започна целиот процес на работа?
Децата се како огледало, што и да видат тие веднаш применуваат, па за таа цел, ние уште на самиот почеток направивме истражување и креиравме moodboard за да можеме да започнеме со работа. – Кристина Андоновиќ
- Кои беа барањата од клиентот? Која беше целта што требаше да се постигне?
Во брифот што го добивме од клиентот беше побарано од нас да се изработи боенка за деца на возраст од 7 години до 10 години. Целта на боенката е да се зголеми оралната хигиена уште во раните години и да се отстрани догмата, страв од стоматолог преку интересен и забавен начин со самата боенка. – Атанас Русевски
- Со кои алатки и техники се служевте?
Се служевме со алатките на Adobe Illustrator и Photoshop, ги користевме техниките на цртање илустрации, разиграна типографија, и секако пред сѐ, детскиот весел дизајн. – Мартин Перковиќ
- Од каде ја црпевте инспирацијата за Боенката?
Целата инспирација за овој проект ја црпевме од дечињата кои како таргетна група претходно ги анкетиравме, тие беа на возраст од 7-10 години, исто така не изостана црпењето на инспирација од истражувањето на интернет, се водевме од направениот moodboard, кој го изработивме токму од тоа истражување. – Натали Манго
- Кој беше процесот на изработка на овој проект за да се стигне до финалното решение?
Процесот на изработка на боенката се одвиваше во повеќе фази, така што прво направивме истражување, за потоа добиените резултати да ги реализираме во финален проект. Покрај тоа, до финалното решение стигнавме со голема помош и поддршка од менторот, со тоа што имавме постојана комуникација во однос на напредокот уште од самиот почеток. – Наталиа Ацеска
- Какво е чувството вашите дизајни да бидат избрани со цел да се доближи важноста на оваа тематика кај децата?
Предизвикот да се работи на ваков проект не може да се опише со само едно чувство, туку претставува збир на позитивни чувства, кои се рефлексија од носталгијата на безгрижноста и радоста на детството. Во суштина, тие се најважниот правец за да се насочи креативната енергија, која е важна алатка во воспоставувањето на визуелната комуникација, потенцирајќи ја важноста на стекнувањето на позитивни навики од најрана возраст. – Катерина Ристовска
- Најважната лекција која ја научивте од предавањата?
На секој проект да му пристапуваме сериозно, но автентично и да не се плашиме да размислуваме надвор од границите на брифот. Ова се само дел од многуте работи кои ги научив на Академијата за графички дизајн. – Ана Ристевска
- За искуството како студенти на Академијата за графички дизајн што би ни споделиле?
Навистина имам само пофални зборови да кажам за искуството кое го добив на Академијата за графички дизајн. Пред сѐ, беше интересно, забавно, многу учење и многу дружење. Најмногу ми се допадна можноста што работиме на проекти за клиенти, како овој проект за изработка на боенка за Стоматолошки факултет, кои за нас студентите се од големо значење. – Валериа Атанасовска
Поразговаравме со менторот – Иван Дургутовски, за соработката на овој проект
- Како се одвиваше соработката помеѓу студентите и клиентот додека работевте на овој проект?
Соработката беше одлична од самиот момент на брифирање до финалната реализација. Клиентот несебично пристапи во процесот на работа и даде објективни и релевантни насоки и коментари кои навистина ни помогнаа да го канализираме целокупното искуство. Студентите, од друга страна, покажаа сериозен пристап и професионалност во запазување на рокови и реализација, неуморно работеа и дадоа многу повеќе од „максимум“.
- Ја постигнавте ли посакуваната цел?
Постигнавме многу повеќе од очекуваното. Посветеноста, неуморноста и принципиелниот пристап на студентите донесоа многу повеќе отколку само финален резултат. Секој од нив успеа да изгради и развие концепт од нула, а пред сѐ, секој студент засебно создаде визуелна целина во која доминира нивниот автентичен графички израз и дизајнерски печат. Оригиналноста на создаденото е уште еден мотив плус да продолжиме со активна работа и да создаваме дела кои ќе нѐ одвојат од автоматизираните визуелни концепти.
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа