Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 9 моменти што се случија на нашата Академија за Front-End програмирање во 2023 година:
- Запишани 180 студенти, оформени 6 групи
Оваа година на Академијата за Front-End програмирање се запишаа 180 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 13, 14, 15, 16, 17 и 18 на Академијата за Front-End програмирање.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите
Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите на Академијата за Front-End програмирање. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на групите коишто ја комплетираа програмата.
- Откриј како е да се биде Front-End програмер!
Во овaa блог објава, си поразговаравме со Анета Димоска, алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, како и Front-End програмер вo tech тимот на Brainster, за тоа како изгледа еден ден во животот на Front-End програмер. Дознај повеќе!
- AirCare хакатон 1 & 2: Платформа за пријавување загадување во Скопје
Вкупно 250 студенти од академиите на Brainster, како и од Brainster Next College, на двата AirCare хакатона ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување на загадување на воздухот во Скопје. На двата 48-часовни хакатони во живо, кои воедно важат за најголеми во регионот, во соработка со стартапот Air Care (Мој Воздух) создадоа платформа која во иднина ќе ја користат граѓаните. Апликацијата ќе овозможи следење и пријавување на загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје. Дознај повеќе како си поминавме на хакатонот и што ни раскажа победничкиот тим!
- Изработка на иновативна едукативна веб-платформа
Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин… Ова се зборовите со кои студентите од Brainster академиите и Brainster Next College го опишаа live хакатонот што се случуваше во нашите канцеларии. 140 студенти и инструктори работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која на иновативен начин ќе го автоматизира процесот на организирање на настани, слични на хакатоните, за клиентот SCIDEV Albania. Дознај повеќе!
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Мартин Чубриноски, Леонардо Марковски, Емир Адеми, Виктор Тодоровски, Мартин Стојановски, Стефанија Ѓурковска, Вангел Ангов и Марјан Петрушевски кои по завршувањето на нашата програма за Front-End програмирање ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Што сè можеш да работиш ако знаеш Front-End програмирање?
Како што технологијата продолжува да напредува така професионалците на front-end позициите ќе играат клучна улога во обезбедувањето на беспрекорни и привлечни кориснички искуства. Во оваа блог објава, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера во светот на Front-End програмирањето. Дознај повеќе!
- Добра организација и континуирана посветеност се формула за успех
Во оваа блог објава, си поразговаравме со Павел Петрушевски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој покажа најдобри перформанси за време на предавањата и се вработи како Front-End Developer во компанијата Melon, part of Kin + Carta, а воедно е и дел од инструкторскиот тим на Академијата за Front-End програмирање. Дознај повеќе!
- 7 работи кои ги научивме од предавањето за програмирање со Магдалена
Како AI влијае на tech индустријата, во која насока се движи пазарот за Full-stack и Front-end девелопери и кои се најпопуларните tech трендови? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Магдалена Силјаноска Спинола – инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме 7-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!
Време е за твојата нова кариера, во новата ера на Front-End програмирање!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.