Запознај ја Кристина Маринковска – студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање, која отсекогаш сакала да научи да програмира и реши да си го оствари својот сон.

 

Име и презиме: Kристина Маринковска

Академија: Академија за Full-Stack програмирање

По професија сум: Студент

Од првиот час на Академијата паметам: Ги паметам возбудата и нетрпеливоста за продолжување понатаму.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Да научам да програмирам и да работам со код и да го следам сонот по кој отсекогаш сум мечтаела.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Секогаш сум била фасцинирана од начинот на кој што Web Development-ot функционира. Да бидете спремни и способни да се соочите со создавање и креирање на една Web страница или апликација е нешто драгоцено и незаменливо!

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: JavaScript, и работата на реалните проекти.

После предавањата секогаш: Поминувам време реализирајќи ги предизвиците за неделата што следи, прегледувајќи го поминатиот материјал.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Временскиот период и начинот на снаоѓање и соочување со самите предизвици што доаѓаат во текот на Академијата.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Стекнување на различни знаења, запознавање на нови луѓе, дружби и тимска работа.

Оваа област за мене значи: Шанса за кариерен раст и развој.

Во слободно време: Обожавам да читам книги, да погледнам некое интересно видео во врска со кодирање.

Сакам да читам: Романи и информативни книги.

Сакам да гледам: Фантастични, авантуристички филмови и серии.

Омилен цитат: Умот кој се проширил со нови искуства никогаш нема да се врати на својата стара димензија.“

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full-Stack програмирање.

На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!