На Академијата за графички дизајн студентите учат преку работа на реални проекти.
Овој пат, реалниот проект на којшто се работеше е визуелниот идентитет на компанијата VA Engineering – која делува на глобално ниво со главен фокус на земјите во Европа. Оваа компанија нуди и обезбедува висококвалитетни услуги во сферата на градежната индустрија.
Студентите за изработка на овој проект имаа задача да ја одберат типографијата, колор палетата и да дизајнираат лого кое најдобро ќе ја претстави компанијата. Под менторство на инструкторот од нашата Академија за графички дизајн – Александар Нофитоски, на модулот „Лого и визуелен идентитет“, студентите работеа напорно и вложија многу труд за да го направат брендингот на оваа компанија.
Откако ги изработија своите проекти, ги претставија своите финални решенија во една завршна презентација и ги презентираа пред клиентот. Клиентот имаше задача да даде насоки за подобрување и да го одбере најдоброто решение кое ќе го имплементира во своето работење.
Победничкото решение кое беше одбрано од страна на клиентот е изработено од страна на Петар Нича.
Во продолжение прочитајте што ни раскажа Петар за неговото креативно решение и како тој си проаѓа на Академијата за графички дизајн
Здраво Петар, кажи ни нешто повеќе за себе!
Јас сум Петар Нича, 25 годишен Скопјанец и авантурист во душа. Обожавам да патувам, но за жал тоа хоби моментално ми е на пауза, но постои затоа што сакам да запознавам луѓе, нови култури и обичаи. Во слободно време планинарам и спортувам. Исто така, јас сум голем љубител на животни и затоа имам мини-животинско царство дома за кое инсистираше мојата девојка 🙂 . Графичкиот дизајн како отсекогаш да бил дел од мене, па затоа лесно најдов начин да го воведам во моето секојдневие.
Што правеше пред да се запишеш на Академијата за графички дизајн? Од каде произлезе љубовта за оваа професија?
Јас сум моментално студент на Филозофскиот факултет со насока Археологија. Но, дизајнот отсекогаш ми е во срцето и сакам да сум во тек со сѐ што е поврзано со него. Откако се запознав со Академијата на Brainster за графички дизајн и сѐ што нуди таа, без размислување одма направив чекор да се запишам и да почнам. Поседувам голема фантазија и чувство за детали, кои се од голема помош на еден графички дизајнер. Па, така сѐ што правам поврзано со оваа област, го правам со љубов бидејќи ме исполнува до крајност.
Твојот брендинг и лого-дизајн беше победничкото решение за VA Engineering, од каде дојде инспирацијата за ова?
Инспирацијата ја добив благодарение на идејата за pattern. Сакав логото да може да се игра низ pattern за да биде јасно читливо, уникатно и минималистичко. Затоа, всушост моето лого е само една буква дуплирана и превртена која истовремено дава две значања.
Колку време ти беше потребно за изработка на решението и дали мислиш дека истражувањето е голем дел од конечната одлука за како треба да изгледа еден брендинг?
Изработката на брендингот и лого дизајнот навистина беше предизвик бидејќи требаше да се искомбинираат буквите V и А на латиница како едно лого. Во принцип звучи лесно, но ваков тип на лого дизајн преовладува на многу компании низ целиот свет и можам да кажам дека тоа беше главниот предизвик за да се направи едно уникатно, минималистичко лого кое ќе го преставува и истакне нашиот клиент. Според мене истражувањето е многу важно без разлика колку си сигурен во себе и кој е твојот план. За еден дизајн да биде добро сработен му треба детална посветеност и истражување, па затоа овој дел од процедурата е неизбежен.
Кој ти е омилен модул до сега на Академијата и зошто?
Искрено, сите модули што ги нуди Академијата во мене разбудија посебна љубов и љубопитност. Благодарение на професорите и нивното знаење во својата област, јас научив многу работи, но ако би морал да изберам би кажал Logo Design и Layout. Logo design бидејќи сум фан на логоа и го сакам предизвикот на дизајнирање лого, по кое организацијата би била препознатлива. Додека во Layout модулот имавме доста интересни вежби и проекти кои ми оставија впечаток и од кои истовремено научив многу. Но, сепак повторно ќе напоменам дека секој модул сам по себе содржи своја креативност, уникатност, дружба и стекнато знаење.
Што би им порачал на оние кои сакаат да направат ваков чекор во кариерата и да почнат да учат графички дизајн?
Би им порачал да се подготват за експлозија од идеи и искинати листови околу бирото. Исто така и да не се обесхрабруваат кога нема да имаат идеја за дизајн затоа што таа доаѓа во моментот кога скролаш на Нетфликс, го шеташ кучето или уживаш во утринското кафе т.е. out of nowhere. Така да, единствено што останува е нивната реализација и максимална посветеност за успешен дизајн.
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Останато е уште едно слободно место во последната група од овој уписен рок.