Нов месец – нови достигнувања! 🍉

Летниот период нуди идеална шанса за нов почеток, претставувајќи различни можности за раст и развој.

Доколку сакаш да научиш нови релевантни вештини или да ја направиш долгопосакуваната промена на кариерата, искористи го летниот период најпродуктивно што можеш.

Со достапноста на online учењето, во летните месеци имаш можност да го искористиш слободното време и за учење, но и за релаксација. 

Новостите од месец јуни се однесуваат на подобрување на искуството на студентите, реалните проекти на кои тие работеа и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

 

  • Победници на најголемиот Brainster Live Хакатон за SCiDEV

140 студенти од Академиите за Front-End програмирање, Full-Stack програмирање, Software Testing, UX/UI дизајн, Project & Product менаџмент, како и студенти од Brainster Next College, имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и во рок од 48 часа да имаат финално решение. На овој Хакатон, студентите посветено работеа на изработка на иновативна едукативна веб платформа за автоматизирано организирање на настани за клиентот Scidev. Дознај повеќе!

 

 

  • Победници на Brainster Live Хакатонот за IFES

100 студенти од Академиите за дигитален маркетинг, графички дизајн, UX/UI дизајн, Project & Product менаџмент имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и во рок од 48 часа да имаат финално решение. На овој Хакатон, студентите посветено работеа на изработка на веб и мобилна апликација наменета за едукација на младите во полето на заштита на лични податоци и користење на податоци онлајн, во партнерство со IFES North Macedonia. Дознај повеќе!

 

 

  • Победници на Хакатонот на Академијата за Software Testing

Со цел да го подобриме искуството на студентите од Академијата за Software Testing, организиравме хакатон на кој тие имаа можност да ги искористат новостекнатите знаења и вештини, како и да испорачаат решение за 48 часа. На овој Хакатон учествуваа вкупно 26 учесници кои беа поделени во 13 парови, а проектот којшто се тестираше е веб-платформата Brainster Labs. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение од Хакатонот за April22

Со цел да го подобриме искуството на студентите, организиравме 48 часовен Хакатон којшто претставуваше cross-academy соработка и ги сплоти знаењата и вештините на студентите од Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн. Проектот на којшто се работеше овој Хакатон беше маркетинг стратегија и креирање објави за социјални медиуми за клиентот April22. Дознај повеќе!

 

 

  • Академија за графички дизајн – Завршен проект: Абилити

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да креираат лого и бренд идентитет за клиентот Центар за поддршка на семејства на деца со попреченост. Дознај повеќе!

 

 

  • Креативно решение за Извор

Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да креираат лого и визуелен идентитет за Извор. Дознај повеќе!

 

 

  • Постер дизајн за Skopje Cinema City

Студентите од Академијата за графички дизајн имаа нов предизвик – да креираат постер дизајни за клиентот Skopje Cinema City – Фестивал на музички документарни филмови. Дознај повеќе! 

 

 

  • Победнички постер дизајн за МКЦ

Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Постер Дизајн“ и да направат дизајн решенија преку кои ќе ја раскажат приказната на Младински Културен Центар. Дознај повеќе!

 

 

  • Нов реален проект на Академијата за дигитален маркетинг

Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да работат на реален проект за реален клиент и да креираат content marketing стратегии за REDI-Shutka Mall. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение за Herbalife

Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да работат на реален проект за реален клиент и да креираат Landing Page за клиентот Herbalife. Дознај повеќе!

 

 

  • 7 придобивки од online учење

Појавата на дигиталните технологии предизвика значителна трансформација на начинот на кој учиме и се едуцираме. Со појавувањето на платформи за online учење се трансформираше и образованието и притоа се отворија многу можности за студентите без разлика на географската локација, на фазата од кариерата или личните обврски. Дознај повеќе!

 

 

  • 10 совети за успешно учење во различни временски зони

Учењето во различни временски зони може да претставува предизвик и бара ефективно планирање и дисциплина. Со одлучност, дисциплина и позитивен начин на размислување, можеш да успееш во комплетирање на програмата, без оглед на временската зона во која се наоѓаш. Дознај повеќе!

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Филип Мицковски, Људмила Коруновска, Сања Боцеска, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

 

  •  Запознај ги инструкторите

Со огромно задоволство ја најавуваме Сандра Бенбоу, како зајакнување на нашиот тим од инструктори на новата Академијата за лидерство и менаџмент, во чиишто рамки таа ќе го предава модулот за дигитална и организациска трансформација. Дознај повеќе!

 

 

  • Запознај го тимот на Brainster!

Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Во овие блог објави, ќе ги запознаеш:

 

 

  • Запознај ги студентите

Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ти ги претставиме нашите нови студенти и нивните први впечатоци од Академиите. Прочитај повеќе за:

 

До следниот месец! 🌞

Тимот на Brainster 

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!